Анализата на кажаното од Ковачевски и како тоа се претставува во комуникацијата со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини претставници, несомнено покажува дека се спинува кога се тврди дека Ковачевски сам признал дека имал средби со Арсовска во Владата, од што се вади заклучок според кој „признал дека постои тајна коалиција“ СДСМ-Арсовска, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.Текстот подолу го пренесуваме во целост:ВМРО-ДПМНЕ и нејзини функционери на 01 и 02.12. 2022 комуницираат во јавноста преку класично извртување на зборови кажани од премиерот Димитар Ковачевски, а во врска со наводна коалиција меѓу СДСМ и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска:

   

Спин: (ВИДЕО) Ковачевски ја потврди коалицијата со Арсовска – СДС стои позади хаосот во Скопје, ги врзуваат тендери и матни зделкиТајната коалиција Ковачевски – Арсовска излезе на површина. И самиот Ковачевски призна дека имал средби со Арсовска во Влада. СДС и Арсовска стојат позади целиот хаос во главниот град.Ковачевски и Арсовска заедно се виновни за грабежот над скопјани кои здружно го прават. Нивната коалиција е само за бизнис зделки и тендери во четири очи….…Оваа криминалната коалиција Арсовска/СДС создава хаос во градот и е на штета на сите граѓани…(https://fb.watch/h9nRi4ujjL/)Спин: Одговорни за хаосот во градот се неспособноста и тендер интересите на тајната коалиција Арсовски и Ковачевски која што вчера беше признаена во изјава на Ковачевски и тајните средби кои што ги имал со Арсовска.