13.8 C
Скопје
25/02/2024 00:39
МАКТЕЛ

      

Ковачевски: По стапките на Свети Климент Охридски, македонскиот јазик стана реалност во Европа и светот, со цврсти определби ја продолжуваме интеграциската визија

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на централниот настан што во рамки на одбележувањето на денешниот голем државен празник 8 Декември – Свети Климент Охридски, се одржа во Националната и универзитетска библиотека во Скопје, под мотото „Свети Климент Охридски, извор на нашата духовност и образование“.
Во продолжение е интегралното обраќањето на премиерот Ковачевски:
„Почитувани граѓани,
Почитувани претставници од научната и образовната јавност, почитувани членови на Владата, претставници на меѓународната заедница, претставници на армијата, почитувани гости.
Најдобар начин, да се оддаде должна и искрена почит кон безвременското просветителско, обединувачко и духовно дело, со кое што нè задолжи патронот на македонската култура, Свети Климент Охридски, е да се продолжи светиклиментовата мисија.
Македонскиот јазик, којшто досега е познат и прифатен во сферата на книжевноста и на науката, денес е и политичка реалност во Европа и во светот.Македонскиот јазик е рамноправен со јазиците коишто се употребуваат како службени во Обединетите Нации, со јазиците коишто се употребуваат како службени во НАТО, во Европската Унија. Ова значи дека македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот!
Успеавме минатата година, на македонски јазик, да биде потпишан првиот меѓународен договор со Европската Унија. Истовремено започна преведувањето на севкупното европско законодавство на македонски јазик. Со тоа, македонскиот јазик, за прв пат во многувековните заложби за негов рамноправен третман, го поставивме на рамноправно рамниште со јазиците на 27-те земји членки на Европската Унија.
Ова постигнување, што го направивме со меѓународното прифаќање и признание на македонскиот јазик е од суштинско значење, бидејќи конечно покажува безрезервно меѓународно признавање и прифаќање и на нашиот посебен македонски национален и културен идентитет, што претставува вековен аманет на нашите предци.

Македонскиот народ, како и сите други заедници, деловите на другите народи кои живеат во Република Северна Македонија, со својата богата и значајна традиција, историја и култура се наоѓаат на патот за обединување во европското семејство на народите.  А, денес и Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како наследничка на древната Охридска Архиепископија се впишува како автокефална, еднаква црква, со другите сестрински цркви – еднаква со сите канонски православни цркви во светот.

   

Еве вака достоинствено и преку дела се остварува и заложбата на свети Климент Охридски!
Секое време си бара лидери и ја искушува вербата со истрајност и макотрпен труд.
И низ такви искушенија поминал и свети Климент, кога се зафатил со просветителската дејност, поради што доживувал и осуди и прогонства.

 

Но, не се откажал! Опстојал во намерата за образовно и духовно просветлување на Словените и на другите заедници, на македонската почва, но и во тогашната Европа, со силната верба дека постигнувањето на оваа света цел е можно. Така тој се издигнува во една од најзначајните личности за македонската писменост и е меѓу првенците на европската обединувачка идеја.

   

     

Ја основал и Охридската книжевна школа, каде на глаголско, а потоа и на кирилско писмо се преведувале бројни книги и записи, а се изучувале книжевноста, ботаниката, агрономијата, фармацијата, медицината. Со тоа, Охридската книжевна школа станува и првиот своевиден балкански и европски универзитет, речиси два века пред првите официјални универзитети во Европа: Болоња, Оксфорд, Кембриџ, Сорбона, Краков и други. Подоцна, оваа Школа прераснува во еден од најголемите и највлијателните културни и образовни центри, од каде се шири писменоста.

Поради заслугите во афирмирањето на делото на светите браќа Кирил и Методиј и учеството во создавањето на глаголското писмо, кое е првото словенско писмо, Блаже Конески го поврзува свети Климент Охридски непосредно и со почетоците на македонската писменост, литература и култура.

А поради распространувањето на глаголското писмо и на писменоста меѓу Словените на тогашната европска почва, свети Климент Охридски добива значајно место и во европскиот цивилизациски развој, како мисионер за духовно и културно обединување на народите.
Да се потсетиме дека ракописи од Охридската школа денес се наоѓаат речиси во сите значајни светски библиотеки и установи.

Таму поминале над 3.500 ученици, на кои свети Климент, како што бележат историските списи, им ги покажувал буквите, им ја држел раката при пишувањето, им ја објаснувал длабоката смисла на напишаното.Описменетите ученици потоа ја ширеле писменоста и верата низ целиот православен свет, што го потврдува Климентовото дело како исклучително важно за Македонците, но и за целиот словенски и европски свет.

А Охрид, уште пред повеќе од 1.100 години, токму благодарение на Свети Климент, се издига во значајна образовна, културна и духовна европска престолнина, од каде се шират писменоста и цивилизациските вредности.Потенцирајќи го огромното значење на свети Климент Охридски во најширока смисла, сакам да порачам дека моќта и улогата на еден народ – не зависат од неговата големина, од бројноста или според големината на неговата територија, туку според способноста да остане цврст во визионерските потфати, дури и кога тие на прв поглед изгледаат невозможни.

Денес, Република Северна Македонија успеа со храбри и мудри одлуки, помогната од наследениот обединувачки дух, да се консолидира на домашен план. Решивме предизвици што со децении, како карпа, ни стоеја на патот на напредокот. Затоа денес на нас се гледа како на посакувана членка и во Европската Унија, фактор на стабилноста во регионот и во европски контекст.

Мора да се интегрираме и во Европската Унија, затоа што ние како Македонци и сите граѓани на Република Северна Македонија, носиме со себе суштински демократски цивилизациски вредности, како што е обединувањето на различностите. И едноставно ги заслужуваме европските интеграции.
Перфидно и штетно е граѓаните да се збунуваат со лажни заплашувања во однос на македонскиот идентитет, којшто никој никогаш, низ вековите – не успеал, ниту некогаш ќе успее, да го побие.
И убеден сум дека ваквите обиди се веќе препознаени од мнозинството граѓани и многу скоро, но и засекогаш ќе се најдат на буништето на штетниот и опасен лажен патриотизам.

„Словото“ што започнале да го шират светите браќа Кирил и Методиј, нивниот најистакнат ученик свети Климент Охридски, заедно со својот брат, свети Наум, но подоцна и кодификаторите на македонскиот јазик, Крсте Мисирков и Блаже Конески и низа познати и признати македонски автори пред и по нив, низ Европа и низ светот – е во основите на нашиот денешен македонски јазик, којшто, според научни наоди, јасно ја дефинира македонската посебност на културолошки и политички план.

И повеќе не се зборува само за „јазикот на македонската култура“, „јазикот на македонската писменост“, или „јазикот на Блаже Конески“, „јазикот на Матеја Матевски“ – туку, за целиот свет, ние сме македонска држава со посебна македонска култура и со свој македонски јазик. И тоа е реалноста!Заштитата на македонскиот јазик и култура значи континуирана грижа и еманципација на македонскиот јазик.

Во богатиот фонд на оваа национална библиотека, каде што сме денес, има над три милиони библиотечни единици, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.Патронот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, знаејќи го значењето на пишаниот збор, ја формирал првата манастирска библиотека во манастирот Св. Пантелејмон во Охрид, со што станува и основоположник на библиотекарството на овие простори. И ние сега чекориме и по овие негови стапки.

Како Влада, минатата година, во најкризната година поради светската економско енергетска криза, успеавме да реконструираме два од петте кубуси на покривот на Библиотеката, којашто е од национално значење и заслужува темелна заштита во согласност со современите стандарди.
Воедно, со буџетски средства, во Институтот за македонски јазик овозможивме трајна заштита на околу пет милиони записи со стари македонски текстови, како дел од нашето духовно богатство, а некои од нив датираат дури и од 14 век.

Започнавме со формирање Центар за промоција на македонскиот јазик во село Љубојно. Поддржавме дигитализиран Толковен речник на македонскиот јазик и Правопис на македонскиот јазик во дигитална форма. А меѓу низата активности за заштитата на македонскиот јазик е и поддршката на донесувањето нов Закон за употребата на македонскиот јазик.
„Јазикот е нашата целокупна татковина“, ни порача Конески. А, како што вели Мисирков: „За среќа, има и македонска национална култура и историја и тој факт го вооружува македонскиот народ, со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот, како рамноправен член во бројот на културните народи“.

Нека ни е честит и вековит државниот празник „Св. Климент Охридски“!
Нека е честит патрониот празник на бројните државни институции и установи што го носат името на овој наш просветител и духовник.И нека е честит денешниот празник и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, чиј патрон е Св. Климент Охридски, првиот словенски епископ на овие простори на Југоисточна Европа.Во оваа насока, ќе завршам со зборовите на свети Климент Охридски: „Тргај се од злото и чини добро“ – коишто во денешен контекст, повеќе од кога било, се значајни за светот што има потреба од добрина, чесност, љубов, разбирање и разум.Благодарам за вниманието и нека е честит Денот!“

    

Најново

Бербок ја посети Одеса на годишнината од војната

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Нема толеранција за напад на вработен во МВР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 30 ХОЛИВУДСКИ И МУЗИЧКИ ЅВЕЗДИ СО ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ: Мораме да бидеме побрзи, во спротивно нема да имаме шанси

Sase Ivanovski

Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Декември и јануари 2021 и 2022 имаше по 50.000 апликации, 2023 во тие месеци имаше 170.000 апликации и МВР е подготвено да ги услужи сите граѓани

Sase Ivanovski

Ученичка од ,,Јосип Броз Тито” добила опомена пред исклучување – не зошто ја тепала соученичката туку затоа што побарала да и го фотографира модрото око

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕНЕСКА ВО ЦЕЛА ЕВРОПА СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ЗА ПОДДРШКА НА УКРАИНА НА ДВЕ ГОДИНИ ОД РУСКАТА ИНВАЗИЈА

Sase Ivanovski

Во новиот мандат на СДСМ просечната плата ќе биде над 1.000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра

Sase Ivanovski

Украина потпиша билатерални безбедносни договори со Италија и Канада

Sase Ivanovski

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Sase Ivanovski

Фентанил се шири на црниот пазар на Балканот, многу поефтин од хероинот, исто и многу појак и затоа лесно се умира од него со предозирање

Sase Ivanovski

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОДВРАТНО, БИЗАРНО: РУСИЈА ПРОСЛАВИ ДВЕ ГОДИНИ ОД ИНВАЗИЈАТА ВРЗ УКРАИНА СО МАСОВЕН ОГНОМЕТ НАД МОСКВА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕЈВИД КАМЕРОН: ПУТИН СЕ ОДНЕСУВА КАКО ХИТЛЕР!

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ: ГАЛЕБИ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова за кандидатурата: Состојбата во државата бара да не седиме и да коментираме, време е национално единство во секој поглед

Sase Ivanovski

Меџити до Ахмети: Кој ја отвори вратата за руски капитал во земјава?

Sase Ivanovski

ДИК предлага да се гласа и со пасошите со „Република Македонија“ со важечки датум

Sase Ivanovski

САД ставија на црната листа 14 руски танкери

Sase Ivanovski

Бајден: САД не можат да и го свртат грбот на Украина

Sase Ivanovski

Германската министерка ги отфрли преговорите со Путин: „Кој ќе биде следниот што ќе биде нападнат од безмилосен сосед?“

Sase Ivanovski

Шефицата на Европската комисија пристигна во Киев:„Повеќе од кога било, цврсто стоиме покрај Украина“

Sase Ivanovski

Тоа што го прави Израел не е војна, тоа е геноцид, порача бразилскиот претседател

Sase Ivanovski

Ердоган се закани: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го спречи угнетувањето во Газа

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: АКО ПРОДОЛЖИ ВЛАСТА НА СДСМ, ОСНОВНИ НАМИРНИЦИ ЌЕ КУПУВАМЕ СО ВРЕЌИ ПАРИ

Sase Ivanovski

РИШИ СУНАК: СЛАВА УКРАИНИ!

Sase Ivanovski

МАКРОН: УКРАИНА СЕ БОРИ ЗА СЕБЕ И ЗА ЕВРОПА, НЕМА ДА ПРЕСТАНЕМЕ СО ПОДДРШКАТА

Sase Ivanovski

МАКРОН: УКРАИНА СЕ БОРИ ЗА СЕБЕ И ЗА ЕВРОПА, НЕМА ДА ПРЕСТАНЕМЕ СО ПОДДРШКАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 86 работници починале за пет години во Македонија поради повреда на работно место

Sase Ivanovski

Османи ја повика Русија да ја прекине војната и да ги повлече трупите од Украина:„Правдата и одговорноста мора да надвладеат“

Sase Ivanovski

Институциите на ЕУ осветлени во боите на знамето на Украина

Sase Ivanovski

Османи-Кулеба: Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, Западен Балкан, но и на Македонија

Sase Ivanovski

Новинарски здруженија и организации: Политички консензус за медиумска корупција преку злоупотреба на европско знаменце во Собранието

Sase Ivanovski

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Sase Ivanovski

Гутереш: Време е за мир во Украина, Русија ја прекрши Повелбата на ОН

Sase Ivanovski

Од октомври до сега на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи, вели Бојмацалиев

Sase Ivanovski

Мајката на Навални доби рок од три часа да се согласи на приватен погреб

Sase Ivanovski

БОЈМАЦАЛИЕВ: Брзата лента за замена на лични документи е во интерес на професионалните транспортери

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: Вечерва присуствував на отварање на Изборниот штаб во Велес

Sase Ivanovski

ПАДНА ДОГОВОР: ДАНСКА ЌЕ И ДАДЕ НА УКРАИНА АВИОНИ Ф-16

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: МИЦКОВСКИ ЈА ОДБРА СИЉАНОВСКА САМО ЗАТОА ШТО ТАА НЕМА АМБИЦИИ ДА БИДЕ ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) КАСАНДРА НАПОЛНИ 50 ГОДИНИ, А НИЕ УШТЕ ВО ЕУ НЕ ВЛЕГОВМЕ

Sase Ivanovski

Бочварски: Транспортерите и превозниците со приоритет за нов пасош

Sase Ivanovski

Џафери во посета на националниот парк Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туристички и социо-економски развој на шарпланинскиот регион

Sase Ivanovski

Зеленски: Подготвуваме нова контраофанзива

Sase Ivanovski

Град Скопје: Се одржа првиот хуманитарен базар за помош на Леонид Индов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА КАНАДА: ДОСЕГА ДАДОВМЕ БЛИЗУ 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА, ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ДАВАМЕ И ПОНАТАМУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСОФИЛИТЕ ГО ПРЕДЛОЖИЈА ШЕФОТ НА ЕНЕРГЕТСКА КОМОРА ЃОРЃИ МАНАСКОВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА, ПОЧНАА ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ

Sase Ivanovski

Даштевски: Досега пријавени 11 кандидати за претседател на државата, поднесена и една пријава за независен пратеник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МЕЃУ МРТВИТЕ И ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО СО НОВОРОДЕНЧЕ Бројот на загинати во пожарот во Валенсија се искачи на 10 лица

Sase Ivanovski

ГЕРМАНИЈА ЈА ЛЕГАЛИЗИРАШЕ УПОТРЕБАТА НА МАРИХУАНА Еве колку грама ќе се дозволени, а со повеќе од тоа следи апсење!

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Последната пратка обрасци е доказ дека системот функционира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БРУТАЛНА Е ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, СЕ ПРАВАТ МАСАКАР СО ДРОНОВИ И АРТИЛЕРИЈА

Sase Ivanovski

Села и Таравари на тет – а – тет средба се договориле: Штабот во Скопје, сметката на партијата и возилата остануваат кај екс лидерот

Sase Ivanovski

Град Скопје со обвинување до Трајко Славески и ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаат да се откажат од месечниот паушал и да донираат за лекување на Леонид Индов

Sase Ivanovski

Блинкен: Еврејските населби се во спротивност со меѓународното право

Sase Ivanovski

Османи од САД се заблагодари за претседателската кандидатура

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги запре израелските напади врз Газа и Ерусалим

Sase Ivanovski

Силјановска сакала кога шета да биде сама без обезбедување и затоа се думала. Сепак превагнала кандидатурата

Sase Ivanovski

Омбудсманот за случајот со Леонид: Ќе се бара промена на законите за да се овозможи лекување

Sase Ivanovski

СДСМ на став дека шефот на државата треба да се избира на непосредни избори, а не во парламентот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ЏАФЕРИ ИСКАРА ВРАБОТЕНА ВО ТЕТОВО: НЕ ГИ ЗНАЕТЕ ПРОЦЕДУРИТЕ

Sase Ivanovski

Зградата на МНР осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Хоспитализирани уште четири деца со голема кашлица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА УНИШТИ УШТЕ ЕДЕН СКАПОЦЕН РУСКИ АВИОН ЗА ШПИОНАЖА ВРЕДЕН НАД 300 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

Добрата вест е дека е зголемен интересот за вакцинација: Вкупно 57 случаи на голема кашлица во Скопје, засега нема мали сипаници

Sase Ivanovski

ФОТО ЛЕГЕНДАРЕ: СИЉАНОВСКА ВО ПРВ РЕД ВО ВЛАДАТА НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ОД 1992-РА ГОДИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: ДПМНЕ од сабајле се ПРОТИВ уставното име, на пладне се ЗА а навечер НЕ ЗНААТ 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САШКО КОЦЕВ: НАЈГОЛЕМИ ДОБИТНИЦИ ОД ОВА СО ПАСОШИТЕ СЕ СРБИТЕ, ЌЕ СЕ ШИРАТ СЕГА НА ХАЛКИДИКИ НА 4 ЛЕЖАЛКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САШКО КОЦЕВ НА БУБАМАРА: ОВОЈ НАРОД НА ЗАБАР ОДИ КОГА ЦРВИ ЌЕ ПОЧНАТ ДА ИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАБИТЕ НЕ ПА НА ВРЕМЕ ДА ОТИДЕ ПАСОШ ДА ИЗВАДИ

Sase Ivanovski

Тошковски очекува за месец и половина да бидат изготвени пасоши за досега фотографираните граѓани

Sase Ivanovski

НЕПРИЈАТНО Е ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ТОА ВО ЗЕМЈА КОЈА СЕ СМЕТА ЗА ХРИСТИЈАНСКА: Угледни Руси бараат власта да го предаде телото на Навални на семејството

Sase Ivanovski

РУСИЈА Е НОЌНА МОРА ОД ДРЖАВА, ТАКВА ТИРАНИЈА САМО СТАЛИН МОЖЕЛ ДА НАПРАВИ: Ај што го затворија и го убија Навални, па и сега телото не го даваат за да го закопаат?!

Sase Ivanovski

ИНФЛУЕНСЕРКАТА МИА КОСТОВА СОБРА 450 000 ДЕНАРИ ДОНАЦИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЛЕОНИД

Sase Ivanovski

Џафери во ненајавена посета на СВР Тетово, констатираше недостаток на организација во институцијата

Sase Ivanovski

ЏАФЕРИ: Институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Многу би сакал да знам колкумина од македонските пратеници покрај обичниот и дипломатскиот пасош со себе си го носат и бугарскиот пасош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕ Е ЛЕСНО И ВЕСТИ ДА СЕ ЧИТААТ НА ТВ

Sase Ivanovski

Скопјанец е приведен, во угостителски објект ранил познаник

Sase Ivanovski
Вчитувам....