7.8 C
Скопје
26/11/2022 21:17
МАКТЕЛ

   

Ковачевски отвори нова градинка во Валандово: Вложуваме во нови градинки, затоа што тоа е влог во иднината на државата

 

 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денес во Јосифово, Општина Валандово присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка „Детелинка”.

Оваа градинка е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка. Покрај тоа што со градинката се решава долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во Јосифово, новиот објект обезбедува современи просторни услови за престој на децата прилагодени на нивната возраст и на образовниот метод за учење преку игра.

Оваа градинка ќе згрижи околу шеесетина деца. Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово, не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање нови работни места. Во продолжение Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост: „Ништо не е поубаво од среќни деца. Ние возрасните сме среќни кога децата се здрави, кога безгрижно играат, учат, а наша должност е да им го овозможиме сето тоа.

Вложувањето во рана предучилишна едукација, во образование, значи вложување во иднината на државата. За мене, секое дете е важно, денеска ова е посебен момент – селото Јосифово, во Општина Валандово, добива нова детска градинка. Зарем има поубаво име за така убава установа, како асоцијација на среќа – „Детелинка“. Во оваа градинка на среќата ќе бидат згрижени околу шеесетина деца поделени во три воспитни групи. Навистина се гордеам што со новите градинки решаваме голем проблем на родителите. Правиме сé за повеќе да не треба да се грижат кој ќе ги чува нивните деца за тие да се посветат на работните или семејните обврски.

Проектот за изградба на нови градинки низ државата рамномерно ги опфаќа сите градови и места каде има потреба од згрижување на деца. Благодарение на бројните мерки што ги презедовме досега, постигнуваме резултати. За прв пат во историјата на државата со поддршка на Владата предводена од СДСМ се изградени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца. За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Како Влада обезбедуваме услови за оптимален развој на детето, помагаме на родителите во воспитување на децата, бидејќи важно е што поголем број деца да одат во градинка и да стекнуваат добри навики уште во најраната возраст.

Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово, не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање на нови работни места. Во оваа нова градинка има 13 нови вработувања, ова е уште една потврда дека заложбите на Владата се рамномерен регионален развој, нови добро платени работни места. Владата предводена од СДСМ, платите во градинките ги зголеми за 21%, а со потпишувањето на измените на Колективниот договор, што преку дијалог го остварија Министерството за труд и социјална политика и СОНК, веќе од септември, вработените во дејноста згрижување и воспитание, плата на воспитувачките, негувателите и стручниот кадар во градинките ја покачивме за 15%. Со Законот за минимална плата, покачување доби и техничкиот персонал.

Јас на почетокот од мојот мандат ветив дека Владата што ја предводам соодветно ќе одговори на енергетската криза, ќе обезбедува сигурност, услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани и за нашите деца. И сето тоа го правиме, секоја општина, секое населено место, секое парче од оваа земја за нас подеднакво е важно, стари, млади, родители, деца, студенти, ученици, вработени, невработени, социјални случаи, најранливи категории граѓани, ние не исклучуваме и не изоставивме никого.

Во време на тешка здравствена и економска криза, ја зголемивме минималната плата, ги покачивме пензиите. Пензионерите кои имаат најмали пензии овие четири месеци ќе добијат дополнителна финансиска, помош никој не треба да се мисли дали да купи млеко или потребниот лек, дали ќе има леб, ако плати струја.

Поддршка добија и ранливите категории граѓани. Ја субвенционираме струјата, за сметките да бидат 5 пати пониски во однос на тоа што би го плаќале граѓаните. Децата, учениците мора да одат во училиште, нема изостанување од настава поради греење, затоа донесовме мерки за училиштата и болниците да набавуваат поевтина струја.

Среќни деца се наша среќна иднина, наша убава старост, оваа е ново време, кое бара решителни и одлучни политичари. Ние на овие деца треба да им создадеме иднина, овде на оваа тло, тоа е патриотизам, тоа е љубов кон земјата. Јас предводам Влада која се стреми низ независните институции и правично општество да им служи на интересите на граѓаните. Моја цел е на овие деца да им овозможам европска иднина, европско образование, европски стандард, живот во безбедна, стабилна и економски силна држава. Нека детската среќа биде почеток на секој работен ден во „Детелинка“, за убаво нека е!”

   

Најново

СДК: „Кајмак“ не е лесен филм, но има животворен хумор и затоа лесно се прима. Баш хуморот е алатката што ја трансцендира суштината на приказната, комплексна како и самиот живот – за малку љубов, за трошка среќа живееме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ГО ПРЕЧЕКАА КОВАЧЕВСКИ ВО ШТИП

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) БРАВО: ВАКА ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПЛОШТАД ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Sase Ivanovski

Приведени крадци фатени на дело во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Премиерот Ковачевски во посета на фабриката за масло Брилијант во Штип

Sase Ivanovski

Во Белгија запленети 115 килограми кокаин, вреден над 11 милиони евра

Sase Ivanovski

Жените на протест во Либан: Бараат поголеми казни за насилство и малтретирање

Sase Ivanovski

Здружението Социо-културен простор Тетово остана без простории

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Sase Ivanovski

Битиќи негира дека контактирал со Онишченко

Sase Ivanovski

Чеченците добија ново оружје. Кадиров: „Задоволство е да се пука од него“

Sase Ivanovski

Путин ликвидираше уште еден непослушник – ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија

Sase Ivanovski

КАРДИНАЛ ГО ШПИУНИРАЛ ПАПАТА ЗА ДА ГО УЦЕНУВА: На пријателка потрошил половина милион евра

Sase Ivanovski

ПУТИН ГУБИ ВАЖЕН СОЈУЗНИК: Му се затвораат вратите

Sase Ivanovski

БОЛНАТА ВИСТИНА КОЈА ЌЕ ВЕ ШОКИРА: Еве зошто децата во рацете на питачите секогаш спијат

Sase Ivanovski

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор социјалните медиуми

Sase Ivanovski

Владејачката словенечка партија го напушта Твитер

Sase Ivanovski

Приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора е 847 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Судијка во долна облека се појави на рочиште: Запали цигара, сите се прашуваат дали е нормална

Sase Ivanovski

НА БАНДEPИ ВО СКОПЈЕ 3AЛЕПЕНИ Ш0КАТНИ СООПШТЕНИЈА: “ВАЖНО! ЖЕНИ ВНИМАВАЈТЕ НА СВОИТЕ МАЖИ КОИ ОДАТ НА РОДИТЕЛСКА”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Миа Костова брутално искрена за тоа дали е подобар сексот со маж или со жена?

Sase Ivanovski

ПОРАНО СЕ ОДЕШЕ КАЈ ШКОЛСКИОТ ПСИХОЛОГ САМО ЗА ДА СЕ ЈАВИШ ДОМА, ДЕНЕС – ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Поголемите деца со депресии, помалите – АДХД

Sase Ivanovski

САМИ ПРОТИВ НИКОЈ Србија е единствената во регионот што не ги почитува мерките на ЕУ против Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Сара Климоска и Филип Трајковиќ од Кајмак во емисијата Стадион на Канал 77

Sase Ivanovski

ДРЕСОТ СО КОСОВО НА СРПСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЈА НАЛУТИ ФИФА Отворена е истрага за натписот „Не се предаваме!“

Sase Ivanovski

САКАВ ДА КУПАМ БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, АМА СЕГА НЕ КУПУВАМ! Онишченко вели дека веќе не го интересира енергетскиот бизнис

Sase Ivanovski

Ковачевски: Не постои застој, ниту селективност при склучувањето на договорите меѓу компаниите и ЕСМ за поевтина струја

Sase Ivanovski

Цената на зејтинот намалена за 40 денари

Sase Ivanovski

Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

Sase Ivanovski

Ленин со видео: Како Данела дрско лаже дека во кампања не се возела со приватен автобус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски: Намалување на цените на основните прехранбени производи е очекувано со успешните антикризни владини мерки

Sase Ivanovski

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги излаже граѓание, не се зголемуваат цените на Катастар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски во „Актива”: Домашните компании со владина поддршка инвестираат и вработуваат, кризата е и можност за економски раст и развој

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Ковачевски: На изборите во 2024 година ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее пораз

Sase Ivanovski

СДСМ:Буџетот за 2023 година обезбедува економска пресвртница и повисоки плати и пензии

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ:Ковачевски има проблем со реалноста – Македонија е во економска и социјална катастрофа и затоа катастрофално ќе изгуби на избори

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Набавивме 12 возила за јавните претпријатија, Куманово помеѓу најдобро класифицираните општини со опрема и современа механизација, ЈП Водовод Куманово после 20 години добива нова опрема

Sase Ivanovski

ОСМАНИ ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА КРАЛСТВОТО САУДИСКА АРАБИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)ГОРИ НАВИВАЧКОТО СЕЛО БЛИЗУ СТАДИОНОТ ЛУСАИЛ ВО КАТАР Чадот е видлив од далеку

Sase Ivanovski

ОСМАНИ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ОСНОВАЧИТЕ НА КЛУБОВИТЕ „Да видиме која е нивната цел, да изградиме мостови на соработка“

Sase Ivanovski

ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО 2024-ТА, ВМРО-ДПМНЕ ПАК ЌЕ ИЗГУБИ Ковачевски зборува за иднината и за можната коалиција со Алтернатива

Sase Ivanovski

Ковачевски: Изминатите пет години Владата изгради двојно повеќе километри патишта од претходните 10 години

Sase Ivanovski

Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ конечно да заседава за „Онишченко”, повикува Ковачевски

Sase Ivanovski

Повлечи ја одма статијата и извини се, побара Јашари од новинарка на „Фокус“ за веста за синот на Талат Џафери

Sase Ivanovski

Ковачевски: Избори ќе имаме во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ДЕЛИ ФЛАЕРИ ДО РУСКАТА ВОЈСКА ЗА ПРАВИЛНАТА ПРОЦЕДУРА КАКО ДА СЕ ПРЕДАДАТ А ДА НЕ ЗАГИНАТ

Sase Ivanovski

ПУТИН ДАДЕ ОТКАЗ НА ДЕСЕТИЦИ ГЕНЕРАЛИ ПОРАДИ ПОРАЗИТЕ НА ИСТОЧНИОТ ФРОНТ ВО УКРАИНА

Sase Ivanovski

НОВИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ВО ПОСЕТА НА КИЕВ, ВЕТИ ДЕКА ПОМОШТА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

Sase Ivanovski

РУСУТЕ СПРЕМААТ НОВО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД 60 КИЛОМЕТРИ НА ФРОНТОТ

Sase Ivanovski

МАЛКУ МУ СЕ 43 ГОДИНИ САКА УШТЕ: ДИКТАТОРОТ НА ЕКВАТОРСКА ГВИНЕЈА ИНИЦИРАШЕ ПРОМЕНИ ВО УСТАВОТ ЗА ДА ВЛАДЕЕ УШТЕ

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ПРОВЛАДИНИ И АНТИ ВЛАДИНИ НАВИВАЧИ СЕ СТЕПАА ВО КАТАР

Sase Ivanovski

РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ОТКАКО ГО ОСВОИЈА КОНГРЕСОТ ТРГНАА ВО ПРОГОН НА СИНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏО БАЈДЕН, ДЕМОКРАТИТЕ ЌЕ ГО БРАНАТ ЖЕСТОКО

Sase Ivanovski

ИРАН ИМ ОБЈАВИ ТОТАЛНА ВОЈНА НА ПРОТЕСТАНТИТЕ

Sase Ivanovski

БРИТАНСКИ ГЕНЕРАЛ: РУСИЈА МОЖЕ ДА СЕ РАСПАДНЕ СЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА СРПСКИ ВОЕН АНАЛИТИЧАР: Русите губат, војниците умираат како пилци затоа што опремата е застарена и неквалитетна затоа што сите тендери се наместени, украдени се стотици милијарди евра од Путиновите другарчиња

Sase Ivanovski

УКРАИНЦИТЕ ПРАВАТ ВИСТИНСКИ МАСАКАР НА ЛИЧНАТА ПРИВАТНА ВОЈСКА НА ПУТИН – ВАГНЕР ГРУП

Sase Ivanovski

ПАПАТА ГО ПОВИКА ЗЕЛЕНСКИ ДА ИМА ВИЗИОНЕРСКИ ПРИСТАП ЗА ДА ГО ВРАТИ МИРОТ ВО УКРАИНА

Sase Ivanovski

КИНЕСКИОТ ПРЕМИЕР ГИ ОСУДИ КАКО НЕОДГОВОРНИ РУСКИТЕ ЗАКАНИ ЗА НУКЛЕАРНА ВОЈНА

Sase Ivanovski

УКРАИНСКИ СУД ОСУДИ НА 12 ГОДИНИ ЗАТВОР РУСКИ ТЕНКИСТ КОЈ ПУКАЛ ВО ЦИВИЛНА ЗГРАДА ВО МАРИУПОЛ

Sase Ivanovski

УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА ЗГРАДА СО РУСКИ ВОЈНИЦИ, УБИЈА 500 ВОЈНИЦИ СО ЕДЕН ПОГОДОК

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Пендаровски со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот

Sase Ivanovski

НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ДИСИДЕНТИ ЗА СОБОРУВАЊЕ ОД ВЛАСТ НА ДИКТАТОРОТ НА СЕВЕРНА КОРЕЈА

Sase Ivanovski

МИСТЕРИЈА ВО САД: КОЈ ГИ ЗАКЛА НА СПИЕЊЕ ЧЕТВОРИЦАТА СТУДЕНТИ ВО УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО АЈДАХО

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ КОИ ЌЕ ОДБИЈАТ ДА СЕ БОРАТ СЕ ОСТАВЕНИ НА БОИШТАТА САМИ ДА СЕ СНАОЃААТ

Sase Ivanovski

КРАЛОТ ЧАРЛС: НАЈГОЛЕМА ГРЕШКА МИ БЕШЕ ШТО ГИ НАТЕРАВ ВИЛИЈАМ И ХАРИ ДА ОДАТ ПО КОВЧЕГОТ НА МАЈКА ИМ, И ДЕНЕСКА ИМААТ ТРАУМИ ОД ТОА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА НАПРАВИ ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ОХРИД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Трипуновски: Овоштарите од преспанскиот регион и оваа година имаат проблем со пласманот, а власта им ја нема исплатено помошта од 3 денари по килограм од лани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШУТО А БОДЕ – МИЦКОВСКИ СЕ ИЗБРУКА, СЕ ФАЛИ ДЕКА ЗНАЕЛ ИСТОРИЈА А НЕ ЗНАЕ КОИ СЕ ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ И ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ВАНЧО МИХАЈЛОВ НЕ БИЛ ФАШИСТ!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура за севкупен економски развој

Sase Ivanovski

Царинска управа: Запленети 12 килограми екстази со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да завршат во државата

Tamara Ivanovska

ВИДЕО: Макрон повторно нападнат со шлаканици

Sase Ivanovski

Второ издание на книгата за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна”

Tamara Ivanovska

Курти: Србија не е нормална земја

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО)„Краватосана Саботажа“

Sase Ivanovski

Во Тирана утре заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово

Tamara Ivanovska

НЕ ЗНАЕМЕ КОЈ Е СЛЕДНИОТ ЧЕКОР НА КУРТИ Српскиот министер за одбрана вели дека на Косово уште е тензично

Sase Ivanovski

МКД.мк-Директорот на топланата Скопје Север, Рамадани пцуеше новинарка: Пи*ка ти материна… матер ти е*ам!

Tamara Ivanovska

СЕКОЈА ТРЕТА ХАУБИЦА ПРАТЕНА ВО УКРАИНА Е ФАЛШ И Русите кубурат со оружјето, ги сечат старите боеви глави!

Sase Ivanovski

Рашковски најави кривични пријави против Русковска и Трајчева

Tamara Ivanovska

Leave a Comment