8.8 C
Скопје
23/03/2025 22:33
МАКТЕЛ

    

Кога се најопасни амбициозните автократи?

      

Имаше нешто робеспјерско (или на Сен Жист) кога премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот го објави начинот како ќе се пресметува со Судскиот совет, тоа наводно олицетворение на најголем дел од „злото“ што се случува во правосудството:

„Цениме дека треба да се удри во чело. Да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции на, во случајот парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет кои се избираат таму, и таму да им се изгласа интерпелација.“ Тој навести слична постапка и за членовите на Советот на јавни обвинители, со зборовите – „чекор по чекор, ќе дојдеме и до тоа“. Понатаму нема да зборуваме за ситуацијата во Македонија. туку за она што се случуваше или се случува во некои држави од посткомунистичка Европа (сега дел од ЕУ).

   

Вацлав Хавел славно и скромно изјави за време на Кадифената револуција во Чехословачка на крајот од 1989: „Вистината и љубовта мора да триумфираат над лагите и омразата“. Ова сега може да ви изгледа прилично наивно 35 години подоцна. Всушност, тоа изгледаше наивно уште пред 15 години. Па дури и како утопија. Но прашањето е дали треба откажување од оваа прокламација. Целиот регион последниве два месеци е сведок на една неверојатна епопеја на српските студенти во нивниот бунт институциите да почнат да ја вршат својата работа по страшната трагедија со настрешницата во Нови Сад и да откријат кој, зошто и како придонесол во таа коруптивна реконструкција само за да се задоволат итните желби и потреби на властите во Белград. Во овој бунт на исклучително самосвесните студенти, кои барем досега одеа два чекора пред претседателот Александар Вучиќ, ситуацијата изгледа надреална – професорите им се восхитуваат на студентите, не само на нивната организација, туку и на длабочината на нивните ставови и како тие смирено го образложуваат она за што се борат. Можеби затоа што професорите сфатија дека нивниот комформизам им ја блокирал секоја акција.

Српскиот писател Бојан Бабиќ на својот профил на Фејсбук напиша: „Креативните и речиси епски потфати што ги преземаат студентите овие денови имаат далекусежно општествено значење (ако не и конкретни политички последици). Она што ми е особено интересно се еруптивните емотивни реакции на возрасните на студентските активности. Мислам дека тоа кажува многу. Пред сѐ, во нашето општество има силни подземни води на тишина, на недијалог. Затоа, не знаеме како да ја именуваме колективната фрустрација бидејќи за тоа не зборуваме јавно, па дури ни приватно. Ние живееме со неа со децении. И тогаш низ нашето место поминува колона млади луѓе и ние сè уште не можеме да го именуваме тоа на јазик што го разбираме – но можеме да го почувствуваме. Како роб кој не знае како изгледа слободата, но може да ја почувствува“.

 

Српски пример за Америка

Додека одат по улиците на Белград или Нови Сад, или пак кога пешачеа од едниот до другиот град 80 километри, српските студенти во исто време гледаа што се случува преку Атлантикот, како светилникот на демократијата во кого Европејците се поклонуваа почнува да се тетерави под купот извршни наредби на Доналд Трамп, а Американците се прашуваат што е ова што се случува. Некои од влијателните европски медиуми, како „Гардијан“, на пример, ѝ даваат цел нов контекст на приказната од Србија. Дека српските студенти и другите млади борци им порачуваат на деморализираните членови на Демократската партија во САД по поразот – никогаш, никогаш да не се откажувате. Моира Донеган, една извонредна писателка и колумнистка од Универзитетот Стенфорд, брилјантно ја отслика оваа ситуација на американските демократи: „Во месеците по нивниот пораз, демократите се збунети, конфликтни и интерно се караат за тоа како е најдобро да продолжат. Резултатите се контрадикторни и неефикасни. Демократите наизменично го прогласија Трамп за фашист и иден диктатор и си честитаа што мирно му ги предадоа уздите на власта; тие се побунија против неговата корупција и неговата подреденост на неизбраниот јужноафрикански милијардер Илон Маск.

Тие ветуваат отпор кон преземањето на државата од страна на трампистите, а потоа ветуваат дека ќе работат со Трамп на она што тие инсистираат дека се нивни заеднички приоритети“.

Како што вели Донеган, во овој момент на американската политика демократите немаат моќ сами да ги поставуваат условите на дебатата или да ги унапредат сопствените приоритети: „Екстремната десница сама може да дава предлози за политики, на кои демократите можат само да ги свртат палците нагоре или надолу. Многумина од нив ги креваат палци нагоре“.

Така изгледаше Србија до излегувањето на студентите на улиците и блокадата на државните универзитети низ земјата. Разединетата и раздробената опозиција од страна на Вучиќ, без идеологија само со отпор заради отпор, а без супстанца, беше лесен залак за претседателот на државата. Особено откако тој ги презеде во свои раце сите можни лостови на моќта.

Срѓан Цвииќ од белградскиот Центар за безбедносна политика, вака го објаснува заробувањето на институциите. „Нашиот режим не ја лиши Србија од нејзиниот демократски систем со една одлука. Не дојде преку ноќ. Прво ги заробија медиумите, па судството, па другите независни институции, па почнаа да местат избори и на крај се обидуваат да ни го одземат правото на слобода на собирање“.

 

Напад преку уметноста

Тоа не е непознат метод во посткомунистичките земји. Во Словачка, од враќањето на популистот Роберт Фицо за четврти мандат како премиер во октомври 2023 година, државата се сврте од запад кон исток и се оддалечува од либералната демократија кон она што изгледа како авторитаризам. Неговата партија Смер освои само 23 отсто од гласовите, но тој успеа да состави коалиција со која ја преобликува земјата за помалку од две години. Тој го затвори специјалното обвинителство кое беше формирано за борба против корупцијата, ја прошири политичката контрола врз државните и медиумите во приватна сопственост, ги исчисти културните институции и ги постави лојалистите на клучните функции и му се додворува на Владимир Путин како политички сојузник.

Нападот врз уметноста во изминатата година е посебна алармантна приказна. Мартина Шимковичова, поранешна ТВ водителка беше назначена за министерка за култура. Шимковичова, членка на екстремно десничарската Словачка национална партија, го постави тонот за нејзината нова улога со изјавата дека „културата на словачкиот народ мора да биде словачка и никаква друга“. Нејзиниот шеф на кабинетот е човек кој се прашува дали Земјата е навистина тркалезна.

Шимковичова брзо се впушти во чистка на големо низ уметноста. Еден од најеклатантните примери на чистката е она што се случи во Словачката национална галерија (СНГ). Нејзината директорка, Александра Куса, ја претвори галеријата во модерна, славна и популарна институција. Но, во август минатата година, кратко по големото отворање на обновените галерии, Куса беше отпуштена.

Ова доведе до јавен протест и оставки на голем број клучни професионалци во СНГ. Два партнерски музеи, од Австрија и Германија, се повлекоа од изложбата што долго време ја планираа заедно со СНГ. Стотици вработени во Националната галерија масовно дадоа откази и најголемиот спонзор ја прекина финансиската поддршка. Како и во секој авторитаризам сите вакви случувања не ја премислија Шимковичова.

„Сега во Словачка можеме да видиме колку се важни институциите – и не само институциите како судовите или полицијата, туку и културните институции на периферијата“, вели Моника Компаникова, писател и уредник. Таа тврди дека одбраната на демократските норми се состои од многу мали битки, кои се водат секојдневно. „Луѓето треба да бидат свесни дека секој чекор преку линијата што ние го толерираме ја поместува таа линија“, вели таа.

Но исклучително е важно како луѓето да препознаат која е таа линија, каде може да оди демократското назадување и кога тој процес преминува во автократија. Антидемократскиот бран тешко може да се сврти ако не е во прашање некаков вид револуција. На Полјаците тоа им успеа во 2023 кога беше соборена десничарската популистичка партија Право и правда, која го подјарми судството и ја претвори државната радиодифузна мрежа во партиско пропагандно гласило.

 

Отпорноста во Полска

Како можеше да се случи тоа? Една од работите е што демократијата покажа отпорност со тоа што медиумите во приватна сопственост ги издржаа сите притисоци, а 70 отсто од нив останаа независни за време на осумте години на владеењето на Право и правда. Паулина Милевска од Хелсиншката фондација за човекови права во Полска, тоа го објаснува вака: „Она што беше корисно за некои медиуми е што основаа свои фондации, така што не мораа ниту да се затворат ниту да се продаваат. Почнаа да добиваат големи донации од богати поединци“.

Токму тие независни медиуми помогнаа да се создадат услови за рекордна излезност на изборите во 2023 година, кои ставија крај на нелибералната ера во Полска. „Имаше околу 30 различни кампањи пред изборите кои велеа: гласањето е кул, гласањето е секси, гласањето е нешто што сакате да го направите“, рече Милевска. И тоа беше еден од важните фактори за промена на играта и за соборување на авторитарната власт.

Дали овие стратегии можат да бидат пораки за демократите во САД? Можат, ако ги прочитаат и ако брзо се прегрупираат. А таму, како што вели Моира Донеган, тие како да не разбираат како функционира сега американската политика, а се нејзин дел.

Американците ја научија лекцијата од обидот на претседателот Ричард Никсон да ја злоупотреби својата моќ. Тој побара разрешување на специјалниот истражител во Министерството за правда, кој стана опасен за него. По јавните протести, Конгресот го принуди да поднесе оставка. И оттогаш, министерството, кое води и кривична постапка, уживаше голема независност од Белата куќа.

Тоа сега е готово, бидејќи Доналд Трамп и неговата нова јавна обвинителка Пем Бонди ставија знаење дека независноста на оваа институција, како еден од столбовите на американската демократија, е завршена работа. Бонди, само што положи заклетва во средата, веднаш формира работна група за истрага на наводната злоупотреба на правосудниот систем како оружје за време на мандатот на Џо Бајден. Таа ќе ги гони и оние што вршеа истрага за упадот на приврзениците на Трамп во Капитолот на 6 јануари. Повеќе од 1.500 луѓе беа осудени, а Трамп ги ослободи на првиот ден од функцијата.

Сега Бонди сака да истражи и дали Министерството за правда и ФБИ прибегнале кон „неовластени истражни методи и неетички обвинувања“. Привремените шефови на двете агенции отпуштија или префрлија десетици високи функционери, а ФБИ мораше да состави список од околу 5.000 агенти кои беа вклучени во истрагата за упадот во Капитол. Бонди јасно стави до знаење што очекува од оние кои ја преживеаја чистката: сите вработени мора да се стават на услуга на претседателот.

Како што забележа познатиот професор по политика на Универзитетот Принстон, Јан-Вернер Милер: „Во ретроспектива, неделите помеѓу изборите и првата извршна наредба на Доналд Трамп изгледаат како лажна војна. Сите знаеја дека нешто лошо ќе се случи, но сепак имаше чувство дека можеби и не е толку лошо. На крајот на краиштата, првите четири години на Трамп беа помалку страшни отколку што предвидуваа набљудувачите. Тоа секогаш беше грешка: амбициозните автократи се најопасни кога ќе дојдат на власт по втор пат. Но, дури и оние кои се подготвуваат за шокови, тешко дека можеле да очекуваат дека Трамп толку отворено нема да го почитува законот и ќе биде деструктивен откако ќе се врати на функцијата“.

И тоа е навистина точно и кога ги гледаме европските примери. Кога Виктор Орбан првпат ја водеше унгарската влада од 1998 до 2002, тоа беше главно неуспешен мандат во кој судството, медиумите и граѓанските организации слободно укажуваа на неговите грешки. Кога се врати на власт во 2010-та, тој веќе знаеше што треба да прави и реши на таа слободна работа на институциите да ѝ стави крај и да ги подјарми, за да владее без контрола, а корупцијата на најблискиот круг околу него да царува. Така беше и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Неговите претходни три мандати беа релативно подносливи за словачките граѓани на кои им се допаѓаа неговите левичарски политики по неолибералната десница, која ѝ донесе економски успех на Словачка, но осиромаши многу од нив. Фицо сега се претвори во автократ. Истата ситуација беше и во Полска со Право и правда. Кругот за граѓаните и општеството станува сѐ потесен и погруб кога автократите се враќаат на власт. (dw)

 

Љупчо Поповски

  

Најново

(ВИДЕО) ЛУПЕВСКА: ГАЗДАТА НА ПУЛС ПРИЗНАЛ НА КОГО СЕ ДАЛ МИТО ЗА ДА РАБОТИ НЕЗАКОНСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОД: Што се крие во тефтерот на сопственикот на дискотеката ПУЛС

Sase Ivanovski

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

Sase Ivanovski

Горан Ризаов: Оставки во тишина

Sase Ivanovski

Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец

Sase Ivanovski

Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад

Sase Ivanovski

Судијата Велковски се изјасни болен за модуларната, а неговата агенда е полна со други рочишта

Sase Ivanovski

Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени

Sase Ivanovski

Русија ја нападна Украина со 147 дронови

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“: Денес ние сме мета на манипулации и лажни вести – кој е следен?

Sase Ivanovski

Таравари: Сите пациенти во македонските болници се во стабилна состојба

Sase Ivanovski

Таравари: Деновите на жалост поминаа, но болката останува длабока, посветени на секој живот кој продолжува да се бори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кочани, скршеното срце на Македонија-Стефановски, Димитров, Станков, Калајџиев – Стадион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојан Рашков од Кочани: Ова ќе биде генерација која ќе промиени нешто во Македонија

Sase Ivanovski

Споредба на гигантите по BDP и како ги прават трилионите

Sase Ivanovski

Германците и Британците тврдат дека имаат најголема струја во светот, Турците најмала

Sase Ivanovski

Распределба на приходите на Apple

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Американскиот претседател Доналд Трамп ја претстави новата апликација за „самодепортирање“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најголемата кујна на отворено на нашиве простори која се наоѓа во Љубјана

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тешка несреќа на Стража, автомобил е превртен на кров.

Sase Ivanovski

ЈОВАН Е ХЕРОЈ, СПАСИ 21 ЖИВОТ, ИСТАКНА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Сиљановска Давкова ги посети повредените на Токсикологија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марш со молк во Кочани: Не протестираме за менување власта, протестираме за менување на свеста

Sase Ivanovski

Израелската влада одобри импичмент на јавната обвинителка

Sase Ivanovski

Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата

Sase Ivanovski

Украинската армија соопшти дека зазела село во Луганск

Sase Ivanovski

Турските обвинители бараат градоначалникот на Истанбул да остане во притвор додека трае судењето

Sase Ivanovski

Во Српскиот медицински центар се лекуваат 17 повредени од Кочани, добро закрепнуваат, вели д-р Стојичиќ

Sase Ivanovski

Песков: Разговорот меѓу Путин и Трамп на 18 март беше еден од најдолгите разговори меѓу двајцата лидери

Sase Ivanovski

Имамоглу од притвор: Не бидете тажни, се ќе биде одлично!

Sase Ivanovski

Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене

Sase Ivanovski

Бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа надмина 50.000

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“: Не сме поврзани со ниту една политичка партија

Sase Ivanovski

Пет повредени од Кочани се во критична состојба, вели Таравари

Sase Ivanovski

Александар и неговата ќерка загинаа во Киев додека бегаа од бомбите, мајката е во болница

Sase Ivanovski

Скопјанец (20) глумејќи дека е полицаец запрел возач кај клучка Стајковци, па го повредил со нож

Sase Ivanovski

Забрчанец: Не сум координатор на протестите

Sase Ivanovski

За 300 евра требало да пренесат 1,5 килограми амфетамин од Скопје до Гевгелија, сега ќе завршат во притвор

Sase Ivanovski

Минусните температури ги смрзнаа кајсиите, праските, бадемите, ќе правиме џем од увозно овошје

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: СТУДЕНТИ ПРИСУТНИ НА СОСТАНОКОТ СО СРБИНКАТА ТВРДАТ – НЕМАМЕ ПОЛИТИЧКА АГЕНДА, СЕ БЕШЕ ЈАВНО

Sase Ivanovski

Апасиев: Зошто актуелниот директор на Државен пазарен инспекторат нема својство на осомничен?! Еве што кажува Законот!

Sase Ivanovski

Подготвен протокол според кој ќе бидат пречекани дел од пациентите кои се лекуваат во странство

Sase Ivanovski

Владата бара да се внимава со „манипулативни наративи“ за Кочани

Sase Ivanovski

Песков пред утрешните преговори: Приоритет на Москва сега е прекин на поморскиот огнот

Sase Ivanovski

Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат претседателски избори во земјата

Sase Ivanovski

Независен студентски сојуз: Утрешниот собир не е откажан, пленумот ќе се одржи како што е планирано

Sase Ivanovski

Таравари: Сите пациенти во македонските болници се во добра и стабилна состојба

Sase Ivanovski

Може ли Швајцарија да ги избегне тарифите на Трамп?

Sase Ivanovski

Притвор за дваесетгодишник: Со полициска значка од татко му запрел возач и го повредил со нож

Sase Ivanovski

Политико: Мировните преговори во Украина започнаа – само Трамп верува дека тоа е реално

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски најави вонредни инспекциски контроли во сите јавни објекти низ државата

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу сменет од функцијата откако беше уапсен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хрватите имаат фестивал на остриги

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Автомобилите на Xiaomi ќе бидат обложени со материјал кој ги штити од оштетување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари информираше дека најмалку петмина в понеделник ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Sase Ivanovski

Шуми на ЕУ! На овој Ден на шумите, проверете каде се рангира вашата земја

Sase Ivanovski

Два собири за со молчење да се оддаде почит и марш во Кочани за кои жителите најавија дека ќе го има секој ден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еве зошто маслиновото масло е најдоброто од сите масла!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан СОФРА, Патишка Река, Скопје – Прекрасно место и храна!

Sase Ivanovski

Над 40 кампањи за донации се активни на платоформата „GoFundMe“, а сите за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани.

Sase Ivanovski

Кога избираат аеродром, патниците често се грижат многу за чистотата. Некои аеродроми навистина блескаат во оваа област!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Истра, Хрватска се уриваат 38 викендички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: На денешната прес-конференција нагласив дека сите трошоци за лекувањето во странство се целосно покриени од Владата.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бугарските дискотеки уверуваат дека се безбедни

Sase Ivanovski

Која алатка за вештачка интелигенција најмногу ја користите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Папата Франциско ја поздрави толпата од балконот на петтиот кат на болницата

Sase Ivanovski

Муцунски: И понатаму на располагање се дежурните телефонски броеви на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Sase Ivanovski

Ново истражување открива: На планетата можеби живеат повеќе од официјалните 8,2 милијарди луѓе

Sase Ivanovski

РК Алкалоид денеска ќе го игра првиот меч од четвртфиналето во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер

Sase Ivanovski

Вучиќ: Сè што направи CNN против Трамп, ми прави и мене

Sase Ivanovski

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

Sase Ivanovski

Албанско-американско здружение со писмо до Агелер ги повикува САД „да интервенираат во РСМ“ оти се манипулира со Кочани , се провоцира ,а вината се префрлала врз Албанците

Sase Ivanovski

Д-р. Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници

Sase Ivanovski

Менаџер и упавител на угостителски објект од Куманово биле приведени оти не ја почитувале одлуката на Владата за седумденвна жалост.

Sase Ivanovski

Завршува седумдневната национална жалост, но истрагата ќе продолжи со ист интензитет, уверуваат од Владата

Sase Ivanovski

Контроли во 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар, три се затворени

Sase Ivanovski

ПЕТ МАЛОЛЕТНИЧКИ ДОЖИВЕАЛЕ ХОРОР НА ПЛОШТАДОТ ВО ПРИЛЕП Биле нападнати и допирани по телото

Sase Ivanovski

ТЕШКА И ДОЛГА НОЌ ЗА УКРАИНА Русија изврши напад со 147 дронови

Sase Ivanovski

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА СРУШИ ЗГРАДА ВО РИМ Една жена е извлечена од урнатините

Sase Ivanovski

Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад

Sase Ivanovski
Вчитувам....