10.8 C
Скопје
03/12/2024 15:44
МАКТЕЛ

 

Камала Харис: Од надарена правничка до трка за Белата куќа

     

Камала Харис (60) би можела да стане првата жена на чело на Соединетите Американски Држави (САД). Но, таа веќе влезе во историјата како првата црнкинка и воопшто прва жена на функцијата потпретседателка, по победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година. Пред да се впушти во политичките води, работела во окружните обвинителства и два пати е избрана за државен обвинител на Калифорнија. Во 2017 година стана сенаторка, а во трката за претседателската функција се најде поради уникатни околности. Харис е втора жена кандидат за претседател на Демократската партија која ќе се соочи со Доналд Трамп. Хилари Клинтон ја загуби претседателската трка во 2016 година.

 

Интересни факти

  

– Доцен почетокот на претседателската кампања

Под притисок на многумина од Демократската партија и дел од финансиерите, Бајден во јули се откажа од кандидатурата за уште еден мандат и ја поддржа својата заменичка. Кампањата, која вклучува и борба меѓу колеги внатре во партијата за избор на претседателски кандидат, обично трае од 12 до 18 месеци, а Харис, поради невообичаените околности, имаше на располагање помалку од четири месеци.

Kамала Харис и Бјонсе

– За химна на кампањата ја избра песната на Бијонсе „Freedom“ (Слобода).

Тоа е збор кој ја карактеризира нејзината кандидатура. Нејзиното главно ветување е дека ќе обезбеди еднакви можности за вработените луѓе преку економски просперитет и сеопфатен пристап до родителско отсуство и грижа за деца. „Во текот на целата моја кариера имав само еден клиент – народот“, изјави таа еднаш.

Харис се залага за репродуктивната слобода на жените, бидејќи некои држави ги ограничуваат правата за абортус. Исто така, поддржува избирачки права и безбедно опкружување без насилство од оружје, иако самата поседува оружје.

Нејзините критичари прашуваат зошто досега не презела нешто во поглед на нејзините ветувања како член на сегашната администрација, а некои ја осудуваат и поради ставот за нелегалната имиграција.

– Го запознала сопругот на состанок на слепо и се омажила на 48 години

Состанокот на слепо на Харис и адвокатот Даг Емхоф го договорил негов клиент, инаку заеднички пријател. Се венчаа во 2014 година и Харис стана маќеа на неговите деца Кол и Ела, кои тогаш беа тинејџери.

„Нашето семејно време е неделната вечера“, изјави таа за модниот магазин „Ел“ (Elle). „Кол ја поставува масата и ја избира музиката, Ела прави прекрасни десерти, Даг е главниот во кујната, а јас готвам“.

Како Камала Харис се најде во политиката

Камала Харис влезе во историјата на претседателските избори во 2020 година како првата цркинка, првата азиска Американка и првата жена на функцијата потпретседател на САД.

Во ноември 2021 година, таа беше вршител на должноста претседател 85 минути додека Бајден беше под анестезија заради лекарски преглед.

По петгодишното школување во Монтреал, Канада, каде што работеше нејзината мајка, Харис се запиша на Универзитетот Хауард во Вашингтон, кој претежно го посетуваат Афроамериканци.

Токму за време на студиите се заинтересирала за политиката, особено за темите на апартхејдот во Јужна Африка и расните односи во Америка.

Подоцна дипломирала на Правниот факултет во Сан Франциско при Универзитетот во Калифорнија и кариерата ја започнала во канцеларијата на окружниот јавен обвинител на Аламеда. Брзо напредувала и во 2010 година е избрана за државен обвинител на Калифорнија.

По реизборот ја напушти функцијата во 2017 година за да ја претставува Калифорнија во Сенатот, горниот дом на американскиот Конгрес. Во 2020 година Харис беше една од номинираните за претседателски кандидат на Демократската партија, но се повлече во раната изборна фаза.

Меѓутоа, по добивањето на поддршката од партиските колеги, Бајден ја одбра Харис да биде негова кандидатка за потпретседател. „Камала е паметна, цврста, искусна, докажан борец“, изјави тогаш Бајден. Заедно го победија тогашниот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Харис и Бајден

Идентитетот на Камала Харис како жена и личност која не е белец можеби одигра важна улога во нивната победа, бидејќи добија поддршка од 90 отсто од Афроамериканките што гласаа.

Корените на Камала Харис

Родена е во Оукланд, во сојузната држава Калифорнија. Нејзината мајка, Шјамала Гопалан Харис, биомедицинска научничка и активистка за граѓански права, и таткото Доналд Харис, роден на Јамајка, се развеле кога таа имала пет години.

По разводот, за неа и за нејзината помлада сестра Маја претежно се грижела мајката. Шјамала ги учела ќерките за нивното индиско наследство, но истовремено ги носела во центарот за афроамериканска култура, каде што младата Камала била инспирирана од политичарката Ширли Чизолм и пејачката Нина Симон.

„Мајка ми знаеше дека нејзината нова татковина ќе гледа на Маја и на мене како на црни девојчиња и беше решена да прераснеме во самоуверени, горди цркинки“, пишува таа во нејзината автобиографија „Вистините што ги држиме“. Додава дека никогаш немала проблем со својот идентитет и едноставно се опишува како „Американка“.

Харис често говори за лекциите што ги научила од мајка си, за која вели дека е „најважната личност“ во нејзиниот живот. „Беше цврста, храбра, пионерка во борбата за здравјето на жените.

„Не научи никогаш да не се жалиме на неправдата, туку да преземеме нешто“.

Благодарение на нејзиното мешано потекло и начинот на воспитување, лесно воспоставува однос со многу Американци.

Во деловите на земјата каде што се случуваат брзи демографски промени, кои се доволни за да ја сменат политиката на регионот, Камала е симбол на амбицијата. Тоа многумина го забележале уште за време на студиите. Лита Росарио Ричардсон ја запознала Камала Харис на Универзитетот Хауард во 1980-тите, на студентски собири, каде што се дружеле и разговарале за политика, мода и разменувале трачеви.

„Забележав дека има изострена смисла за аргументација“, вели таа. Нив две ги поврзала способноста за енергична расправа со републиканците на факултет, растењето со самохрани мајки, па дури и фактот дека двете се Ваги во хороскопот. Тоа било време кога политички се обликувале.

Камала Харис млада

„Тогаш претседател беше (Роналд) Реган, беше време на апартхејдот и многу се зборуваше за празникот на Мартин Лутер Кинг“, вели Росарио Ричардсон. „Знаеме дека, имајќи предвид дека сме потомци на поробени луѓе и обоени луѓе кои биле колонизирани, имаме посебна улога и дека образованието ни дава посебен положба во општеството, бидејќи треба да помогнеме да се спроведат промени“, објаснува таа.

А Харис, како што вели нејзината пријателка Росарио Ричардсон, покажала вештини кои ѝ овозможиле да биде една од ретките жени кои ги пробиле бариерите. „Она што ме привлече да ја убедам да се приклучи на дебатниот тим [на Универзитетот Хауард] е нејзината неустрашивост“.

Како Камала стана „Мамала”

За модното списание „Ел“ во 2019 година, таа напиша статија за тоа како е да се биде маќеа и откри како го добила прекарот кој често се користи во медиумите од тогаш. „Кога јас и Даг се венчавме, Кол, Ела и јас се согласивме дека не ни се допаѓа изразот „маќеа“, па тие го смислија името „Мамала“ (Momala – од англиски „mom“, што значи „мама“).

Даг, Кол и Ела заедно излегоа на сцената на Демократската конвенција во 2024 година за да ја прослават номинацијата на Харис и нивното „големо, прекрасно мешано семејство“.

Камала Харис конвенција

Нејзината сестра Маја и нејзината ќерка Мина, како и двете внуки, исто така се појавија во Чикаго.

Мнозина тврдат дека Харис е наследничка на генерации црни активистки. Надија Браун, доцентка по политички науки и афроамерикански студии на Универзитетот Пердју во Индијана, изјави за Би-Би-Си дека Харис чекори по стапките на активистки како Фани Лу Хамер, Ела Бејкер и Септима Кларк.

„Таа е наследничка на традицијата на движењата на локалните граѓани, избраните функционери и неуспешните кандидати кои го трасираа овој пат до Белата куќа“, смета Браун.

 

Најново

Противпожарната служба на Грција примила речиси 4.000 повици за помош поради невремето „Бора“

Sase Ivanovski

САД испраќаат 725 милиони долари воена помош за Украина

Sase Ivanovski

Протестен марш во Скопје поради загадениот воздух

Sase Ivanovski

Муцунски пред европратениците: Една партија не може да прифати дека е во опозиција

Sase Ivanovski

Ова се 10-те најбогати луѓе во светот: Бил Гејтс испадна од листата

Sase Ivanovski

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности

Sase Ivanovski

Елтон Џон го загубил видот – без помош не може да оди на проби и да настапува

Sase Ivanovski

(Германски медиуми) Експлозија на Косово: „Подготовка на теренот“

Sase Ivanovski

Од полноќ промена на цената на горивата – ова се новите цени

Sase Ivanovski

Просветна инспекција влегува на Универзитетот за туризам за да го провери студентското досие на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Sase Ivanovski

Неполни две години по ампутацијата на двете нозе, Златко Ѓоргиев успешно го заврши маратонот во Базел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Ставот на Филипче дека никогаш нема да се откаже од Заев, покажува дека тој е само негов потрчко на чело на СДС

Sase Ivanovski

Лефков: Нема причина за лидерска за проблеми кои СДС и ДУИ ги произведуваат, ако мислат дека лидерска средба ќе го направи Филипче лидер и нив ќе ги факторизира се лажат

Sase Ivanovski

Филипче за Меѓународниот Ден на лица со попреченост: Темелна вредност на социјалдемократијата е грижата за сите

Sase Ivanovski

Герасимовски за МИА: Во сите центарски училишта поставуваме пристапни рампи за лицата со попречености

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митева: Економската и политичката стабилност на Владата дава резултати, Македонија за 2024 година бележи рекорден прилив од странски директни инвестиции со можност да достигнат 1 милијарда евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски сака да го партизира судството побрутално од времето на Груевски

Sase Ivanovski

(ФОТО) Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите

Sase Ivanovski

(Видео) Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Трета стручна дебата за измени и дополнувања на Законот за Судски совет

Sase Ivanovski

Гаши-Меѓународен ден на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Пренџов: Секој што направил нешто спротивно на закон ќе одговара, тоа е демократија и правна држава

Sase Ivanovski

Герасимовски: Сензорни соби во 5 училишта, ангажиравме 50 лични асистенти, бесплатен паркинг за лицата со општетен слух

Sase Ivanovski

(ФОТО) МОН: Децата ни се најважни, инклузијата ја приближуваме до нивните потреби

Sase Ivanovski

МВР: Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

МВР: Лишен од слобода крадец во Тетово

Sase Ivanovski

МВР: Приведен бегалец од затвор

Sase Ivanovski

Министерот Муртезани го потпиша Договорот за Инструментот за реформи и раст

Sase Ivanovski

Филипче: Мицкоски нема да ја промени преговарачка рамка со што докажа дека СДСМ го заштитила македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Од „Нема правда, нема мир“ на СДС до целосен колапс и блиску нула доверба во правосудниот систем, Коцевски и ЈО да почнат да работат и да постапуваат по закон

Sase Ivanovski

Филипче: Заканите кон судиите и обвинителите ја загрозуваат независноста на правосудниот систем

Sase Ivanovski

Филипче: Ветувањата на власта за инфраструктурни проекти од 250 милиони евра во општините се голема лага

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Бесплатниот транспорт до болница за лицата со попречености искористен 197 пати

Sase Ivanovski

(ФОТО) Спречено криумчарење на масло од црно семе, фиберскопи, делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки

Sase Ivanovski

Шукова: Потребна е лидерска средба, политиките на поделба мора да престанат – носат долгорочни штети за граѓаните

Sase Ivanovski

МВР: Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

МВР: Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти

Sase Ivanovski

Дарежлив Вторник по трет пат во нашата земја

Sase Ivanovski

“БИСТРО – МАТНО” БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈА за месец Ноември 2024 година

Sase Ivanovski

Филипче: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ се враќа – судството, безбедноста, институциите под партиска контрола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

Sase Ivanovski

Филипче: ДУИ ја злоупотреби нашата поддршка – научивме од грешките

Sase Ivanovski

Филипче: Безбедносните структури стануваат партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Поткомитет за истраги за пандемии на Претставничкиот дом: Ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан

Sase Ivanovski

Сандерс: Израел врши „етничко чистење“ во Газа

Sase Ivanovski

Мицкоски на работна вечера со новиот претседател на Европскиот совет и лидерите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Захарова: На Зеленски не му требаат граѓаните на Украина

Sase Ivanovski

Момче го изгуби видот поради петарда

Sase Ivanovski

Шефовите на дипломатии на НАТО членките ќе разговараат за војната во Украина и руските хибридни напади

Sase Ivanovski

Мицотакис: Време е да се донесат клучни одлуки за ЕУ

Sase Ivanovski

Скопјанец подметна пожар во Адвокатската комора, предизвика штета од 150.000 евра, па побегна од државава

Sase Ivanovski

МИЛИЈАДЕРКА ОД ВИЕТНАМ ОД ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КОРУПЦИСКИ АФЕРИ ЧЕКА ПРЕСУДА: „АКО НЕ ГИ ВРАТИ 9 МИЉАРДИ ДОЛАРИ ЌЕ ОДИ НА СМРТНА КАЗНА“

Sase Ivanovski

ЕСКАЛАЦИЈА ВО ФОЛКСВАГЕН: ПОЧНАА ШТРАЈКОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛАС НА АМЕРИКА: Снимките од дрон покажуваат голема штета, по поплавите на бурата Бора, на грчкиот остров Родос

Sase Ivanovski

📽️ ШОН ПЕН НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ СО ДЕВОЈКАТА КОЈА Е ПОМЛАДА ОД НЕГОВАТА ЌЕРКА Холивудската ѕвезда по три разводи е повторно вљубен во 34 години помладата актерка

Sase Ivanovski

6.000 полицајци и жандарми ќе ја обезбедуваат церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз

Sase Ivanovski

Зошто Мицкоски не зборува за ревизија на работењето на неговите градоначалници, прашува Филипче

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ги враќа амбасадорите од Брисел, Лондон, Шведска, ОН во Виена, Прага, Сараево, Софија и Подгорица – не се по меракот на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Два дена завеани во снег и заборавени: Голгота на жителите на Никифорово

Sase Ivanovski

Трамп се закани: „Ќе има многу големи проблеми на Блискиот Исток ако не бидат ослободени заложниците

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НАЈУБАВИТЕ РЕСТОРАНИ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

АА: КУМАНОВО ПОВТОРНО Е ИЗБРАНО ЗА АРЕНА ЗА ОПАСНИ СЦЕНАРИЈА

Sase Ivanovski

Незаборавни дела од легендарните уметници Ашик Вејсел и Зеки Мурен оживуваат на Балканот преку џез интерпретации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРИЈА НАПРАВИ ПИЦА ОД МАГАРЕШКИ КАШКАВАЛ И ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ВО ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

ВИНСКА СОБА: Во срцето на Овче Поле, каде што сонцето несебично ја излева својата енергија на лозовите насади, а земјата раскажува древни приказни, се роди нова ѕвезда на македонското винско небо – @ilievskiwinery Илиевски винарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАШИОТ СИМОН ТРПЧЕВСКИ НАСТАПИ ВО СОЛУН ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА НОВОТО МЕТРО, ДОБИ ОВАЦИИ ОД СОЛУНЧАНИ

Sase Ivanovski

ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ СЕЛА ТРЕТ ДЕН СЕ БЕЗ СТРУЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Од 1 јануари ќе има нов ценовник за електричната енергија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ1МК: Младиот гостиварец Анди Исмаили стана светски шампион во модерен танц, обвиткан со македонското знаме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МУЦУНСКИ: Во своето обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, нагласив дека македонскиот народ низ историјата поминал низ бројни предизвици и жртви на патот кон европската интеграција, но останал непокорен, со непоколеблива надеж и силна верба во подобра иднина

Sase Ivanovski

СИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ НИ ДАРИ МУЗИЧКА МАГИЈА И ПРАЗНИЧНА ЕУФОРИЈА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали анкетен лист без пријавени приходи значи целосно деклариран имот

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: НА ПРИРЕДБА ВО ЧЕЛОПЕК ДЕЦА НОСЕА АМБЛЕМИ НА УЧК, МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА: ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОРАТ НА ТЕРЕН, ЌЕ УТВРДУВА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

САД ЈА ТАРГЕТИРАА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЧИПОВИ НА КИНА СО НОВИ ИЗВОЗНИ ОГРАНИЧУВАЊА

Sase Ivanovski

Во текстилниот сектор за 14% е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи

Sase Ivanovski

Коњановски и советници од Битола се возеа со гондола на Златибор, црпат искуства за Пелистер

Sase Ivanovski

„Градски паркинг“ повеќе не е кираџија, ќе се смести во катната гаража „Беко“

Sase Ivanovski

Нов инцидент со пукање во Чаир, повеќемина се ранети

Sase Ivanovski
Вчитувам....