На 9 ноември 2022 година, извршната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Фани Каранфилова-Пановска потпиша договори за соработка со градоначалниците на општините Делчево, Валандово, Чучер Сандево и Центар Жупа.
Со потпишувањето на овие договори Фондацијата Отворено општество – Македонија се обврза преку избран економски оператор да инсталира фотоволтаични соларни системи на пет училишни објекти, а општините се обврзаа да го преземат одржувањето на инсталираните системи, со што ќе бидат задоволени потребите за електрична енергија на овие училишта во кои настава посетуваат вкупно 1300 ученици.