Клучниот документ за добивање лиценца, кој се однесува на исполнувањето на техничките услови на еден објект, како излези, заштита од пожари, вентилација и сѐ останато, го пополнува самиот барател. Апсурдот е во тоа што никој не проверува на терен, пред да ја добие лиценцата, дали изјавата му е вистинита. За точноста на податоците, едноставно одговара со даден збор под полна материјална и кривична одговорност. Единственот документ на барателот кој му зависи од „друг“ е согласност од МВР дека неговиот објект ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот. Но, и тука се нашла дупка. Министерот Тошковски денеска директно обвини дека полицајци изготвувале вакви позитивни мислења, иако не биле исполнети условите за такво нешто.
Уште во членот 6 од Законот, кој се однесува на сите угостителски објекти, е пропишано дека мора „да бидат исполнети пропишаните минимално-технички услови“. А покрај тоа, мора да бидат исполнети и следниве услови. За кабареата и ноќните клубови има уште една одредба – дека освен исполнувањето на минималните технички услови, треба согласност од МВР за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот. Што се подразбира под „пропишани минимално-технички услови“, во Законот за угостителство не пишува. За тоа има посебен подзаконски акт. Клучен е, сепак, членот 21. Таму пишува кои документи му се потребни на еден бизнисмен, ако сака да побара лиценца за кабаре. Прво што треба да направи угостителот е да поднесе барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок до Министерството за економија и труд. За кабаре, цената се движи од 2 500 до 5 000 евра. Кон барањето се доставуваат и: Решение за упис во трговскиот регистар; Одлука за определување на висината на надоместок (којшто го определува општината); Пријава за исполнување минимално-технички услови за вршење угосителска дејност;
Согласност од МВР за услови за заштита на јавен ред и мир и безбедност во сообраќајот и
Доказ за платена административна такса. Целата сторија на https://360stepeni.mk/kako-so-izjava-vo-koja-sam-tvrdish-deka-gi-ispolnuvash-uslovite-dobivash-litsentsa-za-kabare/