Ќе се истражуваат 20 шеми за субвенционирање од целиот 27-член блок, особено оние од Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Финска, Италија, Ирска и Романија.
Од наведените земји, Ирска е убедливо најголем извозник на млечни производи во Кина, а минатата година на таа азиска земја и продаде стока во вредност од 461 милион долари. ЕУ лани извезла млечни производи во Кина во вредност од 1,7 милијарди евра, што е намалување во однос на 2 милијарди евра во 2022 година. Вчера ЕУ ги ревидираше предложените казнени тарифи за увоз на кинески електрични возила од првично планираните 37,6 на 36,3 отсто, но и покрај молбите на Пекинг, тој не се откажа од нив. Кинеското Министерство за трговија вети дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на кинеските компании.