Станува збор за апликација која подолго време била нефункционална и надвор од употреба. Новата апликација e достапна преку веб-страницата на Агенцијата во делот „Увид во статус на предметот“. За користење, потребно е да се внесе кодот од потврдата за прием на барањето, по што ќе се прикажат основните податоци за типот на барањето и неговиот моментален статус, со ажурирање во рок од најмногу 1 час. – Ова е ново поглавје во нашата дигитална трансформација. Со оваа апликација не само што сме во чекор со технолошките трендови, туку го забрзуваме темпото кон целосна модернизација на институцијата. Ги охрабрувам сите заинтересирани да ја користат апликацијата и со внесување на кодот од потврдите за барањата да го проверат статусот на предметите, додаде директорот Живковски.

   

Линк до апликацијата: http://status.katastar.gov.mk:8080/status-work/Login.jsp