Тој побара од општините да си поднесат потребно барање за комуналните претпријатија за снабдување со вода, за основни и средни училишта.-Во време на криза се финансира солидарност, а не изобилие и удобство – рече Ковачевски.Притоа, тој се пошегува на своја сметка кога после него како говорник беше најавен министерот за економија, Крешник Бектеши.Додека премиерот ја напушташе говорницата, а кон неа се упатуваше министерот, Ковачевски рече: „Како беше: Стани Крешник“.Премиерот го „стана“ Бектеши кога јавноста и социјалните мрежи се преплавени со коментари и шеги откако тој на ист начин досега прозва уште двајца министри во неговата влада.На партиска трибина на СДСМ, Ковачевски ги повика да станат министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, и министерката за одбрана Славјанка Петровска.