16.8 C
Скопје
22/04/2024 18:55
МАКТЕЛ

  

     

 

Кога и Имануел Кант станува непријател

      

Осамената смрт на Алексеј Навални во затворот зад Арктичкиот круг може да се каже дека не беше неочекувана, а во исто време беше и шокантна. Нема емпириски податоци како таа влијаеше врз перцепциите на оној дел од општественото ткиво во Македонија кое е прилично наклонето кон Русија, деспотското владеење на Владимир Путин и парчиња од моделот што би сакале да се примени овде. Но фактот дека на неговата мајка Људмила пет дена не ѝ дозволуваа да го види телото на својот умрен син, а откако ѝ дозволија ја уценувале да го погребе во тајност, тоа секако има влијание врз оние што се колнат во словенството и традиционалните православни вредности. Во рамките на тие вредности шетањето на изнемоштената мајка по големите снегови и страшни студови во арктичките градови, барајќи да открие каде е телото на нејзиниот сакан син, предизвикува „шмелцување“ кое тешко се објаснува, а во исто време се сфаќа дека нешто не е во ред во она во што се верува.

   

Но тоа не е сѐ, како што оди слоганот од една популарна телевизиска реклама. Каков систем се воспоставува во Русија за време на сегашниот претседателски мандат на Путин покажуваат и два „настани во движење“ по смртта на Навални. Независните руски медиуми јавуваат дека во Санкт Петербург почнаа да им испорачуваат покани за регрутирање во армијата (а потоа и испраќање на фронтот во Украина) на оние што биле приведени кога положувале цвеќе за спомен на Навални на симболични споменици. Приведените биле пуштани, но кога ќе стигнеле дома веќе ги чекал повикот да се јават во армијата. Стари или млади, сеедно. Неверојатен психолошки и друг вид терор.

 

Интервјуто со Такер Карлсон како образовен предмет

   

     

Во исто време, интервјуто на Путин со поранешниот водител на Фокс њуз, Такер Карлсон (икона на американската десница), веќе е ставено во образовните програми за руските училишта. Според упатството на министерството за образование до наставниците двочасовното интервју се нарекува „значаен образовен ресурс“ и се препорачува за употреба за „образовни цели“ – на часови по историја, општествени науки и „во контекст на патриотското образование“. Наставниците се охрабруваат да бидат „домаќини на класни дебати“ во кои учениците дискутираат за интервјуто. Во меморандумот се препорачува интервјуто на Путин да се користи во лекциите по историја за „анализа на современите меѓународни односи и нивните историски корени“. На часовите по општествени науки, интервјуто може да биде корисно за „дискусија за граѓанска одговорност и развивање критички поглед на современите политички процеси“.

„Важно е наставниците во училницата да го прочитаат ова интервју бидејќи тоа може да послужи како основа за дискусии во училницата за важноста на граѓанската одговорност и историската свест“, пишуваат авторите на меморандумот.

Ова како да произлегло од тефтерите на Мао Цедунг за време на Културната револуција. Или од првите десетина години од големите погроми на Сталин. Просто е е неверојатно каде се движи Русија.

Во тој неверојатен правец еден настан од пред петнаесетина дена изгледа дополнително шокантен. Во логиката која се испревртува како вител големиот филозоф Имануел Кант беше прогласен за виновник за војната во Украина и консеквентно – непријател. Во забревтаниот руски изолационизам многу работи се парадоксални, но оваа приказна со Кант изгледа како највчудоневидувачка.

 

Оваа година се навршуваат 300 години од раѓањето на Кант (1724-1804). Тој беше роден во Кенигсберг, Источна Прусија, и наводно никогаш не го напуштил неговиот град. По Втората светска војна Советскиот Сојуз ја присвои оваа територија, Кенигсберг го преименува како Калининград и сега областа е руска енклава што излегува на Балтичкото Море.

 

Кант е одговорен за глобалниот хаос“

До неодамна, Имануел Кант беше градска маскота на Калининград, негова главна атракција и заштитен знак. Што сѐ нема именувано таму според Кант – Универзитетот Кант, улицата Кант, Музејот Кант, гробот на Кант, островот на Кант, филозофската патека на Кант, кафулето „Посета на Кант“ и пекарата „Кантови лепчиња“. Големиот филозоф беше симбол на отвореност и нагласен космополитизам на енклавата која се наоѓа меѓу Полска и Литванија. Тоа е Русија, но културниот идентитет на градот во постсоветското време беше изграден врз поинакви основи, повеќе европски.

Но точно пред две години, на 24 февруари 2022, Русија изврши целосна инвазија на Украина и наративот за Кант почна да се менува.

На 9 февруари во Светлогорск, крајбрежен град на Балтичкото Море, се одржа V конгрес на политиколози. На собирот зборуваше и гувернерот на Калининградската област, Антон Алиханов, и императивно рече рече дека германскиот филозоф од Кенигсберг, главниот град на Источна Прусија, е одговорен за меѓународниот хаос. Филозофот кој постојано се спротивставуваше на војните.

Младиот гувернер пред неколку години гордо го отвори Музејот Кант, па дури ги нарече „вандали“ групата националисти кои истурија боја на споменикот на филозофот. Сега ја води борбата против доминацијата на Кант во градот и го жртвува главниот симбол на регионот на олтарот на новиот изолационизам на Кремљ.

„Сакам да покажам дека Имануел Кант, роден овде пред 300 години, има речиси директна врска со глобалниот хаос […] со кој се соочуваме денес. Освен тоа, има директна врска со воениот конфликт во Украина“, рече Алиханов. Бидејќи „Кант е еден од духовните творци на современиот Запад“, тогаш тој ја сноси одговорноста „за сето ова“.

Во првиот ред на публиката седеше Александар Дугин, проповедникот на неоевроазијството. Тој таму беше претставник на Вишата политичка школа „Иван Иљин“. Иљин е опскурен руски филозоф од првите децении на 20. век, кој сега има армии следбеници во највисоките ешалони на руската власт, а посебно во Кремљ. Во центарот на оваа идеологија што ја промовираше Иљин, а ја спроведува Дугин, е тезата дека Русија е посебна цивилизација на која ѝ се туѓи универзалните норми и вредности, па затоа главната задача на властите во Русија е по секоја цена да го спречат нивното навлегување во земјата.

 

„Од Кант до Круп“

Николај Плотников, професор по интелектуална историја на Универзитетот Рур, Германија, го разобличува ова антикантијанство.

„Тонот (на Алиханов) се покажа дека е лажен. За да ја оправда својата изјава, гувернерот мораше да посегне во ковчег од старо интелектуално ѓубре и да ја извади тезата изедена од молец на еден од основачите на рускиот филозофски шовинизам, Владимир Ерн, кој пред избувнувањето на Првата светска војна, стана познат по тоа што ја прогласи Кантовата филозофија за причина за германскиот милитаризам. Неословенофилот Ерн ја спореди критиката на Кант за догмите на старата филозофија со топовите на ‘Круп’ кои ги уништуваат европските градови и повика на брзо ослободување на руската мисла од болната доминација на кантијанскиот рационализам. Ерн ја искористи својата демагошка формула ‘Од Кант до Круп’ за филозофски да ја потврди супериорноста на руското оружје над германското и во исто време да ја утврди идеологијата за супериорност на ‘руската душа’“, го оцени Плотников излагањето на гувернерот во независниот руски медиум „Медуза“.

Според Плотников, во оваа слика на светот, во која вековните тези на Освалд Шпенглер (германски полиматичар и историчар од пред сто години, чија главна книга е „Опаѓањето на Западот“) и руските евроазијци за затворени и непробојни култури се мешаат со визиите на американскиот политиколог Семјуел Хантингтон за „судирот на цивилизациите“ по распадот на комунизмот. „За приврзаниците на оваа слика на светот, Кант е навистина непријател број еден, бидејќи тој е творец на филозофијата на моралниот универзализам и нејзините принципи за безусловно достоинство на поединецот и универзалните човекови права, кои важат во сите цивилизации без разлика на културните разлики. За Кант, под какви било околности и во секој контекст, лагата останува лага, понижување на достоинството – понижување на достоинството, насилство врз личноста – насилство“, вели Плотников.

Универзалниот морален принцип на Кант беше формулиран во категоричен императив: „Постапувајте на таков начин што принципот на вашите постапки може да стане универзален закон“. Во своите ескапади против Кант, гувернерот Алиханов ги употреби најсофистицираните фигури на антикантијанизмот и сакаше да ја „разоткрие сатанската природа на кантијанската филозофија, која заедно со современиот западен свет е заробена од ‘злите духови’“.

„Денес, во 2024 година, сме доволно храбри да тврдиме дека не само што започна Првата светска војна со делото на Кант, туку и сегашниот конфликт во Украина“, ги уверуваше гувернерот Антон Алиханов своите слушатели и пошироката руска јавност: „Гледано од Запад, Имануел Кант е татко на речиси сè. Тој е татко на слободата, на идејата за владеење на правото, на либерализмот, на рационализмот, па дури и на идејата за Европската унија. Некои дури велат дека идејата на Обединетите нации е негова“, продолжи гувернерот. И наведувајќи ги делата „Критика на чистиот ум“ и „Основите на метафизиката на моралот“ тој тврди дека Имануел Кант „ги постави темелите на класичната германска филозофија“, обележана со „безбожност и отсуство на повисоки вредности“.

Изгледа чудно, но Кант фигурира во историјата на руската култура како синоним за ѓаволот. Владимир Ерн, кого го споменавме погоре, а кој беше цитиран од гувернерот, бил горд што ја открил „луциферската енергија“ во филозофијата на Кант.

Дури и феноменалниот роман „Мајсторот и Маргарита“ на Михаил Булгаков уште во своите воведни страници се занимава со Кант. За време на чудната средба кај Патријаршиските рибници во Москва на уредникот на едно литературно списание, младиот поет и загадочниот „професор“.

„Браво! Штотуку ги потврдивте мислите на немирниот старец Имануел [Кант]. Тој ги урна сите пет докази (за постоењето на Бог), за потоа, како за потсмев на самиот себеси да создаде шести, свој сопствен доказ“, извикува „професорот“, странец кој се нарекува себеси историчар, зад кој во реалноста се крие ѓаволот во делото напишано помеѓу 1927 и 1940 година. „Да го земеме вашиот Кант и за таквите докази да го испратиме на три години во Соловки“, му вели младиот поет. Архипелагот Соловетски Острови на северот на Русија, во Белото Море, беше место за затвор и прогонство, претходник на подоцнежниот гулаг.

Но „професорот“ со некаков вознес одговара на забелешката дека на Кант за време на еден појадок му велел дека измислил нешто „несмасно, тоа е можеби умно но е многу неразбирливо. Ќе се подбиваат со вас луѓето“ и додава: „Невозможно е да го испратиме во Соловки бидејќи повеќе од сто години престојува во места кои се многу подалечни од Соловки и на ниеден начин не може да се извлече оттаму“.

Владимир Путин сто пати досега кажа дека населението во источна Украина историски било руско. Тоа му го рече и на Такер Карлсон. И затоа Русија требало да интервенира за да го заштити. До 1945 година населението во Калининград беше составено претежно од Пруси. Сега не е така. Сега се таму Руси. Што значи дека популацијата во Калининградската област е „вештачка“. Поради таа вистина треба да се нападне и Кант.

Сепак, вистината е во Кенигсберг, а лагата во Калининград.

    

Најново

Богојески: Хејтери во политиката ми го злоупотребуваат прекарот Бунтур наследен од прадедо ми од Илинденското востание

Sase Ivanovski

Продолжи судењето на Бјелогрлиќ за физичкиот напад врз Антонијевиќ: Забавените снимки откриваат детали за инцидентот

Sase Ivanovski

СЕ ПОДГОТВУВА ЗА СМРТТА Шенон Доерти го продава имотот

Sase Ivanovski

ИФИМЕС: Ризик од Ивановизација на претседателската функција

Sase Ivanovski

Уставот на раскрсница: „Ако веќе се отвора…“

Sase Ivanovski

За Ванковска надворешната политика ни е вазалска, а според Димитриевски имаме бизнис-доверителка дипломатија

Sase Ivanovski

Лавров:„Нема дијалог со САД за стратешка стабилност во услови на тотална глобална војна против Русија“

Sase Ivanovski

Шефот на израелската воена разузнавачка служба поднесе оставка

Sase Ivanovski

Економската директорка на Клиниката за токсикологија одби да зборува на македонски јазик, новинарите ја напуштија салата

Sase Ivanovski

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на изборите во училиштата ако се најде друго решение

Sase Ivanovski

Реакција на Синдикатот на УПОЗ при Министерството за култура: Ѝ благодариме на министерката која НЕ застана во одбрана на вработените и не ги осуди навредите и омаловажувањата кон нив

Sase Ivanovski

Театарската претстава „Јагнето“ во Public Room

Sase Ivanovski

Во Грција приведени десетици лица поради убиството на полицаецот за време на одбојкарски натпревар

Sase Ivanovski

Врачена највисоката награда – ГРАН ПРИ на Мице Јанкуловски на Меѓународно биенале на уметноста на минијатура во Горњи Милановац

Sase Ivanovski

Утре гласа дијаспората, затворениците и болните и изнемоштени лица

Sase Ivanovski

Авторката Оливера Зуловиќ присустуваше на промоцијата на „Прирачник за солиден живот“ која ја освои наградата на „Политикин забавник“ за најдобара книга за деца и млади

Sase Ivanovski

АВМУ: Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, нема вести ни за Парламентарните избори

Sase Ivanovski

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

Соборено израелско безпилотно летало на либанска територија

Sase Ivanovski

Петровска од големиот граѓански митинг: Во првите три месеци од мандатот 60.000 денари плата за пожарникарите

Sase Ivanovski

Агрон Демири: Нема откажување од иднината! Младите сакаат европска иднина!

Sase Ivanovski

Спасовски: Во следните 4 години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Sase Ivanovski

Производителите на пролетна зелка можат да бидат спокојни, предвидуваме мерка за нивна поддршка

Sase Ivanovski

Димитриевски на дебатата во МРТВ: Граѓаните да излезат и да стават крај на сето ова што се случува 30 години од едни исти луѓе, на ист начин

Sase Ivanovski

Николовски: Со европски мерки и политики до европски образовен систем

Sase Ivanovski

Тренчевска: Со Гаранција за млади ќе опфатиме нови 35.000 млади лица

Sase Ivanovski

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја по изјавата на Бајден дека неговиот вујко го изеле канибали:„Мојата земја не заслужува таква етикета“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАЛЕСКИ: ИЗГРАДИВМЕ ИКТ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 11 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОБАН ЈАНКОСКИ, ЧЛЕН НА ИК НА ЛДП НЕ СЕ СРАМИ ДА ПРИЗНАЕ ДЕКА САМ СИ ГИ ПЕГЛА КОШУЛИТЕ

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Анкета на Евротинк – 50% задоволство од управни служби за време на Спасовски, 20% задоволство за време на Тошковски

Sase Ivanovski

НСДП ГИ ПОВИКУВА ГРАЃАНИТЕ ДА ГЛАСААТ  ЗА НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи  во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес    

Sase Ivanovski

Полска подготвена да распореди американско нуклеарно оружје на своја територија

Sase Ivanovski

Столтенберг: Одложувањето на помошта за Киев имаше последици

Sase Ivanovski

Мисајловски: Платформа 1198 е програма за подобар живот на граѓаните, за економски раст до 5%, за 50.000 нови вработувања

Sase Ivanovski

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Sase Ivanovski

ПЕНДАРОВСКИ: Сила бога не моли.Одиме до таму каде што можеме, мала држава сме.Не да клекнеме сосема и да не тепа кој стигне. Да си ги кажуваме аргументите

Sase Ivanovski

Пендаровски: Јас сум претседател кој дал најмногу вета, за кои законите не се вратени потоа

Sase Ivanovski

„За да има помирување треба да зборуваме за транзициска правда, а за транзициска правда треба одговорност“ порача Силјановска-Давкова

Sase Ivanovski

Таравари: ВЛЕН ќе им ја донесе долгоочекуваната промена на Албанците

Sase Ivanovski

Османи со порака до младите: Гласајте за кредибилна понуда!

Sase Ivanovski

Даниела Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

Sase Ivanovski

Лефков: На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани

Sase Ivanovski

Министрите на ЕУ формално ги потврдија промените во Поглавјето 35 во преговорите со Србија

Sase Ivanovski

Во меѓународна полициска акција во БиХ приведени полицајци поврзани со нарко картелот „Тито и Дино“

Sase Ivanovski

Лукаревска: Силна домашна економија, праведен даночен систем, парите кај граѓаните, за европски стандард дома

Sase Ivanovski

ФОКУС: Актуелни директори, сопружници, внуки на изборните листи на партијата на Арсовска

Sase Ivanovski

Ангелов: „Ахмети, кревај „рачна“ со време, Мицкоски не е сам!“

Sase Ivanovski

БГНЕС: Ковачевски и СДСМ го користат фудбалот во примитивна антибугарска кампања

Sase Ivanovski

Маричиќ: Преспанскиот договор донесе крај на еден долгогодишен спор, членството во НАТО и ни го отвори патот кон ЕУ, за тоа не им е гајле во ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Sase Ivanovski

Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

Sase Ivanovski

Бојмацалиев: Пронајден e сторителот што ја обил пратеничката канцеларија на Лефков

Sase Ivanovski

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото, се бориме за правда за сите!

Sase Ivanovski

Мицкоски од Сарај: Криминалот нема етничка припадност

Sase Ivanovski

Почнува Програмата „ЕУ за Преспа“, над 13 милиони евра за инфраструктура, одржливо земјоделство и туризам

Sase Ivanovski

Охриѓанец пријавил дека две лица од Непал вработени во неговата фирма се оддалечиле од домот во Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова: 24 април доаѓа како предигра, тогаш работите ќе се разјаснат

Sase Ivanovski

Прегазен малолетник во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА ЛУПЕВСКА: НАМЕСТЕН ТЕНДЕРОТ НА ДИК ЗА ДИСТРИБУЦИЈА НА ГЛАСАЧКИТЕ МАТЕРИЈАЛИ, ВМЕШАНА ЌЕРКА НА ПОРАНЕШЕН ШЕФ НА ДИК?!

Sase Ivanovski

ДА ПОМОГНЕМЕ НА МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА ДА СЕ СПАСИ ОД КАНЦЕР

Sase Ivanovski

Европски фронт: Мицкоски во тешкo дереџе, спасот го бара кај Левица

Sase Ivanovski

Болничар од Токсикологија му вршел притисок на лаборантот урина со наркотици да ја замени со чиста и уште оди на работа

Sase Ivanovski

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Sase Ivanovski

Пендаровски: Потребно ни е обединето општество, една од моите заложби беше намалувањето на јазот меѓу етничките заедници

Sase Ivanovski

Пендаровски: Пародија е што Силјановска-Давкова коментира за слободи и права на граѓаните, а нејзниот сопруг остави стотици семејства без работа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ – тие не стануваат тоа, до гуша се во криминал

Sase Ivanovski

За два месеци раководење директорката на Токсикологија го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари – реагираат вработените

Sase Ivanovski

Пендаровски: Ветингот сега мора да биде задолжителен, во склад со нашето законодавство

Sase Ivanovski

Последен ден од кампањата за претседателските избори пред гласањето во среда, кампањата за парламентарните избори продолжува

Sase Ivanovski

Пендаровски: Најнова идеја промовирана во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ им е предлогот за носење на целосно нов граѓански устав за кој опозиционата партија досега се нема произнесено зошто ни е потребен

Sase Ivanovski

Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра, за хациендата на Водно и дали Филипче знае дека Пендаровски за него озборува дека е уживател на психотропни супстанци?

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: НЕ ОЧЕКУВАВ НИКОЛОВСКИ ДА ПАДНЕ НА НИВОТО НА КАФАНСКИ ОЗБОРУВАЧ, ЌЕ ДОБИЕ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: НАШИТЕ ГЕНЕРАЛИ СЕ СРАМ ЗА АРМИЈАТА, ИМ БАКНУВААТ ЧЕВЛИ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ ЗА ДА СЕ ИЗГРЕБАТ ЗА ЧИН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: БЕЗ ЗНАМ НЕМА ДА ИМА НОВА ВЛАДА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: МАКЕДОНИЈА НЕ Е И НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ МУЛТИ ЕТНИЧКА ДРЖАВА, ТОА ГО НЕМА НИКАДЕ НА СВЕТ?!?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: ВО СДСМ МЕ НАРЕКУВАА НАЈГОЛЕМ ВМРОВЕЦ МЕЃУ КОМУЊАРИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАКСО: СДСМ И ВМРО ДПМНЕ СЕ 30 ГОДИНИ ВО ТАЈНА КОАЛИЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Артан Груби: Симнете ги знамињата ало, како се вика бе на турски, спушти го знамето

Sase Ivanovski
Вчитувам....