4.8 C
Скопје
20/04/2024 08:17
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: Северна Македонија е регионален лидер во енергетската трансформација, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб

      

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со лидерите од Западен Балкан ги повика инвеститорите од Норвешка да инвестираат во капацитети за обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан кои располагаат со изобилство на сончеви денови, вода и ветер, но и се фокусирани на спроведување на плановите за трансформација на енергетскиот систем.  Во продолжение е изјавата на премиерот Ковачевски пренесена во целост:

   

„За организирање на настан којшто е за целиот регион, посебно во време кога врвна тема на сите состаноци и во регионот и во Европа и ширум светот е снабдувањето со енергија, недостатокот на енергија предизвикан од војната во Украина.  Денеска овде во Белград со лидерите од Западен Балкан имавме можност со инвеститори од Норвешка кои се заинтересирани за вложување во капитални инвестиции за производство на струја од обновливи извори на енергија да разговараме, но и да им ги презентираме нашите стратешки цели како и можностите во делот на обезбедување на електрична енергија од алтернативни извори.

 

Ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаме ние земјите на Балканот, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила. Овој регион во изминатите 30 години беше предмет на поделби, на несогласувања. Меѓутоа во изминатиот период особено во изминатите 2 години, овој регион стана регион на соработка и регион на добрососедски односи. Секаде повторувам дека единствен начин да се преброди било која криза и да се изгради вклучително и енергетска независност и диверизфикација е можно единствено низ регионална соработка со оглед на големината и обемот на инвестиции кои што треба да се прават. Инвестиции кои поединечно ниту една држава не може сама да ги направи.

   

     

Затоа, ова е можност заеднички да ја искористиме глобалната енергетска криза за да ги претвориме нашите држави во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја не само регионот, туку и пошироко. Она што го кажав на панел дискусијата која заврши пред малку ќе го повторам и овде. Фокусот на нашата Влада во услови на најголемата светска криза е енергетиката и производството на храна. Овде ќе се осврнам на енергетиката, бидејќи тоа беше тема на денешниот настан. За ублажување на последиците од кризата преземаме мерки сега, но и планираме и на среден и долг рок за да обезбедиме енергетска независност на Република Северна Македонија и на целиот регион.

Затоа оваа можност, овој денешен состанок со бизнис заедницата од Норвешка го користам да ги повикам инвеститорите да инвестираат во Република Северна Македонија и во сите земји од Западен Балкан. Владата на Република Северна Македонија како ниеднаш до сега вложува во енергетиката и во проекти кои на среден и долг рок ќе носат само бенефит. Посветени сме на енергетската транзиција на земјата, затоа што знаеме дека тоа е иднината и за енергетска независност, но и за заштита на животната средина.

И затоа само во мандатот на мојата Влада во изминатите 10 месеци имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата што е повеќе за 11 мегавати од она што беше направено вкупно за 11 години во мандатот на претходната Влада. Стабилен електроенергетски систем е приоритетна цел и пресудна за да имаме сигурност во снабдувањето со електрична енергија и нови инвестиции и во иднина, бидејќи без стабилен енергетски сектор не може да има развој на било кое друго индустриско производство.

Исто така сакам да порачам на странските инвеститори дека Северна Македонија успеа да го деблокира патот кон Европа, да влезе во НАТО и да создаде Отворен Балкан што ја става Северна Македонија во сосема поинаква позиција од онаа што беше само пред пет години. Исто така, треба да се посочи и фактот дека Северна Македонија донесе нова Стратегија за развој на енергетика до 2040 година со која е  целосно базирана на Европскиот Зелен Договор и оваа Стратегија веќе ја имплементираме кај нас. Во моментот во фаза на преговарање се неколку Договори за стратешки инвестиции за инсталиран капацитет од еден гигават, во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, како и комбинирана гасна централа и тоа со реномирани големи европски компании, од Франција, Германија и Грција.

Енергетската транзиција ја започнавме со инвестиција во фотонапонската електрана од десет мегавати, сопственост на ЕСМ, која се изгради на поранешните наоѓалишта на јаглен во еден од нашите термо електрични капацитети и ова е прва во енергетската транзиција од електрана на јаглен, во чиста енергија во регионот, а дополнително објавен е јавен повик за изградба за уште една иста таква електрана, на истата локација и дополнително на истата локација се почнуваат подготовките на изградба на 100 мегаватна електрана од страна на 2 странски инвеститори врз основа на јавно приватно партнерство договорено.

Неодамна почна со работа најголемата фотонапонска централа во Северна Македонија со капацитет 17 МW изградена токму од страна на компанијата од Словенија, проект доделен врз основа на првите транспарентни постапки за премиум тарифи која е направена на негативна аукција и која е спроведена токму од оваа Влада. Во наредните две години, треба се пуштат во употреба сите 130 мегавати на фотонапонски електрани, по пат на премиуми за кој се потпишани договори во изминатите две години.

И на крај, во Северна Македонија одамна се проектира еден историски проект, реверзибилна електрана „Чебрен“ за која што по 13 неуспешни тендери, за прв пат оваа година има понудувач и доколку сé биде според она што е пропишано во документацијата и барањата, конечно ќе имаме инвеститор кој конечно ќе може да ја започне изградбата на овој огромен проект. Тој ќе претставува не само придобивка за енергетскиот сектор на Северна Македонија за базна и енергија за балансирање, туку и за целиот регион особено за земјите од опкружувањето со кои имаме високо напонска мрежа за поврзување. Ни претстои тешка зима на сите нас, на целиот регион и на цел Европски континент. Но убеден сум дека со солидарност и со соработката, почитта и со другарството кое го покажавме помеѓу нас, тука присутни, дека така најлесно ќе ја пребродиме оваа криза.

Од оваа иста говорница и јас и претседателот на Србија зборувавме за нашите напори да ги искористиме вишоците на гас кои ги има Србија, а со оглед на тоа што во Северна Македонија постои гасна централа со капацитет од 205 мегавати, да направиме договор во којшто гасот по подобра цена од онаа која беше во моментот на највисоките цени на светските берзи ќе биде донесен до Северна Македонија. Тука ќе биде произведена електрична енергија која потоа ќе биде поделена помеѓу Северна Македонија и Србија.

На тој начин нашата индустрија ќе добие електрична енергија по пониска цена од она што го добива од регионалните берзи, а Србија ќе може да ги надомести своите недостатоци на електрична енергија во јужниот дел на земјата. Многу пати ме прашуваа и мене и претседателот Вучиќ дали имаме решение за тоа. Ние не прекинавме да разговараме и нашите тимови да работат на изнаоѓање на решение и мислам дека во моментов сме многу поблиску до решение од тоа што бевме на почетокот.“

    

Најново

АЏИБАДЕМ СИСТИНА НАЈПОСАКУВАНА РАБОТНА СРЕДИНА МЕЃУ БОЛНИЦИТЕ

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Sase Ivanovski

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди,  СДСМ е од граѓаните за граѓаните, СДСМ е избор на секој далековид човек

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: Секој ден се будам во 6 сабајле, нема ден да сум промашил со децении

Sase Ivanovski

Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници 

Sase Ivanovski

МФ: Нема незаконитост во одлуките на МФ, се поништува одлуката на ДИК и се враќа на повторно одлучување

Sase Ivanovski

Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ до сега

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: СО ЗАЕВ НЕ ПОВРЗА ХУМАНОСТА, ТОА ПРИЈАТЕЛСТВО ЌЕ ТРАЕ ДО КРАЈ НА ЖИВОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОТСЕКОГАШ МЕ ФАСЦИНИРАЛ ЦЕНТРАЛНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ, НЕМА НЕШТО ТОЛКУ СОВРШЕНО ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: КОГА БЕВ СТУДЕНТ ПЕРЕВ КОЛИ ВО ПЕРАЛНА

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Sase Ivanovski

Мисајловски: Собранието да има 90 пратеници и да се укине балансерот при вработувањето

Sase Ivanovski

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост 

Sase Ivanovski

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија „ТИ СИ НА РЕД“ ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски: Македонија не смее да води еднонасочни политики

Sase Ivanovski

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Sase Ivanovski

Kовачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите

Sase Ivanovski

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

Sase Ivanovski

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

Sase Ivanovski

Спасовски од Куманово: Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината!

Sase Ivanovski

Зеленски: Способностите на украинските копнени сили ќе бидат ограничени се додека Русија има предност во воздухот

Sase Ivanovski

Амирабдолахиан: Израелските дронови не предизвикаа штета или жртви во Исфахан

Sase Ivanovski

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран

Sase Ivanovski

Орбан: Западот е на чекор од испраќање воени единици во Украина, Брисел си игра со оган

Sase Ivanovski

Странски агенции: Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на Милановиќ да формира влада

Sase Ivanovski

Во Бања Лука митинг „Српска те вика“, реакција на иницијатата за усвојување на Резолуцијата за Сребреница во ОН

Sase Ivanovski

Зошто возрасните треба да читаат детски книги? 

Sase Ivanovski

Меџити: Коалицијата ВЛЕН е по барање на народот, а коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите, е коалиција од зорт

Sase Ivanovski

Османи: Покрај државниот консензус за ЕУ, мора да има и економски државен консензус

Sase Ivanovski

Ако го ставеа Усеин зад решетки по пријавата, смртта на Танкица ќе се спречеше, вели нејзина блиска пријателка

Sase Ivanovski

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Sase Ivanovski

ЈАНЧЕВ: Во „Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион – ШЕПА“ ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите девет општини во регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНВЕСТИЦИЈА ОД 100 000 ЕВРА ВО КАВАДАРЦИ, ДЕЛ ДОНАЦИИ ОД ФИРМИ: Интервентен центар за привремено згрижување на лица со социјален ризик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЦЕЛО КАВАДАРЦИ СЛАВИ: ГФК ТИКВЕШ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КУП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГФК ТИКВЕШ ГИ ОБЕДИНИ ВМРО ДПМНЕ И СДСМ ВО КАВАДАРЦИ ПО ГОЛЕМИОТ УСПЕХ ДА СЕ ПЛАСИРААТ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНЧЕВ: Општина Кавадарци во изминатите 7 години континуирано инвестира во подобрување на јавното улично осветлување

Sase Ivanovski

Димитриевски денеска од Ѓорче Петров порача: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Sase Ivanovski

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан: Нетанјаху се обидува да го вовлече регионот во војна за да обезбеди моќ

Sase Ivanovski

Дроновите камикази се закана која може да ги банкротира западните војски

Sase Ivanovski

Пеци: Зачленувањето на Косово во СЕ ќе се одложи ако не започне процесот за формирање на ЗСО

Sase Ivanovski

Руски напад на Чернигов, осум мртви

Sase Ivanovski

Милановиќ: Мора да се почитува волјата на мнозинството, ова е подготовка за државен удар

Sase Ivanovski

Киев: Русија планира операција под „лажно знаме“ во нуклеарката Запорожје

Sase Ivanovski

Јапонија го наполни со гориво најголемиот нуклеарен реактор во светот

Sase Ivanovski

Кризен состанок НАТО-Зеленски: Сојузниците од Алијансата ќе испратат во Украина повеќе ПВО системи

Sase Ivanovski

Мадиќ: Го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата, да го отвориме Уставот за да почнеме со европската агенда

Sase Ivanovski

Туск: Полска ќе се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит

Sase Ivanovski

Мадиќ: Без да се отвори Уставот нема евроинтеграции и напредок во државата

Sase Ivanovski

Гутереш: Крајно време е да запрат одмаздите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бомбардерите на американските воздухопловни сили со долг дострел Б-52 од 20-та ескадрила извршија слетување на цивилен аеродром како дел од вежбата „Bayou Vigilance“ на 12 април 2024 година

Sase Ivanovski

Лидерот на СДП за одлуката на хрватскиот Уставен суд дека хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, не може да добие ниту мандат за составување влада, а не пак да биде премиер: Ова е срамно, недозволиво, нема да мине

Sase Ivanovski

ДКСК пресече во корист на Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на слушатели

Sase Ivanovski

Јулија и Алексеј Навални ја добија наградата за слобода на медиумите во Германија

Sase Ivanovski

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите

Sase Ivanovski

Курти: Србија е закана за регионот, нивната војска изведува вежби со дронови-камикази близу Косово и Црна Гора

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ВО ЕМИРАТИ ПРЕДИЗВИКА КАТАКЛИЗМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ДЕН ОТКАКО МИЦКОВСКИ ПОНУДИ ПРИМИРЈЕ СО ЛЕВИЦА И ЗНАМ, МАЛЧЕСКИ И ЗЛАТЕВ РАСПАЛИЈА ЖЕСТОКО ПО ЛЕВИЦА

Sase Ivanovski

Лавров: И да почне преговори со Украина, Русија нема да прави паузи во борбите

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во културата ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти

Sase Ivanovski

Ибрамоски и Глигорова во Битола на потпишување на петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЛАТЕВ: МОРА ДА СЕ ПРИЗНАЕ, СТЕВО Е УБАВ ЧОВЕК

Sase Ivanovski

НА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА МУ ТРЕБАА 2,5 ЧАСА ДА ГО УБЕДИ ТРАМП НА СРЕДБА ВО ЊУЈОРК ДА ЈА ОТКОЧИ ПОМОШТА ЗА УКРАИНА КОЈА СО МЕСЕЦИ Е ЗАГЛАВЕНА ВО КОНГРЕСОТ

Sase Ivanovski

УКРАИНА МОЖЕ ЌЕ СЕ СПАСИ: СЕ ОДГЛАВИ ПАКЕТОТ ОД 60 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС, СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ИЗГЛАСА СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ

Sase Ivanovski

Кон „Време на бетон“ на Игор Иванов Изи: Од брутализам до брутална урбана катаклизма на Скопје

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека соборила руски бомбардер, Москва вели дека станува збор за технички дефект

Sase Ivanovski

Маричиќ на средба со пензионерка од Карпош: Како што растат внуците, така нека растат и пензиите

Sase Ivanovski

СОНК контра МОН: Од кога неработните денови стануваат работни за училиштата?

Sase Ivanovski

Влатко Стефановски пишува автобиографија!

Sase Ivanovski

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Sase Ivanovski

Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Sase Ivanovski

Трошановски: Првиот чекор во борбата против корупција е судството да се ослободи од партиски влијанија

Sase Ivanovski

Димитриевски ја прифаќа идејата на Мицкоски за национално единство, Апасиев е контра

Sase Ivanovski

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Не знаат што напишале во програмата, Сиљановска би требало да знае – Врховен командат е претседателот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: На Давкова нека и служи на чест! Нејзиниот сопруг го кршеше ембаргото со Србија и правеше 1 милион марки на ден!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Мицкоски зборува чист бугарски јазик!

Sase Ivanovski

Регрес од 3.000 до 6.000 денари во грејната сезона за пензионерите, вети Филипче од Струмица

Sase Ivanovski
Вчитувам....