Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022, Стево и јас седевме заедно, сами. Стево рече вака: Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол, зборуваше лидерот на СДСМ на конвенцијата за промоција на програмата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Победата почнува тука, денеска, победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на конвенцијата за промоција на програмата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Тој е прогресивен претседател, верува во прогресивна Македонија и не се откажува од европската иднина, додаде Ковачевски.
-Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022, Стево и јас седевме заедно, сами. Стево рече вака: Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол. И затоа, нема да те оставам сам. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Ќе стојам рамо до рамо и со пратениците со кои заедно ќе ја водиш битката во парламентот. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: ДА, Македонија треба го прифати европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа и го направи, тоа е лидерство. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери – рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ рече дека тоа му дало поттик да отиде заедно со пратениците и во парламентот да ја кажам идејата за Европска Македонија.
– Со вакви храбри луѓе, направени од ваков цврст материјал што ништо не може да го скрши, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Европска Македонија ќе биде реалност! Нема откажување, како што јас и Стево не се откажавме, ни во тие најтешки наши моменти. Тоа го направивме не затоа што е лесно, туку напротив, затоа што е тешко и затоа што знаевме дека нема кој друг да ја донесе таа одлука. Затоа што јас и тој требаше да ја донесеме одлуката. Ниту Стево ниту јас не се откажавме и никогаш нема да се откажеме – рече Ковачевски вечерва на конвенцијата за претседател во Скопје.