Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР агенции во Македонија – Елемент ПР, ексклузивно во „Бизнис муабети“, подкаст кој се емитува денес на Јутјујб каналот на Фактор, разговараше за повеќе интересни теми и откри детали од тоа како успеала и како ја создава една од најголемите ПР агенции во Македонија.
„Јас од бизнис знаев нула. Уште на работа им велам дека мене пари и документи не ми се даваат. Парите ќе ги потрошам документите ќе ги изгубам. Многу сум неодговорна за сптвени работи. Кога почнав во тој период реков ќе пробам па ако не успеам не успеам. Издржав три претешки години за мене. Во секој бизнис првите години се најтешки, кога отвараш бизнис а немаш грб“ раскажува таа за почетоците.
Лопарски откри и со колку пари почнала да го работи ПР бизнисот.
Иванов: Со колку пари почнавте?
Лопарски: Со нула, со позајмени пари. Тогаш на времето беше многу тешко.
Иванов: Денес?
Лопарски: Денес ми е полесно, не треба да се грижам на први како ќе дадам плата.
На прашањето на колку луѓе дава плата, таа одговара на 15 со се неа и додава дека Елемент ПР е една од најголемите ПР компании.
Таа откри и колку пари се вртат во овој бизнис. На прашањето на нашиот новинар колку пари се вртат во овој бизнис, Лопарски најпрво вели дека не знае, но потоа, кога Иванов ја прашува генерално во бизнисот колку пари се печалат само од ПР вели дека има фирми во ПР бизнисот што имаат и над два милиони евра обрт, односно само за ПР услуги.
Откри и дека почнала со позајмени пари и дека и било многу тешко, но додава дека денес и е полесно затоа што не мора да мисли како ќе даде плата на 15 вработени во нејзината ПР агенција.
Таа даде одговор и на вечното прашање, дали во Македонија има милијардери. Лопарски вели дека има, но оти не сакаат да зборуваат затоа што ние сме земја што минала низ транзиција, а народот веднаш мисли дека ако некој има пари, мора да правел нешто зад кулиси.