Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП „Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град! Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена” кое сите граѓани на Скопје го плаќаме – вели Ѓорѓиевски.
Тој потсети дека минатата година, кога комуналците штрајкуваа, градоначалниците сами се обидоа да го соберат ѓубрето што стоеше несобрано и дека нема да дозволи ова да се случи повторно.
Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен. Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до „Комунална хигиена“ и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата на се подобри. Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава – вели градоначалникот на Кисела Вода.
Општинскиот сектор за инспекција издал прекршочен платен налог во износ од 1500 евра за јавното претпријатие.