-1.2 C
Скопје
10/12/2023 03:09
МАКТЕЛ

      

Ковачевски – Бун: Француската Република е со Северна Македонија и во следните етапи за остварување на европската цел

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со државна секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун, по што е одржана и заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата, како и на средбата е испратена пораката дека денешната посета на државната секретарка за Европа Лоранс Бун, е за да се покаже доследност во пријателството помеѓу Француската Република и Северна Македонија, по европскиот договор, со што се отворени европските перспективи за нашата држава и да се манифестира јасна поддршка за европските перспективи на нашата држава. Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Француската Република, значајно за демократскиот и европскиот развој на нашата држава.

 

   

Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата оцени дека „Француското претседателство во ЕУ беше клучно на нашиот европски пат“ и дека Република Северна Македонија продолжува да работи на остварувањето на оваа државна стратешка цел. Во продолжение Ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Ковачевски на прес-конференцијата:

 

„Драго ми е што денес, со г-ѓа Бун, разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за потпишаниот Договор со ФРОНТЕКС, за конкретни реформи, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина.  Разликата е огромна и видлива. На 19 јули ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција. На 15 септември започна скрининг процесот. На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти.

   

     

Ова се три датуми кои остануваат врежани во македонската историја како денови кога ние добивме целосна потврда за нашите заложби за европска иднина и кога добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици на Европската Унија.  Започнато е ново поглавје во нашиот европски пат, на кој треба да се случат и понатамошните реформи и трансформацијата на општеството со што ќе ја оствариме нашата стратешка цел – а тоа е полноправното членство во ЕУ.

Оваа Влада, донесе многу тешки одлуки, но со тоа покажа визија, лидерство и храброст. Отворањето на преговорите реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност, идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Северна Македонија.  Процесот на преговори беше мачен и тежок, знаете и самите, но фактот дека ние од тој процес излеговме како земја која успеала да се избори за своите позиции и да остане доследна на она кое го има зацртано, она на кое нѐ обврзаа граѓаните преку Собранието, ме прави навистина горд.

Успеавме да се избориме за заштита на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, се изборивме за историските прашања да разговараат експерти, а не политичари и успеавме да ги одблокираме сите процеси кои нѐ кочеа толку долго време. Успеавме конечно да започнеме со реалната трансформација на општеството преку скрининг процесот, на кој сме навистина посветени да го завршиме во рокот кој го зададовме на почетокот. Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, знаење, и ќе го заврши скринингот во планираниот период од 14 месеци.

И ние и ЕУ ги исполнуваме нашите ветувања. Останува следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници. Знам дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување и ќе овозможат земјата да се движи забрзано по европскиот пат. Секако дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но верувам, уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца.

Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Но не затоа само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Заради подобар живот по европски стандарди. Затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината.

Полноправното членство во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Патот до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ. Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, горди што се Македонци, со крената глава, со македонски јазик, со македонски идентитет, но она што е најважно, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега.

За тоа се доказ сите земји членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој и денес нивните граѓани ја имаат шансата да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да ги остваруваат сопствените потенцијали целосно, да живеат европски и слободно. Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Овие подадени раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме.

Европската Унија во овој процес се покажа како партнер од доверба и ги исполни и своите ветувања. Ние последно, добивме поддршка во форма на грант од 80 милиони евра кои Северна Македонија ќе ги искористи за справување со економско енергетската криза. Оваа поддршка доаѓа затоа што ЕУ препозна дека ние сме одговорна влада која одговорно менаџира со буџетот. Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани и за заштита на компаниите во вредност од над 760 милиони евра.

Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата. Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената индустрија, очекуваме и да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти за најмалку 10% и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Токму со такво одговорно однесување, изминатиов период обезбедивме и зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на пензиите, на платите во образование, во полиција, во здравството, да обезбедиме континуирано зголемување на просечната плата. Со истиот овој одговорен пристап но и со визија за иднината ние пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостаток на енергенси.

ЕУ и тука ја нуди својата поддршка и ќе е партнер од доверба, обезбедувајќи можност за развој на проекти во енергетскиот сектор. Јас често зборувам за големите стратешки енергетски проекти, кои што во моментов се преговараат во Владата со стратешки партнери од странство и еден од најголемите од нив доаѓа токму од Франција, АКУО кој е заинтересиран за изградба на голема фотоволтаична централа од 400МВ во регионот на Штип.

Со правилна поддршка и правилно менаџирање, јас сум уверен дека можеме да ја трансформираме нашата прекрасна татковина во хаб на зелената енергија и да обезбедиме и енергетска независност, но и да го снабдуваме регионот со струја од обновливи избори. Ова е иднината, и не е недостижна. Ние веќе ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места, ќе ни донесат подобра заедничка иднина.

Ви благодарам и уште еднаш упатувам благодарност и до Франција и француското претседателство со ЕУ во текот на оваа година и до државниот секретар, г-ѓа Бун“. Државната секретарка за Европа на Француската Република, Бун, на прес-конференцијата, како и на билатералната средба, порача дека Република Северна Македонија заслужува да биде дел од Европската Унија.

„Работевме заедно за европските перспективи затоа што тоа го заслужувате. Сакаме да останеме со вас и во следните етапи, за постигнување на оваа цел“, рече државната секретарка за Европа, Бун, на прес-конференцијата. Таа оцени дека Република Северна Македонија е столб на стабилноста во регионот. Исто така го нагласи значењето на договорот со ФРОНКЕТС, потпишан и на македонски јазик, за што на средбата е констатирано дека е силно признание од страна на ЕУ.

На средбата е исто така констатирано дека Франција секогаш била присутна во клучните историски моменти во нашата држава, дека е воспоставена соработка во рамки на одбраната со којшто ќе се зголемат капацитетите на одбраната на нашата држава, дека односите меѓу двете држави се продлабочени на историско ниво и со лично заложување на претседателот Макрон и дека Француската Република е определена за продлабочување на односите со Република Северна Македонија и на политички и на економски план.

    

Најново

УСПЕШНО ЗАОКРУЖЕН 4. ЖАН МОНЕ ДИЈАЛОГ ВО БАЗОШ, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНА Е САРА КОЈА БЕШЕ ПРИЈАВЕНО ДЕКА ИСЧЕЗНА ДЕНЕСКА Мајката на тинејџерката соопшти дека е се во ред

Sase Ivanovski

Претрес во Пештани, приведен рибокрадец, Приведени двајца крадци во Гостивар

Sase Ivanovski

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА ПАЛЕВСКИ ВО ДЕСНА ПОВИКА НА УБИСТВО НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: МВР презема мерки за расчистување на случајот

Sase Ivanovski

Македонската амбасадорка во Софија: Огромен е потенцијалот за Северна Македонија и Бугарија да бидат најблиски земји

Sase Ivanovski

На Фејсбук убиства не се решаваат!

Sase Ivanovski

Песков: Преговори меѓу Русија и Украина под услови на Киев се апсолутно нереално сценарио

Sase Ivanovski

Исчезна 17 годишна девојка во Белград, родителите стравуваат дека е киднапирана

Sase Ivanovski

ИДФ: Бројот на загинати израелски војници во Газа се искачи на 97

Sase Ivanovski

Крива Паланка блесна како светска метропола, испишува уште една новогодишна бајка

Sase Ivanovski

Маричиќ за МИА: Блокадата на нашите европски интеграции има име и презиме, тоа е ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ни психијатријата не може да ја објасни личноста која одзема детски живот – проф. Боневски во „Стадион“

Sase Ivanovski

Украинските пратеници бараат ЕУ да ги отвори пристапните преговори на самитот во петок

Sase Ivanovski

Бесими: Фискално одржлив и таргетиран – деветти пакет антикризни мерки за поддршка на најранливите и стопанството

Sase Ivanovski

Фајнер: САД имаат за цел да ја натераат Русија да оди на мировни преговори до крајот на 2024 година

Sase Ivanovski

Сојуз на средношколци: Учениците чувствуваат дека безбедноста им е загрозена

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи – двајца познаници се скарале, па се смириле

Sase Ivanovski

Талески од ОХО: Сфативме дека само преку комедија како Преспав може да направиме општествено поместување

Sase Ivanovski

ЖАКЛИНА ЛАЗАРЕВСКА: СДСМ го штити и унапредува македонскиот јазик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МОРБИДНА ИЗЈАВА НА ПАЛЕВСКИ ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ: ВО СКОПЈЕ РЕДОВНО СЕ КИДНАПИРААТ И СЕ УБИВААТ ЛУЃЕ?!

Sase Ivanovski

Филмот „М“ на Вардан Тозија доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк

Sase Ivanovski

Протест на припадниците на специјалните единици на косовската полиција во Приштина

Sase Ivanovski

Опожарени три возила во Скопје- Нема повредени

Sase Ivanovski

Речиси 17.500 жртви на израелските напади во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Две лица во Кавадарци фатени дома со различни видови дрога

Sase Ivanovski

За СДСМ Талат Џафери е соодветно и добро решение за технички премиер до изборите

Sase Ivanovski

Пожар во куќа во Кичево, при интервенција пронајдено починато 79-годишно лице

Sase Ivanovski

Владата го утврди предлог-законот за парична помош на ранливите категории, се очекува исплатата да почне уште од месецов

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ фатени како ги лажат пензионерите, со нив нема поголеми пензии за 5.000 денари

Sase Ivanovski

Пратеничката на СДСМ потврди: Јован Митрески ќе биде предложен за Претседател на Собранието

Sase Ivanovski

Променете го менталитетот!

Sase Ivanovski

Николов: Меџити да одговори колку „Онкологии” има во комплексот клиники Мајка Тереза

Sase Ivanovski

Османи уверен дека уставните измени ќе се случат до крајот на мандатот

Sase Ivanovski

Османи: Следната мисија на ДУИ е Албанец претседател на државата

Sase Ivanovski

Исчезнатата скопјанка вратена дома од полицијата

Sase Ivanovski

Лога очекува Палевски релативно брзо да биде екстрадиран од Турција

Sase Ivanovski

Мицкоски: Живееме во едни мрачни и тешки времиња

Sase Ivanovski

КИРАЦА ТРАЈКОВСКА: Лично го познавам таткото на Вања, се работи за прекрасен човек, кој ниту пие ниту се дрогира ниту се коцка, не го уништувајте кога не го познавате!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе реши дали ќе учествува во пржинската влада

Sase Ivanovski

Сакаме учество на ,,Евровизија” наместо промоција на турбо фолк и кич музика, реагира група на граѓани

Sase Ivanovski

Pre-Sale акција во омилените брендови на Fashion Group! До -50% на колекцијата есен-зима’23 во нашите продавници и онлајн

Sase Ivanovski

Европскиот сојуз за промени не се согласува Џафери да биде технички премиер, велат дека ДУИ ги измами Албанците

Sase Ivanovski

Во Косово уапсен „нарко-баронот“ Гзим Чеља, баран од органите во Албанија и Италија

Sase Ivanovski

КОГА СЕ ТИ ОДИ ОД РАКА – ЦЕЛ СВЕТ ГО СВРТЕ И ПАК СТИГНА И ДЕТЕ ДА НАПРАВИ: Бујар Османи ќе стане татко по трет пат

Sase Ivanovski

Исчезнала 22-годишна девојка од Скопје, татко и пријавил во четири ипол во полиција

Sase Ivanovski

Им се заканувал на родителите, а потоа го претепал својот 72-годишен татко

Sase Ivanovski

Воспитувачи, тренери, функционери: уапсени 80 лица за злоставување на деца во Франција

Sase Ivanovski

ФАНОВИТЕ НА ДЕСНА: ДЕМОНИТЕ ГО НАМЕСТИЛЕ ПАЛЧО?!

Sase Ivanovski

ТРИЧКО: НАЈРАСИПАН ЕЛЕМЕНТ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ МАКЕДОНЦИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАТКОТО НА ВАЊА БИЛ МНОГУ МИРЕН ЧОВЕК, ПОСВЕТЕН НА ФАМИЛИЈАТА, МНОГУ РОДНИНИ МУ ГИ ОСТАВАЛЕ ДЕЦАТА ДА ГИ ЧУВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТОЛЕ НАУМОВ: ТАТКОТО НА ВАЊА БИЛ МНОГУ МИРЕН ЧОВЕК, ПОСВЕТЕН НА ФАМИЛИЈАТА, МНОГУ РОДНИНИ МУ ГИ ОСТАВАЛЕ ДЕЦАТА ДА ГИ ЧУВА

Sase Ivanovski

Анѓушев до антикорупционерката Ивановска: Не сум сопственик на ЕУРОНИКЕЛ (ФЕНИ), каде на други места давате неточни податоци за мене?

Sase Ivanovski

Седум лица во болница, покажале знаци на труење со хлор по пливање во базен во хотел на брегот на Охридското Езеро

Sase Ivanovski

(Видео) Маж тепа луѓе по случаен избор по улици во Скопје, граѓаните велат ова го правел постојано

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Ништо невообичаено и ништо ново од Мицкоски. Така правеше и пред референдумот кога се менуваше името. Ќе го менуваше Преспанскиот договор. Како? Ќе кажеше подоцна. Истото го прави и сега со ставањето на Бугарите во Уставот. Ќе го менува францускиот предлог. Како? Ќе каже подоцна. Ќе ги почне преговорите со ЕУ. Како? Ќе каже подоцна

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ТЕХНИЧКА ВЛАДА НА НЕПРИНЦИПИЕЛНА КОАЛИЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТОЛЕ НАУМОВ: ПАЛЕВСКИ СЕ ФАЛЕШЕ ДЕКА СЕДИШТЕТО НА СДСМ НА БИХАЧКА Е ОПРЕМЕНО СО МЕБЕЛ ДОНАЦИЈА ОД НЕГОВАТА ФИРМА ЕНТЕРПРАЈЗ, КОГА СЕ СКАРАЛЕ СО БРАНКО СИ ГО ЗЕМАЛ МЕБЕЛОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТОЛЕ НАУМОВ: ПАЛЕВСКИ И МИЈАЛКОВ БЕА ШКОЛСКИ ДРУГАРИ, ТОЈ МУ ПОМОГНА ДА ЈА ЛЕГАЛИЗИРА ЗГРАДАТА ТИФАНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПСИХИЈАТАР БОНЕВСКИ: АКО Е НЕВИН, ПАЛЕВСКИ НЕМАШЕ ДА БЕГА ПРЕКУ ТРИ ДРЖАВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАЛЕВСКИ ИМАЛ КАНЦЕЛАРИИ ВО ЗГРАДАТА ОД КОЈА БИЛА ГРАБНАТА ВАЊА, ИМАЛ КЛУЧЕВИ И ОД ПОДРУМОТ КАДЕ БИЛА ВРЗУВАНА

Sase Ivanovski

Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори за средбите со Палевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ РАЗГОРЕ БИТКАТА МЕЃУ ВМРО ДПМНЕ И ИНФОМАКС, ПАРТАЛИ ЛЕТААТ: Инфомакс го обвини Пандов дека е наркоман, Миленко обвини дека во студиото на Инфомакс после емисии се правеле оргии?!?!

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на Централна Европа предупредија на важноста на Западен Балкан за безбедноста на континентот

Sase Ivanovski

Корисниците на кои први им се укинала евтината тарифа, сега први добиваат евтина тарифа

Sase Ivanovski

Локалната иницијатива „И здравје и работа“ со прашање до еко активистите од струмичката котлина: АКО ПИСМОТО НА КОНЦЕСИОНЕРОТ НА ИЛОВИЦА Е ЗАДОЦНЕТО И БЕЗ НИКАКВА ТЕЖИНА ЗОШТО ПРЕДИЗБОРНО И СЕ ЗАКАНУВАТЕ НА ВЛАДАТА И ПАРТИИТЕ?

Sase Ivanovski

345 санкционирани возачи во Скопје, 173 за брзо возење

Sase Ivanovski

Расчистен случајот со наводното киднапирање во Карбинци, МВР вели нема елементи на кривично дело

Sase Ivanovski

САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СПАСОВСКИ: Отворен Кабинет е успешен проект во рамки на концептот „МВР за граѓаните” – лично и непосредно ги слушнав мислењата на граѓаните

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги зголеми пензиите за 5.000 денари наеднаш, туку на рати

Sase Ivanovski

ВМРО за изборот на Џафери: Деспотот од Форино го кршеше законот

Sase Ivanovski

921 санкции за брзо возење

Sase Ivanovski

СДСМ и ДУИ со рокадата на Џафери го спречуваат наративот на ВМРО и Левица за албанизација

Sase Ivanovski

Таравари за Фокус: Ни треба нов Устав за внатрешна реорганизација, еден предлог е дводомен парламент и 20 општини!

Sase Ivanovski

Абас повикува на мировна конференција за крај на војната во Газа

Sase Ivanovski

Сончево со мала облачност, температурите до 11 степени

Sase Ivanovski

Ако не ги сподели информациите за трагичните настани, Мицкоски манипулира, вели Чупеска

Sase Ivanovski

Откако Џафери ќе се пресели на Илинденска, Митрески ќе седне на спикерското столче

Sase Ivanovski

Џафери: Премиерската функција ќе ја извршувам со почит и одговорност

Sase Ivanovski
Вчитувам....