Извештајот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации ги разгледа шесте израелски напади во Газа во 2024 година во контекст на можноста тие да се сметаат за злосторства против човештвото.
„Извештајот заклучува дека серијата израелски напади укажува на тоа дека израелската војска можеби во неколку наврати ги прекршила основните принципи на правилата за војување“, рече портпаролот на ОН за човекови права Џереми Лоренс.
Во врска со ова, тој забележува дека незаконското таргетирање кога е извршено како дел од широк или систематски напад врз цивилно население, во согласност со државната или организациската политика, исто така може да имплицира извршување на злосторства против човештвото. Претходно во јуни, Канцеларијата за човекови права на ОН ги наведе можните воени злосторства од страна на израелските сили и палестинските вооружени во смртоносниот напад во кој беа ослободени четворица заложници и убиени стотици Палестинци.