Порталот Нова.рс објави дека во местото Хоргош биле забележани празни автобуси, а се претпоставува дека ќе се користат за превоз на мигранти.Како што јави Танјуг, полицијата спроведува акција и во Белград. Пред Економскиот факултет се гледаат два полициски комбиња, додека во паркот пред таа институција, кој од 2015 година е често собиралиште на мигрантите, има неколку десетици од нив, опколени од полицијата.