Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, по посетата на Косово спроведена од 30 мај до 3 јуни објави меморандум во кој препорачува да се решат недостатоците во областа на транзициската правда и социјалната кохезија, слободата на медиумите и правата на жените и родовата еднаквост, јави дописникот на МИА од Стразбур.
„Повеќе од две децении по вооружениот конфликт во Косово, социјалната кохезија сè уште е попречена од неказнивоста на злосторствата поврзани со војната, нерешените случаи на исчезнати лица, недостатокот на пристап до репарации за сите жртви на војната, пречките за одржливо враќање на раселените лица и етнички поделби”, наведува комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во меморандумот објавен денеска.
Комесарката ја нагласува потребата ефикасно да се решат моменталните недостатоци во истрагите, гонењето и судењето на воените злосторства кои сега се одговорност на судскиот систем на Косово. Таа, исто така, ја нагласува потребата од зајакнување на соработката со Специјализираните судови за Косово и Специјализираното обвинителство.
„Сите цивилни жртви на војната, без исклучок, треба да имаат пристап до репарации, а безбедносните услови треба да бидат воспоставени за да им се овозможи на жртвите на воените злосторства на сексуално насилство да се појава”, наведува Мијатовиќ.
Во однос на судбината на исчезнатите лица, комесарката ги охрабрува Белград и Приштина да ги решат своите разлики и да соработуваат во решавањето на преостанатите случаи, ставајќи ги семејствата на исчезнатите лица во центарот на сите нивни размислувања.
Многу пречки за одржливо враќање остануваат и мора да се отстранат, особено оние кои влијаат на борбата против криминалот што го поткопува чувството на сигурност на потенцијалните повратници и пречките за остварување на правата на сопственост и покрај подобрувањето на правната рамка за оваа точка. „Постојаното неспроведување на пресудата на Уставниот суд на Косово за манастирот Високи Дечани покренува важни прашања во однос на почитувањето на владеењето на правото. Исклучувањето мора брзо да се спроведе, вели понатаму таа.
Изразувајќи жалење за опстојувањето на етничките поделби комесарката ја нагласува важноста од развивање единствен образовен систем, со почитување на културните и јазичните разлики на сите заедници. Мијатовиќ ја нагласува потребата да се решат недостатоците во спроведувањето на Законот за употреба на јазикот од 2006 година и да се преземат решителни краткорочни активности за да се обезбеди заштита и унапредување на јазичните права на немнозинските заедници.
Во однос на слободата на медиумите, комесарката за човекови права на Советот на Европ повикува на целосна имплементација на постојното законодавство, особено во однос на пристапот до информации.
„Новинарите мора да бидат способни да ја извршуваат својата витална работа ослободена од тужби за стратешко учество на јавноста и насилство. Мора да престане малтретирањето, како и неказнивоста за злосторствата против новинарите, вклучително и 13-те случаи на убиства и исчезнувања на новинари од косовските Срби и Албанци меѓу 1998 и 2005 година”, вели таа.
Мијатовиќ, исто така, ја истакна важноста од обезбедување одржливо финансирање на Советот за печат и медиумите на јавниот сервис за да се заштитат од несоодветно мешање. Таа истовремено ги повика новинарите да се придржуваат до етичките кодекси на однесување.
За прашањата кои се однесуваат на правата на жените и родовата еднаквост, комесарката забележа значителен јаз меѓу домашното законодавство и ситуацијата на терен, особено поради опстојувањето на длабоко вкоренети патријархални норми во општеството. Загрижена е за ниското учество на жените на пазарот на трудот, во политичкиот живот и во одлучувањето, како и нивната позиција во однос на образованието, здравството и распределбата на одговорностите, кои се влошија поради пандемијата од Ковид-19. Комесарката со интерес ги забележа мерките преземени во областа на пристапот на жените до имотот и наследните права и најавените измени на Граѓанскиот законик за отстранување на преостанатите недостатоци. Конечно, комесарката ја нагласува потребата од усогласување на домашното право со Истанбулската конвенција и нејзино ефективно спроведување, како и континуирана обука на членовите на судството и службениците за спроведување на законот во овој домен.