10.8 C
Скопје
06/12/2022 15:57
МАКТЕЛ

Компании, општини, комунални претпријатија, институции во трка за поставување фотоволтаици

Една од нив е и текстилната конфекција на Кирил Нашков, кој за МИА вели дека инвестицијата била неопходна за опстанокот на компанијата.

– Фотоволтаиците на покривите на стопанските објекти станаа атрактивни со скокањето на цената на струјата. Ние, за среќа, во нашата фирма веќе имавме поставено и тоа пред да се случи енергетската криза. Така што некако полесно поминуваме. Се појавија многу фирми кои монтираат и сè уште не се регулирани сите правила на игра со државата, дозволи и некако нè затекна оваа криза, вели Нашков.

  

Посочува дека фирмите сега се пренатрупани од понуди од фирми, кои поставуваат фотоволтаици на покривните конструкции на објектите.

– Од причина што сега сите бараат да ставаат на своите капацитети и тоа ден порано. Летото помина, па ќе видиме сега и сончевите денови како ќе бидат. Таа инвестиција ќе треба време за да се врати. Сè зависи од цената на струјата. Бевме доведени во ситуација да мораме да поставиме, инаку, другата опција беше за месец, два или три да се затвори фирмата. Тоа беше состојбата кај повеќето фирми. Толку што беше фрапантен тој скок на цените, вели Нашков.

  

Забележува дека секоја фирма во кругот на индустриската зона на поранешен „Астибо” има поставено фотоволтаици на покривите. Прашан кои се проблемите за поставување фотонапонски панели за производство и дистрибуција на струја, Нашков вели дека многу фактори се во игра.

– Сè зависи од местоположба, од местото, потоа може да има и проблеми со мрежата на ЕВН. Проблемите со вадење на дозволите се стандарди, секогаш. Мислам дека на ова Владата треба да поработи, ние имаме некое поместување за физички лица, но за фирмите ќе треба да се олесни. Јас би рекол сè зависи од ситуација до ситуација, додава Нашков.

МИА побара и мислење од Ангел Димитров, менаџер на светиниколската конфекција „Мода”, а на јавноста познат и по Организација на работодавачи. Втора година на покривната конструкција на овој стопански капацитет има две соларни централи. Неговите искуства се позитивни со производство на струја од сонце.

– Во моментов струјата од фотоволтаици ја користиме во најголем дел за нашите потреби, и тоа скоро 90 проценти од таа струја ја користиме за нашите потреби. Доколку ги немаме фотоволтаиците, сметките за струја би биле за една третина поголеми. Тоа значи дека за една третина имаме намалување на трошоците, затоа што соларните панели произведуваат само кога има сонце, кога е чисто и немаме облаци. Се случува кога сабајле ќе почнеме со работа да нема струја од фотоволтаиците, тогаш ние ја купуваме таа струја, вели Димитров.

МИА претходно информираше дека бизнис-секторот очекува неизвесна зима, иако цената на струјата на светските берзи во моментов ја оценуваат како добра. Движејќи се од 250, на моменти и до 150 евра, засега оваа цена е задоволителна за компаниите, но Димитров и Нашков велат дека ризикот им доаѓа по Нова година.

– Мислам дека тука треба да се направат добри анализи по сектори, бидејќи во слична состојба се компаниите и да се види онаму каде што учеството на електричната енергија во самите трошоци на компании е драстично големо, бидејќи ако тоа лани, на пример, било 10 посто, сега ќе биде 40 посто во вкупните трошоци. На таквите компании треба да се помогне. На компаниите на кои учеството им било еден или два проценти, сега ќе дојде да речеме пет или шест проценти, мислам дека ќе можат и самите да го изнесат тај товар, вели Димитров.

Нашков додава дека е нормално бизнис-секторот да бара мерка повеќе и дека секоја помош е добра за стопанството, а особено за нив како текстилен сектор. Посочи дека текстилните компании во моментов имаат нарачки од страна на странските партнери, но истакна дека сè зависи од моќноста на партнерите, колку можат да ја зголемуваат цената на производите.

Од Организација на работодавачи поднеле и писмено барање за одредени субвенции до Владата, што било разгледувано и на Економско-социјалниот совет.

Општините бараат начини како да постават фотоволтаици на своите институции

Општините и комуналните претпријатија се во грч од високите сметки за струја. Од почетокот на годината, па досега, сметките им се различни, во зависност од цената на струјата на светските пазари, односно од она што им го нудат добавувачите на електрична енергија. Комуналните претпријатија кои со пумпи вршат диструбуција на водата за пиење се соочија со сметки за струја кои го надминуваат и нивниот месечен приход.

Такви сметки добија комуналните претпријатија во Штип, Кочани, Битола и други градови. Општините и комуналните претпријатија бараат решенија како да останат ликвидни и да не трупаат долгови. Едно од решенијата е да постават фотоволтаици на покривните конструкции на неколку општиниски институции.  Изминатиот месец како точки на дневен ред на седници на советите на општините Штип и Куманово се најдоа и иницијативи за изработка на студија за оправданост за основање на ЈП за производство и продажба на струја.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ден по седницата на Советот на Општина Штип за медиумите изјави дека Општина Штип има формирано фирма ќерка на ЈП „Исар”, односно ДООЕЛ кое ќе има дејност за производство на електрична енергија.

– Целта е во услови на енергетска криза да произведуваат струја, да се пласира на слободниот пазар, а средствата кои ќе се обезбедат од продажбата на електрична енергија да се искористат за санирање на последиците од кризата, односно зголемените трошоци, како и да се вратат парите од издадената обврзница, потенцира Јорданов.

Општина Штип планира да постави соларни панели на покривните конструкции на зградите на Општина Штип, Филтер-станицата, Мултимедијален центар „Киро Глигоров” и на Општинското основно училиште „Ванчо Прќе”. Ова се објекти кои имаат поголеми површини на покривите.

  

Најново

Оформени нови 15 предмети во Уставниот суд

Sase Ivanovski

КОВАЧЕВСКИ: ЕУ е нашата единствена алтернатива, заедно со ЕУ ќе ја пребродиме економско-енергетската криза

Sase Ivanovski

Царината ги зајакнува контролите со 2 мобилни скенерa, донација од Германска Царина – само во две акции годинава запленети 62 кг наркотични дроги

Sase Ivanovski

Расчистени шест кривични дела на подрачјето на Виница, следуваат кривични пријави

Sase Ivanovski

Студентите вечер организираат забава: Журка за реновирање

Sase Ivanovski

Се урна хрватски авион МиГ-21, по еден од пилотите се уште се трага

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОГОЕВ: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје, неговите кадри да најдат решение за хаосот што го создадоа

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Фондацијата „Заев едно општество за сите“ ќе стипендира специјализанти за усовршување во европски центри

Sase Ivanovski

Алијанса очекува на списокот на Агелер да се најдат инволвираните од аферата „Маџар Телеком

Sase Ivanovski

ОЈО го доби и ќе го „чешла“ извештајот на МВР за протечената снимка на Јутјуб од реферирањето на Димовски за Онишченко

Sase Ivanovski

Маричиќ: Ги зајакнуваме односите со ЕУ и ја движиме Северна Македонија во вистинска насока

Sase Ivanovski

Јовановски: Пенов може и тенкови да испрати!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорноста за блокадите на Скопје се кај Ковачевски и Арсовска, кои договараат тендери и матни зделки

Sase Ivanovski

Тренчевска: Само преку регионална соработка можеме да успееме во воспоставување на родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Нано Ружин: САД испрати експерти за антикорупција во Скопје затоа што македонските авторитети се неефикасни

Sase Ivanovski

Почина новинарот Димитар Ќуркчиев, семејството и пријателите се простуваат од него и на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Опозициските пратеници со црни натписи „Темнина во Србија без слободни медиуми”ги поддржа телевизиите Н1 и Нова С

Sase Ivanovski

Приведен босанскиот министер Лучиќ злоупотреба на положбата и трошење народни пари

Sase Ivanovski

Борел: Последниот предлог договор до Белград и Косово е испратен вчера

Sase Ivanovski

(ФОТО) Симон Трпчески замина во Ерменија, каде неговата ќерка ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг

Sase Ivanovski

Здравство воведе модул за електронско пријавување на несаканите ефекти од вакцинацијата

Sase Ivanovski

ЕСМ: ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО СЕ ЖИВЕЕЛО ВО СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ?

Tamara Ivanovska

Герасимовски до пензионерите: Пријавете се за доделување парична помош, рокот истекува утре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштва за студентските домови

Tamara Ivanovska

Приведени двајца крадци од Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија Рама

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски нема доблест ниту да им се извини на скопјани за хасот во градот

Tamara Ivanovska

Владата донесе одлука да се поништи одлуката за прием на Онишченко во државјанство

Sase Ivanovski

Грковска: На сајбер безбедноста треба да гледаме како инвестиција која ја јакне довербата на граѓаните во институциите

Tamara Ivanovska

ЕУ со 18 милиони евра ќе ја развива Преспа

Sase Ivanovski

РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј нема да се затворат, тврди Битиќи

Sase Ivanovski

Кој е Добре Митрев, човекот кој стои зад отворањето на бугарски „клуб – канцеларија“ во Кавадарци

Sase Ivanovski

СДСМ: За работата на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ да праша во УО, таму скоро се сите се членови на нивната партија

Tamara Ivanovska

ВЕЧНА СЛАВА: 11 години од смртта на Гоце Арнаудов

Sase Ivanovski

Иницијатива за лекторат по македонски јазик во Тирана

Tamara Ivanovska

Блерим Беџети ги подбра министрите на ДУИ: Повеќе се фалат од што работат

Sase Ivanovski

ЈОНУЗ: Е па политичари, идите бре у пи*ку лепу материну!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Директорите на СДС, ДУИ и ЛЕВИЦА управуваат со хаосот во Град Скопје, Арсовска спроведувач на крими интереси на Ковачевски

Tamara Ivanovska

Зеленски ги посети војниците во Славјанск на Денот на вооржените сили на Украина

Sase Ivanovski

Приведен крадец по распишана потерница

Tamara Ivanovska

За што разговарале Ковачевски, Макрон и Шолц на денешната средба во Тирана?

Sase Ivanovski

166 санкции за брзо возење

Tamara Ivanovska

Владата го поништи државјанството на Онишченко

Sase Ivanovski

8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Tamara Ivanovska

Австрија и официјално кажа „не“ за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген

Sase Ivanovski

Произведени 12.379 MWh во текот на изминатото деноноќие и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

Tamara Ivanovska

Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци

Sase Ivanovski

Приведен разбојник од Кондово за издржување на казна затвор од пет години

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Драма во Албанија: На големите протести на опозицијата нокаутиран Сали Бериша!

Sase Ivanovski

СЕ ОГЛАСИ ЛИЛА ПО ТРАГЕДИЈАТА: Бог ќе ви суди, тие родители изгубиле дете, таа не е веќе меѓу живите – освен името ништо друго не знаете за неа!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски: Блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии во џебот на скопски сметководител

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Срамниот избор на Дамева за претседател на Судски совет го покажува трулиот систем, Ковачевски продолжува да го распупува правосудството

Tamara Ivanovska

УЧЕСТВО НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 60. ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПАБСЕК

Tamara Ivanovska

СДСМ: Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје, дрско ги малтретира скопјани

Tamara Ivanovska

Тренчевска: Успешните младински политики на дело – „Гаранција за млади“ ги надмина поставените цели

Tamara Ivanovska

Комунална хигиена репарација на контејнери

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски го врати Ристо Бекатон Пенов од транзицијата за да се заканува и глуми шериф

Tamara Ivanovska

ЧИТАЊЕ ЗГРАДИ: ИЗВЕДУВАЧКИ ПРАКТИКИ ВО УРБАН КОНТЕКСТ

Tamara Ivanovska

Кривична пријава против скопјанец за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”

Tamara Ivanovska

Бесими на билатерален скрининг за финансиска контрола – Законот за буџети темел на реформите за подобрување на управувањето со јавните финансии

Tamara Ivanovska

Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција

Tamara Ivanovska

Ако мислат дека треба,нека не тргнат на сила, Ленин од денешните барикади

Tamara Ivanovska

Пенов: Блокадата на автобуските превозници во Скопје нанесува огромна штета на граѓаните

Tamara Ivanovska

Хакирана руската банка ВТБ

Tamara Ivanovska

Продолжуваат протестите на приватните автобуски превозници

Tamara Ivanovska

Ова не е сообраќаен хаос, ова е анархија

Tamara Ivanovska

Левица со кривична пријава против менаџерите на ЕВН заради непријавување кражба на струја во Арачиново

Tamara Ivanovska

Се огласи Агелер: Тимот за санкции од Вашингтон е во Македонија, ќе казнува поранешни и актуелни корумпирани политичари!

Tamara Ivanovska

Вучиќ од Тирана: Подобро да сте за масата, отколку мени на масата

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) МАСК ОБЈАВИ КАКО СЕ БРИШЕЛЕ ДОКАЗИ ЗА БАЈДЕН НА ТВИТЕР Белата куќа реагираше, „тоа е интересна случајност“

Tamara Ivanovska

ЛУКАШЕНКО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА? Белоруските вооружени сили почнаа вежби за борбена готовност

Tamara Ivanovska

ПУТИН МУ ПОДГОТВУВА АТЕНТАТ НА ЛУКАШЕНКО Му замерил што не пушта војници во Украина

Tamara Ivanovska

Инвестиции за најмладите – Аеродром добива три нови детски игралишта

Tamara Ivanovska

Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Потпишан договор за поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ

Tamara Ivanovska

Владев: Општина Свети Николе оствари одлични резултати во 2022 година, продолжуваме со исто темпо во идната година

Tamara Ivanovska

Лишен од слобода крадец, одземеното е вратено на сопственикот

Tamara Ivanovska

Паметни системски решенија за станбени и деловни простории – Energy Intelligence го отвори новиот изложбен салон во Скопје

Tamara Ivanovska

Leave a Comment