19.8 C
Скопје
20/06/2024 04:10
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Континуирано носиме мерки за заштита на стандардот на граѓаните, со „гарантирана цена“ и пониски маржи го спречуваме ценовниот шок и ја одржуваме економската стабилност

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“.

„Многу е важно компании како „Горска“ која успешно се одржува на пазарот повеќе од 30 години, но и сите други компании да се вклучат во поддршката на нашите мерки со кои обезбедуваме стабилност на цените на домашниот пазар.

   

Она што на вчерашната владина седница го донесовме како одлука е практично проширување на листата на производи со „гарантирана цена“ и ги додадовме и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото кои ќе бидат со намалена цена од најмалку 10 отсто.
Дополнително, донесовме одлука и за намалување на маржите кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените за овие производи во износ до 30%“, истакна премиерот Ковачевски при денешната посета на компанијата „Горска ДООЕЛ“.

 

Потсетувајќи на претходните владини мерки, со кои што се намали цената за 10 отсто на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, премиерот Ковачевски рече и дека е донесена одлука со која се укинати увозните давачки за млечните производи со масленост над 10%, што се очекува да се одрази со намалување на цените и на овие производи кои се значајни за потрошувачите.

   

     

„Донесовме одлука и за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук и ориз, како и укинување на увозните давачки за увоз на лимони, портокали, мандарини и други производи од овој вид. А зависно од движењата на пазарот, ќе следуваат и други одлуки за олеснување на товарот од инфлациските движења, а тие одлуки веќе се подготвуваат во Министерството за економија“ појасни премиерот Ковачевски, кој апелираше до трговците и до производителите да се придржуваат до овие нови мерки, како и да ги почитуваат претходните, бидејќи се во интерес на граѓаните.„Нема да дозволиме никој да се богати врз грбот на граѓаните. Мора да направиме граѓаните да се изборат со високите цени, со инфлацијата и да работиме заедно на намалување на цените и зголемувањето на животниот стандард на граѓаните.

Затоа и во претходниот период, како и сега, секогаш кога сме забележувале негативни економски движења, сме интервенирале брзо и со конкретни, таргетирани мерки сме ги контролирале инфлациските текови. Преку конкретни мерки покажавме дека што поскоро сакаме да ги пресретнеме и спречиме ценовните шокови за населението и со новите мерки да постигнеме економска стабилност“, нагласи премиерот Ковачевски.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на настанот оцени дека владините одлуки имаат влијание врз животниот стандард, бидејќи според пресметките, со овие владини мерки за „гарантирана цена“ на производите, секое домаќинство има заштеда од над 2.000 денари со пониските цени на производите.Министерот Бектеши пред присутните појасни дека е регистриран голем извоз на одредени земјоделски производи.

„Немаме намера да субвенционираме производи за други држави. Гледајќи ги податоците, се забележува дека најголемо зголемување на цените има во делот на овошјето и зеленчукот. Затоа би им порачал на трговците да не го оставаат македонскиот пазар како резерва во снабдувањето со овошје и зеленчук. Не сакаме да се доведеме во ситуација тој јаз ние да го надополнуваме со увоз. Затоа апелирам да се пласира на домашниот пазар, а доколку се прави спротивното, како министерство ќе предложиме укинување на увозните давачки на одредени производи“, изјави министерот за економија Бектеши.Директорката на правниот оддел во „Горска ДООЕЛ“, Симона Костадинова-Саздова посочи дека како општествено одговорна компанија, одлучиле да ја прифатат иницијативата на Владата.

„Решивме да ја прифатиме иницијативата на Владата на Република Северна Македонија и да ги прилагодиме цените на дел од нашите производи кон Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало. Еден од главните приоритети на „Горска“ е грижата за нашите потрошувачи, па следствено на тоа секогаш ја создаваме стратегијата на компанијата во таа насока. Ја поздравуваме и ја поддржуваме оваа Одлука на Владата, а нашата компанија и во иднина ќе продолжи да ги креира ценовните политики согласно оваа иницијатива“, изјави  Костадинова-Саздова.

    

Најново

Мицкоски: Главен интерес и фокус на идната влада ќе претставува креирање на нови и добро платени работни места, зголемување на извозот и бруто домашниот производ, а со тоа и покренување на домашната економија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Kако актуелен претседател ќе се однесувам со еднаква почит кон секој претходен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кон Љубчо Георгиевски и кон Никола Груевски, без оглед на тоа колку се далечни или блиски нивните ставови со она што е ВМРО-ДПМНЕ денес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Нема да подлегнуваме на темите кои не разединуваат и не оддалечуваат. И Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, Власите, Бошњаците и сите останати делат исти маки и проблеми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ НЕ ЧЕКА РАБОТА! Жилаво и напорно да се бориме да го покачиме животниот стандард на народот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Мора напорна работа од првиот час, и првиот ден!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Ќе добиете привилегии кои ви ги нуди позицијата, кон сето тоа однесувајте чесно и со голема грижливост и без расипништво. Затоа што тоа му припаѓа на народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Однесувајте се одговорно. Немојте никогаш да останете недостапни за реалниот човек, оној кој го среќававме по пазарите, улиците и малата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Рузвелт рекол – среќата не се состои во поседувањето на пари и богатство, туку во задоволството да се постигнува успех, и радоста да се остваруваат креативни цели

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Мора да се работи чесно, транспарентно и отворено. Работете според законот и правилата. Бидете скромни и чесни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Нашата носечка цел е да ја обновиме довербата во институциите на државната власт, да ја елиминираме корупцијата и да обезбедиме владеење на правото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ не се овие костуми и вратоврски кои ги носиме, ниту просториите кои ги имаме, туку духот и жарот на оние браќа и сестри по комитетите, месните штабови, и народот кој не пратеше и поддржуваше по улиците

Sase Ivanovski

СДСМ ЃОРЧЕ Е ЗА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЗА ИДЕН ЛИДЕР НА СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ, ниту па ќе дозволам Вреди да стане тоа што беше ДУИ

Sase Ivanovski

Аирлија и со среќа нова влада

Sase Ivanovski

Мицкоски: Не можеме да се правиме наудрени дека уставното име не е дел од правниот систем

Sase Ivanovski

Заев за БИРН: Изборниот пораз на СДСМ се должи и на неисполнетите ветувања на ЕУ

Sase Ivanovski

Лекари ќе патролираат низ Скопје, Црвен крст со активности поради најавените горештини

Sase Ivanovski

Пожар се шири накај валандовското село Марвинци

Sase Ivanovski

Мицкоски: На вториот ден од владата ќе има инвестиција ветропарк во вредност од 450 милиони евра

Sase Ivanovski

Кавадарчанка пријавила дека ќерката ѝ се одјавила од интернат и не одговара на телефонски повици

Sase Ivanovski

ЦЕЛА ЕВРОПА „ГОРИ“: Турција руши рекорди, Грција имплементираше мерки, а Македонија во портокалова фаза

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените

Sase Ivanovski

Бугарија и Грција имаат најнизок БДП по глава на жител меѓу земјите-членки на ЕУ

Sase Ivanovski

Ресторанот кај што правевме свадба не постои, ама ние си тераме: Андријана Јаневска и Гино прославија 14 години во брак

Sase Ivanovski

Новата влада ќе ја разгледа можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: На половина пат сме до успешна трансформација на високото образование, потребен е дијалог меѓу науката, политиката и општеството

Sase Ivanovski

Прво гласање за новата влада, па консултации за измени на Законот за локална самоуправа, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Во текот на денешниот ден од заменик министерката д-р Маја Манолева е испратена наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница Битола и во Универзитетската клиника за детски болести за текот на лекување и третманот на родилката (ЗТ) и нејзиното починато новороденче

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕНА ФОТКА ОД ПЕЈАЧОТ ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ ОТКАКО БЕШЕ УАПСЕН ПОРАДИ ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Sase Ivanovski

Седницата за избор на новата влада закажана за в сабота

Sase Ivanovski

Исчезнале седум работници од Непал кои работеле во Скопје

Sase Ivanovski

СВР Куманово изврши увид на локации каде било запалено македонско знаме и биле испишани графити

Sase Ivanovski

Бебе почина од мистериозни причини, таткото бара одговори и одговорност од битолската болница

Sase Ivanovski

Алтернатива ја повлече Садики-Шаини од заменичка на Стоиљковиќ

Sase Ivanovski

Со клоци, тупаници и метални шипки претепан скопјанец во дворот на Клиничкиот центар, ОЈО бара бара притвор за петмина осомничени

Sase Ivanovski

Загина 19-годишник: со автомобил излетал од патот Куманово – Липково

Sase Ivanovski

Промовиран Индексот на отвореност: Во 2023 година нема значаен напредок, се препорачува засилена имплементација на постојните политики 

Sase Ivanovski

Грчки медиуми: Мицкоски заклетвата ќе ја даде со уставното име

Sase Ivanovski

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Почитувани пријатели, ја примив Одлуката за избор на професор на Универзитетот за мир на Обединетите Нации, ЊуЈорк – САД, ЕЦМР!

Sase Ivanovski

Двајца повредени во сообраќајна несреќа: Со автомобил се забиле во бетонски ѕид па во паркирано возило

Sase Ivanovski

Деспотовски: Луѓето треба да ги слушаме, а довербата да ја бараме со конкретни резултати

Sase Ivanovski

Мицкоски: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова на Kомеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов: Беше предводник на разумноста и трпеливоста

Sase Ivanovski

Мицкоски се опкружува со блиски соработници во Владата – што откриваат нивните биографии?

Sase Ivanovski

Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, но не одговорија дали тој треба да се распушти

Sase Ivanovski

Започнале да го тепаат во Злокуќани, па продолжиле и пред Ургентниот центар: истрага против петмина насилници од Скопје

Sase Ivanovski

ТРАГИ КОМЕДИЈА: ДВАЈЦА ДИКТАТОРИ КРВОПИЈЦИ ГЛУМАТ ЛУДИЛО ВО ГЕРМАНСКА КОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧИЊАТА СЕ СТВАРНО ДАР ОД БОГА ЗА ЛУЃЕТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Нашите деца, тие не се промениле со тоа што се со различна сексуална ориентација, тие се истите наши деца“, вели Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ

Sase Ivanovski

Герасимовски: За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар, донација од Стопанска банка

Sase Ivanovski

Донација од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф Обложувалници

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени и УВ-9

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ибра се сретна со Пикси и му даде совет за Европското првенство

Sase Ivanovski

Се запали автомобил на автопатот Скопје-Велес

Sase Ivanovski

Физибилити студија ќе послужи за идни инвестиции во системот за централно греење во Битолскиот регион

Sase Ivanovski

Во Загреб починаа три лица од Легионерска болест

Sase Ivanovski

Залутан куршум погоди маж во грб додека возел велосипед во Чаир

Sase Ivanovski

Претставата „Лекција“од Ежен Јонеско на „Скопско лето“ на 24 јуни

Sase Ivanovski

Израелското разузнавање неколку недели пред 7 октомври предупредило за нападот на Хамас

Sase Ivanovski

Министерот за внатрешни на Косово: Српската Влада финансира тероризам

Sase Ivanovski

Џастин Тимберлејк уапсен поради возење под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Иран

Sase Ivanovski

Ристо Вртев ќе настапи на главната фестивалска вечер на Битола Отворен град

Sase Ivanovski

Во село кај Ниш пронајдена бомба со голема разорна моќ

Sase Ivanovski

Засега без договор околу носителите на врвните функции во ЕУ во следниот мандат

Sase Ivanovski

Хаос во соблекувалната на Украина по „шлаканицата“ од Романците

Sase Ivanovski

За време на четиридневниот топлотен бран во Грција избувнале околу 200 пожари

Sase Ivanovski

ПП Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена

Sase Ivanovski

Детството и модерните свадби во природа

Sase Ivanovski

Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната

Sase Ivanovski

По грешка употреби „македонски“ – Заев исправен на Меѓународната конференција за мир во Атина

Sase Ivanovski

Изгореа складишта за нафта во Ростовската област по напад со дронови

Sase Ivanovski

Најмалку тројца ранети и осум уапсени демонстранти пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим

Sase Ivanovski

Скопска игротека избркала тригодишно тешкоподвижно дете со церебрална парализа, утврди комисијата за заштита од дискриминација

Sase Ivanovski

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес

Sase Ivanovski

Бучковски: Со Охридскиот рамковен договор станавме позитивен пример за градење на мултиетничко општество

Sase Ivanovski

Дачиќ: Радоје Звицер на слобода е голема закана за претседателот Вучиќ

Sase Ivanovski

По скандалот со Карлеуша, Душко ја кажа и својата страна на приказната: „Не ја ни допрев!“

Sase Ivanovski
Вчитувам....