Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби денеска ги демантираше наводите дека Украина со помош на ракетите АТАКМС би можела да уништи руски воени авиони кои се користат при напади на украинска територија, а се наоѓаат во бази внатре во руска територија. „Мислам дека е важно да се забележи дека 90 отсто од авионите што Русија ги користи за наведувани бомби и удари со долг дострел лежат надвор од областа од 300 километри од украинската граница, длабоко во руска територија“, рече тој на брифингот.
Кирби појасни дека мислењето дека украинските сили би можеле да погодат оддалечени руски бази со помош на ракетите АТАКМС е „погрешно“, пренесува ВОА. Тој, исто така, истакна дека САД не ја промениле својата одлука да не му дозволат на Киев да користи американско оружје за далечни напади на руска територија, додавајќи дека Вашингтон продолжува да работи на зајакнување на одбраната на украинскиот воздушен простор. Портпаролот оцени дека одбранбената способност на Украина е клучна за зачувување на енергетската инфраструктура во зимските месеци.