
-Адресата на хациендата со базен на Славјанка Петровска е и адресата која според нашите сознанија е место на живеење по лична карта на министерката. Ако таа тврди дека не е така, нека ја покаже личната карта на увид на јавноста. Петровска на последните избори гласаше на избирачкото место на кое гласаат жителите на Радишанска од реонот во кој се наоѓа хациендата со базен. Повеќе од јасно е дека хациендата е живеалиште на Петровска по документи која истите ги има во институциите. Нејасно е само зошто крие од јавноста? И дали една од причините е затоа што луксузната хациенда со базен е дивоградба? Петровска да не бега од одговорност. Петровска е фатена во лага и веднаш да си даде оставка од позицијата Министер за одбрана. Личност која крие имот, а во исто време е во посед на дивоградба не смее да извршува таква одговорна функција. Истовремено ги повикуваме институциите да отворат постапка за Петровска. Одговорност мора да има. И политичка и кривична, нагласи пратеникот.