5.8 C
Скопје
05/12/2024 15:01
МАКТЕЛ

 

Кога се одржала последната средба меѓу Мицкоски и Ахмети?

     

Дали зад завесата лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го скршиле мразот и ги обновиле мостовите на комуникација?

Зошто ДУИ промовираше став дека подобро е да се одржат споени отколку одвоени избори следната година, што претставува оддалечување од првичната позиција на коалицискиот партнер СДСМ и доближување до позицијата на ВМРО-ДПМНЕ?

 

– Во ДУИ преовладува малку ставот дека, заради логистички, финансиски и административни причини, треба можеби заедно да се оди. Јас очекувам во текот на месецот да се завршат тие состаноци, но сепак преовладува мислење дека на 3 месеци, 2 изборни циклуса премногу ќе ја чинат државата – образложи партискиот потпретседател Бујар Османи.

  

Како што пишува последниот број на неделникот „Фокус“, ова доаѓа во време кога СДСМ и ДУИ преговараат како да настапат на изборите, но и во време кога појавија неофицијални информации за обновена комуникација меѓу ВМРО и ДУИ, па дури и за средба меѓу Али Ахмети и Христијан Мицкоски.

Дали Ахмети ќе му остане до крај верен на Ковачевски или ќе му подаде рака на Мицкоски?

Имено, доброупатени извори велат дека лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се сретнале во август годинава, кога во посета на земјава беше американскиот помошник државен секретар Габриел Ескобар, кој по официјалните средби ги собра партиските лидери на неформален прием на Кале.Според дипломатски извори, првите луѓе на ДУИ и ВМРО тогаш се сретнале „од нога“, при што Мицкоски го реафирмирал барањето за одржување брзи предвремени парламентарни избори наесен, без техничка влада, по што би имало време да се формира нова влада пред да заврши скринингот – ноември годинава.

Тогаш, според нашите соговорници, Ахмети предочил дека би прифатил такво сценарио само ако добие амин од меѓународните партнери, во прв план САД. Но, тие не дале поддршка и советувале да се искористи периодот до редовни измени за исполнување на преземените обврски во поглед на уставните измени.Но, дали тоа е последната средба меѓу Ахмети и Мицкоски? Или оттогаш имало макар уште една? „Фокус“ од висок партиски функционер доби информација дека двајцата се сретнале пред околу еден месец, што го потврдивме од уште една адреса. Сепак, официјално сите засегнати страни негираат.

ШТО ГОВОРАТ НЕОФИЦИЈАЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ?

Наводно, Ахмети му префрлил на Мицкоски зошто ВМРО-ДПМНЕ до таа мера ги фокусира нападите кон ДУИ наместо кон СДСМ како традиционален и природен ривал, порачувајќи дека и ДУИ можела да „вади афери“ за ВМРО-ДПМНЕ, но не го правела тоа.Од друга страна, Мицкоски забележал дека ДУИ се однесувала некоректно кон нив. Прво, според него, одлучила да прави влада со СДСМ, која предводеше коалиција што освои најмногу гласови и пратеници, но ВМРО-ДПМНЕ како партија имаше и сѐ уште има најбројна пратеничка група.

Второ и побитно, Ахмети го предизвикал револтот кај Мицкоски поради операцијата за враќање на Никола Груевски. „Фокус“ во септември објави дека уште пред да поминат измените на Кривичниот законик, функционери на ДУИ брифираа дека Ахмети ги уверувал оти работи на враќање на Груевски.

Ахмети тврдел дека има план за Груевски – ќе помогне од далечина или ќе се врати во земјава?

Притоа, како што пишувавме, во контекст на реализација на овој план, не се споменуваа законски измени, туку одлука на Врховниот суд. Дека било така прво навести изненадувачката иницијатива за оценка за издржаноста на аболицијата на експретседателот Ѓорге Иванов, а потоа потврди и самата реакција на Судот.

Поради притисоците врз судот, јавно реагираше претседателката Беса Адеми, по што во посета на Судот дојде и амбасадорката на САД Анџела Агелер, која на средба со врховните судии порачала дека „судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки“.

Во ситуација кога очигледно е осуетен план на власта, спроведуван преку ДУИ за уставни измени со помош на Груевски по ист модел како со Преспанскиот договор, што подразбира повторно да се тргува со правдата и правната држава, се појавија информации дека и поранешниот премиер Зоран Заев жестоко се спротивставил на тоа.

Веќе подолг период има сознанија за комуникација и меѓу Заев и Мицкоски (веќе објавивме дека Заев му нудел пратеници на Мицкоски), која се темели на 2 точки. Едната е формирање широка влада меѓу СДСМ и ДУИ, која би функционирала според германски формат, што се чини дека веќе е надминато, бидејќи е речиси неостварливо.

Зошто Заев му нудел пратеници на Мицкоски за предвремени парламентарни избори?

Вториот пункт е токму Груевски, кој не го сака назад во земјава ниту еден од нив, бидејќи Мицкоски стравува дека може да му направи проблем во партијата, додека Заев се плаши од одмазда поради тоа што го симна од власт и го избрка од земјава, иако можеше да мине и полошо и да заврши зад решетки.

Инаку, дознаваме дека поради исти причини  предметот „Феникс“ излезе од фиока и напредуваше од фаза на предистрага во истрага за перење пари во рамки на проектот „Скопје 2014“. Во рамки на овој случај, осомничен е и Груевски, што, според нашите извори, требаше да биде дополнителна бариера од можно враќање на Груевски, бидејќи предметот не е опфатен со аболицијата на Иванов.

Па, дали откако стана јасно дека Груевски барем уште догледно време останува во Будимпешта се создале услови да обновување на мостовите меѓу ДУИ и ВМРО? Ако навистина е така, тогаш ова кршење и топење на мразот меѓу вмровците и интегративците може да биде во функција на поставување фундаменти на идна постизборна коалициска соработка, која, се разбира, би ја детерминирале изборните резултати и меѓународната заедница.

 

Најново

МАЛЕСКИ: Рикер, „нон-пејпер“ и времето што ни истече

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Пропаднаа обидите за сеење страв, во Куманово членови на семејството на Џелал Бајрами палеле автомобили

Sase Ivanovski

Началникот на британската армија: “Заборавете на Студената војна, на работ на „третата нуклеарна ера

Sase Ivanovski

Следува продолжен викенд, понеделник неработен за сите граѓани

Sase Ivanovski

Започна битката за сирискиот град Хама

Sase Ivanovski

УСС УКИМ бара подобрување на условите во „Пелагонија“ – топла вода, поквалитетна храна, одржување на собите

Sase Ivanovski

Русите ги повлекуваат своите воени бродови од базата во Сирија – Ја губи ли Асад поддршката од главниот сојузник?

Sase Ivanovski

Интел ќе му исплати 10 милиони долари отпремнина на поранешниот извршен директор

Sase Ivanovski

„Да бидеш волонтер значи да даваш, но и да добиваш“ – Светски ден на волонтерите

Sase Ivanovski

ФИНАНСИСКАТА ДУПКА ВО ДРЖАВНИОТ ПЕНЗИНСКИ ФОНД Е ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ФОНДОВИ Да се врати единствениот државен фонд за пензии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 🎥 📷 „ОВА НЕ Е НЕСРЕЌА, ОВА Е УБИСТВО“ Биле исечени држачите на настрешницата во Нови Сад, обвинува Шаровиќ

Sase Ivanovski

📽 НАПАЃАЧОТ ОД МЕНХЕТЕН ИЗГРАВИРАЛ 3 ЗБОРОВИ НА КУРШУМИТЕ Се појави снимка од убиството во центарот на Њујорк

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВИДИВАКА: Преку работилници и обуки младите учат како да се борат против корупцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ПРВАТА КАФАНА ВО ЕВРОПА Е ОТВОРЕНА ВО БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

Мицкоски: Телеком, A1 Македонија, Цементарница и ЕВН ќе плаќаат поголем данок во Македонија

Sase Ivanovski

ЕСМ се подготвува за испади на термоелектраните, се бара струја за вонредни ситуации

Sase Ivanovski

Строги контроли на квалитетот на горивата – се заоструваат инспекциските контроли на македонскиот пазар

Sase Ivanovski

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи

Sase Ivanovski

СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО МАЛОЛЕТНИЦИ КОИ ТУРКАЛЕ ДРУГ АВТОМОБИЛ Тешка сообрќајка кај селото Баница

Sase Ivanovski

КОИ БЕА МАТНИ, А КОИ БИСТРИ НАСТАНИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО НОЕМВРИ? Транспаренси интернешнл го објави извештајот

Sase Ivanovski

САМО АКО СЕ БОРИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО МОЖЕ ДА СЕ СПАСИМЕ ОД КОРУПЦИЈАТА Нашата рамнодушност ѝ дава сила, борбата мора да е сеопфатна

Sase Ivanovski

Бугарско вето по македонски рецепт и за Србија

Sase Ivanovski

ИКС: Довербата кон институциите, медиумите и политичарите е најголема жртва во ерата на поствистина

Sase Ivanovski

Пауел: „Биткоинот не е конкуренција на доларот, туку на златото“

Sase Ivanovski

Поголемите пензионирања од Вториот столб ќе бидат за 20 години!

Sase Ivanovski

Приведен жител на Пепелиште, се сомничи дека усмртил жена со комбе и избегал

Sase Ivanovski

Вистинската мерка која реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

Нова студија: Сузбивањето на одредени видови на ешерихија коли може да го намали ризикот од рак

Sase Ivanovski

Повеќе од 1.500 ученици во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Лисиче не се појавија на настава поради проблематичен ученик

Sase Ivanovski

Зеленски им воведе санкции на грузиските власти

Sase Ivanovski

Обвинителот Цветановски ја прифати жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го „оживеа“ предметот „Бонусите на СЈО“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Продолжува акцијата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“, се намалуваат цените на над 600 производи за новогодишните празници

Sase Ivanovski

(ФОТО) Трипуновски: До вчерашниот ден откупени се 1.400.000,00 килограми тутун, со просечна цена од 374,30 денари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев, да ги преслика неговите криминали

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЈПКХС: ОТСТРАНЕТИ 50 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ЦЕНТАР И ЧАИР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс

Sase Ivanovski

(ФОТО) Самостојната изложба на ликовниот уметник од Република Хрватска, Данко Фришчиќ

Sase Ivanovski

МВР: Претрес во Гостивар, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ФОТО) МВР: Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Отстранети 70 хаварисани возила во Центар, одличен одзив на граѓаните за нивна дислокација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МВР: Расчистен случајот со опожарените возила и објект во Куманово, сторителот лишен од слобода

Sase Ivanovski

СДСМ: Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените

Sase Ivanovski

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа Николовски на регионален состанок: Ги унапредуваме капацитетите за брз одговор на единиците на меѓународните аеродроми и фаќање на криминалците

Sase Ivanovski

ВЛЕН: И СДСМ ПОЧНА ДА БЕГА ОД ДУИ – КАДЕ ШТО ДОПИРА ДУИ, НИ ТРЕВА НЕ НИКНУВА!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС ништо не се менува, во СДС се е „како и до сега“, присуството на Филипче на политичката мапа е стратегија за опстојување на кланот Заеви, од кои Македонија нема демократски придобивки

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗМЕП Трајков се сретна со специјалниот пратеник на Унгарија за Западен Балкан Золт Бунфорд

Sase Ivanovski

(ФОТО) Лимани по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост: Нека овој ден биде поттик за конкретни промени во инфраструктурата и свеста за еднакво општество за сите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мисајловски во Тирана: Успехот на САД – Јадранската повелба е доказ за заедничката посветеност на регионалната безбедност и стабилност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТВ ТЕЛМА: Според очевидци на настанот, телото на жената завршило на оградата

Sase Ivanovski

„ОРЕШНИК БЕШЕ БЛЕФ“ Русија му приредила претстава на Западот, а актери биле Захарова и Громов?

Sase Ivanovski

ШТАНЦААТ ОРУЖЈЕ И ИМ ОДГОВАРА ВОЈНАТА Колку се опарија 100-те најголеми произведувачи на оружје во последните години?

Sase Ivanovski

ЛАДЕН ТУШ ЗА ИЗРАЕЛ ОД АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШНЛ Извештај од 300 страници го товари Тел Авив за геноцид врз Палестинците

Sase Ivanovski

🎥 ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ ЈА ВИДЕ БОГОРОДИЦА Ликот на Божјата мајка се појави на свеќникот во црквата „Св. Никола“

Sase Ivanovski

ТРАМП ЌЕ ГО КОНТРОЛИРА КОНГРЕСОТ Републиканците го освоија Претставничкиот дом со тесно мнозинство

Sase Ivanovski

Левица: Градоначалникот од ДПМНЕ во одбрана на иредентистичката училишна претстава во Челопек

Sase Ivanovski

Комисијата за спречување на дискриминација: Законот за основно образование не ги исполнува целите за недискриминација

Sase Ivanovski

Папата Франциск до свештениците: Скратете ги проповедите до 10 минути „бидејќи луѓето може да заспијат“

Sase Ivanovski

Тројца повредени во тешка сообраќајка пред Собрание

Sase Ivanovski

Еврокомесарот за одбрана: Ако не ја поддржиме Украина, Русија би можела да нападне земја од ЕУ

Sase Ivanovski

ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

Sase Ivanovski

ДУИ: Каква хипокризија, Изет Меџити зборува за „разбивањето на митот за ДУИ“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Господ да ме праша “Што им згрешивте на Бугарите”, нема да знам да објаснам

Sase Ivanovski

(ФОТО) „Лазо Ангеловски“ осамна без ученици и со транспаренти за поддршка на третоодделенецот

Sase Ivanovski

Стапи на сила воениот договор меѓу Северна Кореја и Русија, предвидува помош „без одлагање“

Sase Ivanovski

(Видео) Бајден задрема на сред состанок:„Ова е апсолутна срамота“

Sase Ivanovski

Обвинение за обид за убиство во Кавадарци извршено во услови на битно намалена пресметливост

Sase Ivanovski

„Скопски пазар“ на Етеми и Дудлоски стана најголем акционер во хотелскиот гигант „Македонија турист“

Sase Ivanovski

Скопјанец со раце ја давел поранешната сопруга и со боксови ја удирал по главата

Sase Ivanovski

Вучиќ: ЕУ бара да направиме компромис со Приштина, ние не сме заинтересирани

Sase Ivanovski

Судот го одби барањето на масовниот убиец Брејвик за ослободување од затвор

Sase Ivanovski

МВР со меѓународна потерница го бара адвокатот Ристески, осомничен дека со керозин ја запалил Адвокатската комора

Sase Ivanovski

Падна француската влада

Sase Ivanovski

Новиот опасен Тик Ток предизвик ,,Супермен” стигна и кај македонските тинејџери

Sase Ivanovski

Партијата на пензионери е категорично против зголемување на прагот за пензионирање

Sase Ivanovski

Трагедија во Хрватска: Мајка, син и неговата девојка пронајдени мртви

Sase Ivanovski

Биткоинот надмина 100.000 долари за првпат во историјата

Sase Ivanovski

Амнести интернешенел го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Sase Ivanovski

По падот на француската влада се стега обрачот околу Макрон

Sase Ivanovski

Јужнокорејскиот претседател под истрага за воената состојба

Sase Ivanovski
Вчитувам....