Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:
Како една од помладите членки, се посветивме сериозно и ја достигнавме најбрзата воена интеграција од било која претходна земја членка која се придружила на Алијансата. Изминатава година особен фокус ставивме на нашето јакнење во справувањето со хибридните закани и сајбер одбраната, за што морам да се заблагодарам на МО и на МВР кои што во соработка со НАТО ја имаат целосната поддршка од нашите сојузници во овие големи предизвици кои ги имавме на почетокот на годината.
За некој месец ги достигнуваме и зацртаните 2% од БДП кои ги одлучивме на годишнешниот Самит во Вилнус, каде воедно и го договоривме и најробусниот план за одбрана на НАТО.
Продолжуваме и со нашиот придонес во мисиите на НАТО во Косово и во Ирак и во борбените групи на НАТО во Летонија, Романија и Бугарија.
Со нашата обединетост како сојузници докажуваме дека Алијансата е посилна и побројна од кога било досега и тоа во годината која донесе најголем предизвик за алијансата од нејзиното основање.
Продолжиме и со нашата силна поддршка на Украина во борбата за својата слобода и мир за својот народ, а против ужасите кои Руската воена агресија се уште ги предизвикува на територијата во Украина.
Со иста посветеност продолжуваме да дејствуваме како фактор на стабилност во регионот по што сме и со право препознаени. Безбедноста на Западен Балкан, и враќањето на дипломатијата како основен конструктивен начин за градење и развивање на добрососедските односи е духот за кој се залагаме.Стабилноста на регионот е исклучително и суштински важна и тоа повеќе од кога било досега. Токму затоа наш приоритет е евро-атланската интеграција. Пред сѐ на Северна Македонија но и на регионот. Не смееме да имаме пречки и кочници на тој пат, и ќе направиме сѐ што е потребно за да го исчекориме до крај. Сѐ до нашето членство во Европската Унија до 2030 година.
Залагањето за безбедноста, мирот и поквалитетен живот на нашите граѓани не може и не смее да биде попречено од политички калкулации на деструктивни политичари.
Сите сме сведоци колкава е разликата откако станавме членка на НАТО. Северна Македонија пред сѐ рамноправно и секако активно учествува и одлучува за регионалната, европската и глобалната безбедност. Но, членството во НАТО за нас значи и економски развој.
Со стабилноста и безбедноста обезбедена со членството во НАТО, Северна Македонија е препознаена и признаена од инвеститорите како добра дестинација и тоа го потврдуваат најдобро бројките во однос на странските директни инвестиции, во однос на зголемениот број на вработени, зголемена просечна плата која денес е објавена дека е највисока во историјата на државата и намалениот број на невработени лица.
Токму затоа европскиот пат е вистинскиот пат исто како и интеграцијата во НАТО што беше вистинска интеграција за државата пред 3 години. Нашите граѓани заслужуваат да се дел од Унија на најразвиените, најбогатите држави, со кои ќе достигнеме економски напредок, но и социјална правда и врвно владеење на демократијата и врно владеење на правото.
А дека ќе има развој ако останеме на овој пат, покажуваат и анализите и искуствата за земјите пред и по влезот во ЕУ.
На овој европски пат, секоја поддршка е добредојдена и посакувана. И тука, сакам на Генералниот секретар на НАТО лично да му се заблагодарам за неговата силна заложба за евро-атланската интеграција на Северна Македонија и на Западниот Балкан во целост.
Една стратешка цел со НАТО е исполнета. Верувам дека со ваша и со помош на нашите пријатели од евроатланската заедница ќе успееме да ја исполниме и втората стратешка цел, членството во ЕУ, и да ги исполниме барањата и очекувањата на граѓаните за подобар, попросперитетен и побогат живот.
Сакам да се заблагодарам за исклучително добрата соработка со ген-секот на НАТО, со неговите помошници со кои дел имаме и тука присутни денес со нас. Успеавме со нив да совладаме голем број на предизвици во текот на изминатите години, изминатите 3 години од кои 2 бев јас претседател на Влада и соработуваме исклучително успешно. Можам да дадам само позитивни зборови за понекогаш дневната комуникација која ја имаме со генералниот секретар и секако на ниво на министри за одбрана и министри за надворешни работи кои учествуваат на состаноците во НАТО на ниво на министерски состаноци за одбрана и надворешни работи.Благодарам и на нашиот амбасадор Дане Талески кој е амбасадор на мисијата во НАТО кој на високо ниво ја извршува својата задача во Брисел.