9.8 C
Скопје
19/04/2024 11:42
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Никој нема да биде оставен сам во услови на криза, антикризните мерки имаат ефект

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на седницата на македонското Собрание и притоа во одговор на пратеничко прашање се осврна кон антикризните мерки кои Владата ги усвојува со цел да им помогне на граѓаните во услови на светска економска и енергетска криза. Притоа премиерот рече: „Јас постојано повторувам дека никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, во која што се најде и Европа и нашата држава. И сите заедно ќе ја пребродиме затоа што Владата одговорно и навремено интервенира со потребните мерки за поддршка за граѓаните и компаниите и продолжуваме будно да ја следиме состојбата и за тоа да ги информираме граѓаните. Јас пред да дојдам на денешниве пратенички прашања, заедно со министерот за економија имавме 60 минути прес-конференција со медиумите, токму на тема енергетска криза и најновите мерки кои што ги воведовме за секторите во државата. Во оваа насока се и неодамна донесениот нов пакет антикризни мерки во вредност од над 360,2 милиони евра. Заедно со претходниот сет мерки кој што беа донесени веднаш по стапувањето на функција на оваа Влада, тоа се вкупно 760 милиони евра антикризни мерки.

   

Новиот сет мерки го донесовме по длабоки и долги анализи и дискусии со сите заинтересирани страни и затоа сметаме дека се сеопфатни и дека се таргетирани кај оние кои што имаат најголема потреба“, потенцираше Ковачевски.  „Од една страна, нашата, мојата цел за оваа зима е да ги искористиме максимално ресурсите со кои располагаме, контактите со нашите пријатели од Европа, од регионот, контактите со најблиските соседи и да го исполнуваме нашиот план за обезбедување ресурси и пред сé електрична енергија за семејствата, за училиштата, за болниците, за претпријатијата. Од друга страна, усвојуваме таргетирани мерки кои ќе бидат поддршка за најранливите граѓани, што од друга страна е и препорака на меѓународните финансиски институции.

 

Во исто време, се трудиме да изнајдеме начин како она што веќе е поддршка за граѓаните и компаниите, да го продолжиме и понатаму за да обезбедиме сеопфатен пристап. Така, со овој ребаланс на Буџет кој што беше усвоен во изминатиот период, се осигуравме дека ќе се продолжи со мерките како што е повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, а исто така продолжи и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија или огрев при што овие семејства добиваат до 200 евра помош во текот на годината. Продолжува финансирањето на општините за енергетска трансформација и воведување на обновливи извори на енергија во износ од 10,5 милиони евра преку Министерството за финансии.

   

     

Дополнително го одложуваме воведувањето еколошката такса, што е планирано намалување на приходите на Буџетот до 25 милиони евра со цел да не направиме дополнително отпретување на компаниите.“ Меѓу другото премиерот Ковачевски даде и детален одговор на прашањата како да им се помогне и на компаниите кои имаат зголемена потреба од енергенси и рече: „Компаниите ги ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Кој што се дополнителни 26 милиони евра олеснување сé со цел да ја задржиме нивната ликвидност. Поволните кредити за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, во вредност од 100 милиони евра преку Развојна банка на Северна Македонија по принципот 1+2 продолжуваат и понатаму да обезбедуваат поддршка за компаниите.
Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%. Што значи дека доколку не е тоа субвенционирање, граѓаните би плаќале 5 пати поголеми сметки од тоа што плаќаат. Истото се однесува и на 72 илјади компании на регулираниот пазар кој вработуваат 98% од работниците во државата.

Со буџетот кој што го менаџираме во текот на 2022 година, исто така издвоивме дополнителни средства за да до крајот на година имаме субвенционирање на цената на електричната енергија, а така ќе продолжиме и идната година според проекциите во новиот Буџет кој што е ставен на разгледување пред вас. За да може сето ова да се случи, одвоени за целата година ќе се вкупно над 222,7 милиони евра. Средства кои што ги пренаменивме да не бидат потрошени за нешто што било планирано, а не мора да се троши, туку да се потроши за субвенционирање на граѓаните во овие кризни услови. Нема коли за функционери на Владата, нема дополнително трошење на електрична енергија и гледате дека Владата има, институцијата која што јас ја водам 32% заштеда на електрична енергија овој месец во однос на истиот месец минатата година.“ Премиерот Ковачевски зборуваше и за помошта која македонската Влада активно ќе ја спроведе за најранливите категории на граѓани и рече: „Исто така, испланиравме во Буџетот зголемување на исплата на еднократна помош од 3.000 денари за примателите на гарантирана минимална помош, а тоа се 36.000 домаќинства за чија поддршка е одвоено скоро 40 милиони евра.

Зголемување на пензиите согласно новата Методологија на пресметка на пензиите за над 330.000 пензионери се пресметани и во овој Буџет и во Буџетот за 2023 година. Во март ја усогласивме пензијата за 2,9%, потоа ја усогласивме во септември за 6,8% што е досега вкупно 10% зголемување на пензиите само во овие 10 месеци на оваа Влада. Со зголемувањето кое што ќе следи идниот март од претпоставени дополнителни 6% со оглед на параметрите влезни во Методологијата, тоа ќе биде историски најголемо зголемување на пензиите од 16% во една календарска година. Оваа мерка предвидува во Буџетот 73 милиони евра кои што се наменети за пензионерите. Исто така продолжуваме и со субвенционирање на придонеси за поддршка на платите на вработените во приватниот сектор во вкупен износ од над 17 милиони евра при што компаниите кои што ги зголемуваат платите на работниците, добиваат субвенција во делот на исплатата на придонесите од страна на државата.

Обезбедување на средства за поврат на „мој ДДВ“ кај граѓаните во програмата „мој ДДВ“ со дополнителни 18 милиони евра, во време на криза, а исто така обезбедивме и забрзан поврат на ДДВ кај компаниите со цел да ја обезбедиме нивната ликвидност. Бидејќи сите ние добро се сеќаваме, без разлика кој од која партија, што работел во приватен сектор, 11 години како се правеше поврат на ДДВ во државата, ако не си на партиски список ДДВ никој не ти враќаше. Па, после Стопанска комора мораше да се собира во Александар Палас да го чека по 4 часа премиерот и кога ќе им каже дека можеби ќе ги врати парите да мора да му аплаудираат, тие времиња се завршени, нема такви времиња веќе. Автоматизиран е повратот на ДДВ, не е рачен кај МФ на бившиот премиер, кој што заедно седеа и викаа еве на оваа фирма врати ѝ ДДВ, на оваа не ѝ враќај, на оваа врати ѝ, на оваа не. И на крај го гледам истиот министер за финансии предавања држи на општините како ќе ги оправа. Ама треба ВМРО-ДПМНЕ да го има, како на ум и совет какви луѓе поставуваат да им креираат економска политика, пошто ги видоа резултатите самите најдобро, каков производ им дадоа.

Согласно овие препораки кој што ги имаме усогласени со меѓународни финансиски институции, со здруженијата на пензионери, со здружението на работодавци и т.н, обезбедивме со новиот пакет на антикризни мерки, 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци или вкупно 12.000 денари за скоро 42.0000 граѓани од најранливите категории. Бидејќи ова не е време на изобилство, ова е време на солидарност и тоа се лица кои имаат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци, по 1.500 денари месечно има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари. И ова беше поздравено од здружението на пензионерите и партијата на пензионерите, бидејќи тие најдобро знаат дека сега е време за солидарност, а не време на изобилие, кога треба оние што имаат најмалку, да добијат најголема помош од државата. Изминатиот период беа донесени мерки со кои обезбедивме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите од преработувачката индустрија за да ги намалат цените за најмалку 10% и од 95 мегават/час за сите образовни институции во државата, основни и средни училишта за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и образовен процес, исто се однесува и за здравствените установи“, информираше премиерот Ковачевски.

    

Најново

Висок ирански функционер: Нема планови за итна одмазда

Sase Ivanovski

Ковачевски: Во услови на најголеми светски кризи, ние ги зголемивме пензиите за 50% во однос на 2016 година

Sase Ivanovski

Уапсен Полјак поради наводен руски заговор за атентат на Зеленски

Sase Ivanovski

Мицкоски повика на македонско национално единство: Обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон Левица и ЗНАМ

Sase Ivanovski

На Чаир „врие“: „Шверцерите“ бараат смени по нокаутот во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЦИА предупредува: Украина може да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта

Sase Ivanovski

Боки-13 бара повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“

Sase Ivanovski

Бодибилдерот Зоран Лазаревски-Паљо: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса на Широк Сокак

Sase Ivanovski

Почнува „Крај Вардарот џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Sase Ivanovski

Британка 2000 пати повикала Итна помош од 17 различни броеви, заврши 22 недели во затвор

Sase Ivanovski

Од Иран доаѓаат деманти дека земјата била нападната

Sase Ivanovski

Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Sase Ivanovski

Планот за раст за Западен Балкан – можност за раст на компаниите, мобилност на младите, вклучување во дититални иновации и медицински набавки

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Мои сограѓани, моја европска Крива Паланка. Ајде заедно во нова изборна победа!

Sase Ivanovski

КОНЦЕРТОТ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОВИНАРОТ ВАСКО ПОПЕТРЕСКИ ГО ФАТИ МАКСО КАКО ЛАЖЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРКОВИЌ: МИТИНЗИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАБРАНАТ, МАЧАТ НАРОД СО АВТОБУСИ ВО ДИГИТАЛНА ЕРА КОГА ТИЕ СЕ ТОТАЛНО НЕПОТРЕБНИ

Sase Ivanovski

ДОБРО Е ТУРЦИТЕ ШТО НЕ ИЗДРЖАЛЕ 500 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

Димитриевски: Ако не влезам во вториот круг, ќе излезам и ќе гласам како обичен гласач

Sase Ivanovski

Брејк отвора радио станица за народна музика: ,,Естрада” ќе биде број еден!

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ: Благодарам што си искрен поддржувач на заедничката кауза #МКвоЕУ

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Да бидам носител на листата во четвртата изборна единица за мене е чест и одговорност

Sase Ivanovski

Пендаровски за Фокус: Нема човек или партија што може да каже дека ме контролира!

Sase Ivanovski

Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”

Sase Ivanovski

Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија

Sase Ivanovski

Не можете да вртите глава колку што радикалните ставови на Стоиљковиќ можат да ја предизвикуваат демократската јавност во Македонија

Sase Ivanovski

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Sase Ivanovski

ГРАБЕЖ ВО ЧАИР: Влегле во менувачница, украле сеф полн пари, избегале со голф без таблички…

Sase Ivanovski

Митрески: На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме кон ЕУ или кон изолација и заробена држава

Sase Ivanovski

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Sase Ivanovski

Таравари: 800 евра минимална плата – економијата и емиграцијата бараат одговори

Sase Ivanovski

Симулација на „Европскиот фронт“ – Османи претседател на државата, Села на Собранието, а Бугарите внесени во Уставот

Sase Ivanovski

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Sase Ivanovski

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОДИК: АКО ДОЈДЕ ТРАМП НА ВЛАСТ ВО САД, БОСНА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, РЕПУБЛИКА СРПСКА ЌЕ СЕ СПОИ СО СРБИЈА

Sase Ivanovski

Уапсена црногорската директорка на Агенција за спречување корупција

Sase Ivanovski

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НАМЕСТО ДА БЕГА ОД ДЕБАТИ, ПЕНДАРОВСКИ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ И ДА НЕ РАСТУРИ ЗАТОА ШТО 5 ГОДИНИ ГИ ИМА СИТЕ ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЗЕМЈАТА И РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: БУЈАР ОСМАНИ МОЛЧИ ЗА 15 000 ДЕЦА УБИЕНИ ВО ГАЗА, АМА ЗА ДА СЕ ДОДВОРИ НА САД ИСПРАВА КРИВИ ДРИВИ ЗА СРЕБРЕНИЦА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Заедно да ги искачиме последните угорнини за да останеме на правилниот пат за нашите деца и за нашата држава

Sase Ivanovski

СЗО: Зголемен е ризикот од птичји грип да премине кај луѓето, многу сме загрижени

Sase Ivanovski

Скопјанец отишол на работа кај поранешната сопруга и ја претепал

Sase Ivanovski

Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи: Очајно бараат храна и вода

Sase Ivanovski

Поскапува кафето поради сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина

Sase Ivanovski

Почина млад маж од Виница, му се слошило додека седел во двор

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ДОКАЗ ДЕКА ЖЕНИТЕ НА СЕ ЌЕ НАЈДАТ МААНА: МАЖ СЕ ПОЈАВИ ДОМА СО ПОЛА ПИТА ПАРМЕЗАН ОД 20 КИЛА КОЈА УСПЕАЛ ДА ЈА КУПИ ЗА САМО 10 ЕВРА, ЖЕНА МУ ГО КАРА?!?!

Sase Ivanovski

ДОДЕКА РУСИЈА СЕКОЈ ДЕН СО БОМБИ УБИВА ЦИВИЛИ НИЗ УКРАИНА, РУСКИОТ ГЕБЕЛС ПРОДОЛЖУВА ДА ТРЕСЕ ГЛУПОСТИ И ДА ГЛУМИ ЖРТВА – Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија

Sase Ivanovski

Милановиќ: Во тек се разговори за формирање ново парламентарно мнозинство

Sase Ivanovski

Рускиот научник Александар Куранов осуден на седум години затвор заради одавање државни тајни

Sase Ivanovski

ИЛИ СИ ВМРОВЕЦ, ИЛИ НЕ СИ!

Sase Ivanovski

Ако Русија победи може да има трета светска војна, кажа Украина

Sase Ivanovski

Судскиот совет не ги намали месечните норми на судиите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер нема храброст за одлука

Sase Ivanovski

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

“Џонсон Мети” прогласен за Најпосакуван Работодавач за 2023 година – странски инвестиции, втора година по ред

Sase Ivanovski

Советот на Општина Центар даде зелено светло за бесплатни тренинзи на  јуниорите на КК Работнички во салата на ООУ ,,Коле Неделковски’’ 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Познатиот бренд HOMAX од денеска и во Струмица преку Продажно-изложбениот салон Vivene by Homax, кој се наоѓа во кругот на поранешен „Југопромет“ на улица „Климент Охридски“ бр. 51, веднаш до модниот салон на Elena Luka

Sase Ivanovski

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Нема да се преиспитува членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја уредува највисоката пензија во државата

Sase Ivanovski

Ќе се повтори постапката за конфискација на зградата на ССМ, Трендафилов очекува Врховен да одлучи до 1 Мај

Sase Ivanovski

Со изложбата „Помеѓу надеж и страв“ на Јанешлиева ќе биде отворен македонскиот павилјон во Венеција

Sase Ivanovski

Доживотен затвор за свирепото убиство на жена во Кочани

Sase Ivanovski

ПУШТЕН ВО РАБОТА НОВИОТ РЕДИЗАЈНИРАН ВЕБ САЈТ НА УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЛЕНКОВИЌ Е ЦАР: Што има везе што компирите се 2,5 евра за кило, Хрватите имаат пари, гледате дека се е продадено?!

Sase Ivanovski

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Sase Ivanovski

Јакимовски: Зошто Гордана “Доналд Реган“ Силјановска ќути пред изјавите на Османи? ДПМНЕ би направиле коалиција и со црниот ѓавол за да се доберат до буџетот на државата!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ не кажува ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

Sase Ivanovski

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРОВЦИТЕ СЕКОГАШ ЗНАЕЛЕ ДА ПРАВАТ ДОБРИ ИЗБОРНИ СПОТОВИ

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково

Sase Ivanovski

Ковачевски: Просечна плата од 1.100 евра, минимална од 600 и невработеност од 7 отсто до крајот на следниот мандат

Sase Ivanovski

Ковачевски за МИА: Европскиот пат, значи подобар животен стандард каков што граѓаните заслужуваат

Sase Ivanovski

СТОКОМАК СЕ ЦАРЕВИ: ДОВЛЕЧКАЛЕ ПИВО ОД РОМАНИЈА ПО ЛУДА ЦЕНА ОД 90 ДЕНАРИ ЗА 2 ЛИТРА?!

Sase Ivanovski

Одбележувајќи го светскиот ден на уметноста,15 април, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ – ФОН, ја промовира виртуелната онлајн изложба и проекција на завршните дела на студентите од академската 2022/23 година

Sase Ivanovski

Високо ангажирана дискусија за економска сигурност и ланците на снабдување со Jonathan BERKSHIRE MILLER во Американскиот универзитет на Европа – ФОН

Sase Ivanovski

Две лица уапсени во Германија под сомнение дека планирале саботажи, вклучително и против воени објекти на САД

Sase Ivanovski

Njoftimi për shtyp | Karvani i Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve është pjesë e fushatës – “ËSHTË RADHA JOTE” dhe fillon nesër në Gradsko, Manastir dhe Plasnicë

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ПОСТОИ ЦЕЛА НАУКА ЗА ТОА КАКО ДА ПОЗИРАШ ЗА ДОБРА ФОТКА ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....