8.8 C
Скопје
08/10/2024 04:34
МАКТЕЛ

     

Контраспин: „Стариот оркестар“ ги погребува вистината и фактите

     

Колумна за онлајн медиумот Денешен Весник на претседателот на партијата МААК, Страшо Ангеловски, изобилува со погрешни факти, теории на заговор и тврдења замаскирани како факти. Главниот антагонист за сите случувања во регионот и светот, според него, е американскиот претседател Џо Бајден. Некои од тврдењата искажани и од други лица ги имаме рецензирано во минатото како невистини, а со тактичко изоставување на мали, но клучни детали може да се тврди дека Ангеловски во дадениот случај својот став што го пласира во јавноста го гради врз извртување на вистината, односно спинови, пишува „Вистиномер“.

 

Пишува: Матеј Тројачанец

  

Претседателот на партијата Македонска Акција (МААК), Страшо Ангеловски, во својата редовна колумна за Денешен.мк со наслов „’Диригентот’ го прибира ‘стариот оркестар’ за погреби“ ја извртува вистината во повеќе наврати, при што, еден од примерите е и следниот:

„Спин: Потписот на американскиот претседател Бајден се наоѓа на наредбата со која Борис Џонсон беше испратен во Киев за да го спречи веќе потпишаниот мир меѓу Москва и Киев, на самиот почеток на Специјалната воена операција, со што ќе беа избегнати веќе речиси илјададневните страдања на украинскиот и рускиот народ.“

[Извор: Денешен.мк – Колумна на С.Ангеловски – датум: 26.08.2024]

Контраспин: Во скоро сите делови од колумната на Ангеловски може да се препознаат спин, погрешни факти и полуфакти. На кратко, според авторот, претседателот на САД, Џо Бајден, е виновен за сè — oд саботирање на преговорите меѓу Украина и Русија до уништување на македонската и украинската православна црква.

Уште во првиот параграф има спорен факт. Прво, не може да се тврди дека бившиот премиер на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, ги саботирал преговорите меѓу Москва и Киев, затоа што, како што пишува во англискиот угледен весник Гардијан во рубриката „Мислења“, „[…] навистина, немаше подготвен договор за потпишување меѓу Русија и Украина. Двете страни не се договорија за територијални прашања или за нивоата на воено вооружување дозволени по војната.“ Тоа значи дека не ни имал што да саботира Џонсон. Второ, нема никакви докази дека Џо Бајден му вршел притисок британскиот премиер за да го направи истото. Во текстот, авторката Ема Ешворд (Emma Ashford) која важи за сериозен познавач и експерт во областа на надворешно-политичките прашања, изнесува уште еден куп бројни аргументи со кои уште во насловот се потврдува дека „Реалноста е многу покомплицирана“

Натаму, во истражувачки документ за британскиот парламент што ги прикажува клучните настани во оваа војна, може да се увиди колку пати двете страни седнале на преговарачката маса, при што се укажува на бројните прилики за каква било спогодба, но до тоа не дошло, пред сè, затоа што ниту една страна не сака да отстапи од своите услови.

Следно, за овомесечниот напад во областа Курск, Ангеловски пишува:

Потписот на американскиот претседател Бајден се наоѓа на тенковите Абрамс со кои украинската војска навлезе на руската територија кај Курск, со единствена цел да ги спречи можните преговори за мир, кои стануваа се’ поизвесни, а за кои веќе се залагаа сите засегнати во светот.

Не постои ниту еден факт кој потврдува дека упадот на украинската армија на руска територија е испланиран и подготвен однадвор или уште поконкретно од САД. Тоа беше изненадување на светско ниво и САД, исто така, повеќепати демантираа дека имаат поврзаност со таа операција на Украина.

Во исказот – тврдење има и друга фактографска невистина, затоа што нема ниту една потврда за употреба на тенковите Абрамс на руска територија. Она што до сега го знаеме е дека украинските сили најверојатно имаат употребено само М2 Brаdley борбено возило, помош од САД. Треба да се напомни дека ова тврдење се темели на снимки коишто руското Министерство за одбрана ги има објавено и нема официјална или независна потврда за истото, без разлика што повеќе светски медиуми ја имаат пренесено оваа вест. За користење на Абрамс тенковите во Курск, да повториме, нема никакви вести.

Понатаму, се споменува американската разузнавачка агенција ЦИА:

Потписот на американскиот претседател Бајден се наоѓа на наредбата доставена до соработникот на ЦИА, грчкиот патријарх од Цариград, Вартоломеј, кој интензивно работи на уништување на Македонската и Украинската Православна Црква, а со тоа, на уништување на “најголемиот непријател на западната демократија – православието“, како што рече Карл Билд во 2014-та.

Тврдењето дека конкретно Бајден дал наредба Вартоломеј (кој наводно е соработник на ЦИА), за токму македонската и украинска православна црква да биде уништена е небулоза. А, како доказ за ова се нуди извртување на цитатот на бившиот премиер и министер за надворешни работи на Шведска Карл Билд. Вистиномер веќе пишуваше за овој цитат дека е погрешно интерпретиран зборот „ортодоксно“ како православно, наместо како догматско држење до правилата на некоја идеологија или религија.

Грчкиот екуменски патријарх Вартоломеј не само што се сретна со украинскиот претседател Володомир Зеленски ова лето, туку и даде, како и претходно, даде поддршка за автокефален статус на Украинската православна црква и за време на Самитот за мир во Украина. Тоа што Ангеловски не наведува дека во Украина од поодамна има поделба меѓу верниците и меѓу Црквите и дека онаа што тој ја смета за легална припаѓа на православниот свет под капата на Московската Патријаршија, додека автокефалната Украинска црква е прифатена од Вселенската патријаршија.

Што се однесува до МПЦ-ОА, таа иако доби „Томос“ од Српската православна црква и иако тоа признавање го поддржа и Руската православна црква, вистинскиот Томос го очекува од Вселенската патријаршија, а за тоа да се случи останува прашањето со епархиите во дијаспората, името на црквата и односот со автокефалната УПЦ. Но, најважно, МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија е призната како канонска црква, откако за автокефалијата договор постигнаа СПЦ и МПЦ-ОА.

Од друга страна, пак, знаеме дека Путин ја користи Руската православна црква за вршење на притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ од страна на Вселенската патријаршија и преку разузнавачки активности. Руските свештеници се активни во контактите со многу црковни лица низ балкански цркви. Но, не само за црковни прашања. Дотолку беа видливи активностите на овие свештеници, што истите беа протерани од С. Македонија и Бугарија. Со тоа, нужно се поставува прашањето за какво уништување станува збор и кој сака да го изврши тоа уништување?

Следно, за тензиите во регионот, Ангеловски пишува:

Истовремено, со потписот на американскиот претседател Бајден, во посета на таканаречениот Западен Балкан се наоѓа директорот на ЦИА, Вилијам Барнс. Нормално, според него, “во мисија на спречување на дестабилизација на регионот, бидејќи во извештајот на ЦИА стоело дека “Западен Балкан најверојатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство во текот на 2024 година.

Според него, настанот што ги „подбутна“ овие тензии се Резолуцијата за геноцидот во Сребреница. По предлог на Германија и Руанда, вели Ангеловски, се „гласа за Резолуцијата за Сребреница, во обид Република Српска, единствениот вистински чувар на Дејтонскиот договор, да биде прикажана како геноцидна творба и да се пристапи кон нејзино дефинитивно укинување“.

Прво, со оваа Резолуција ниту Србија или српскиот народ, ниту Република Српска не се прогласуваат за геноцидни држави или геноциден народ. Со резолуцијата се осудува негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници и се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Второ, пишува Ангеловски, дека по гласањето на резолуцијата: „следуваа “самоиницијативните“ потези на Албин Курти за целосно заострување на односите меѓу Косово и Србија“. Тензиите во регионот немаа никаква врска со, ниту, пак, настанаа по гласањето на Резолуцијата. Уште пред повеќе од една година токму западните лидери беа тие што ги критикуваа потезите на Курти и Приштина кога го забранија користењето на други валути во Косово освен еврото, кога извршија спорна експропријација во северот односно во српските региони. Кога назначија етнички Албанци како градоначалници во регионите со српско мнозинство со излезност помала од 4 отсто. По овие избори имаше и насилни протести во кои повеќе лица беа повредени, вклучувајќи ги и мировните сили на КФОР. А, зад насилните протести од КФОР кажаа дека стојат српски криминални групи.

Заради сево ова, сите овие „детали“ што не ги споменува Ангеловски, не може да се тврди дека „потписот на Бајден“ стои зад овие тензии затоа што Курти и Приштина направија автономни потези што децидно не им се допаднаа на западните лидери и се доведени до работ на пошироки санкции. А, за најавата на премиерот Мицковски за можна дестабилизација сè уште никакви докази, па дури ни претседателката Сиљановска-Давкова не смета има кредибилна закана.

Последно, Ангеловски (погрешно) цитира извадок од документ на Националниот совет за безбедност на САД (од таму и потекнува кратенката NSC = National Security Council), не од ЦИА. Извадокот (архивиран тука) може да се најде во книгата Containment: Documents on American Policy and Strategy 1945-1950 во книгата уредувана од Томас Ецолд и Џон Гадис.

Фото: скриншот од книгата Containment: Documents on American Policy and Strategy,
1945-1950
Ние мора да имаме автоматски гаранции кои обезбедуваат дека дури и некомунистички и, номинално пријателски режими кон Русија, во иднина нема да располагаат со никаква воена моќ, во економските односи целосно да зависат од надворешниот свет, да немаат сериозна власт над главните национални малцинства… Во случај, таквиот режим да воспоставува непријателство кон комунистите (Русија), а пријателство кон нас, ние мораме да се погрижиме, и покрај тоа, овие услови да му бидат наметнати. Ние мораме, ако не милум, тогаш со сила да ги придобиеме заради заштита на нашите интереси…

Целиот овој пасус е дел од помалку познатата теорија на заговор позната како „Доктрина на Дулес“, именувата по поранешниот директорот на ЦИА, Ален Дулес. Оваа теорија доби замав во книгата „ЦИА против СССР“ на Николај Николаевич Јаковлев, во која се тврди дека американските сили сакаат да издвојат победа преку тајно корумпирање на културното наследство и моралните вредности на Советскиот Сојуз. А, често, како централен доказ се користат неколку делови извадени од контекст од документот од Националниот совет за безбедност што, повторно, немаат никаква врска ниту со Дулес, ниту со ЦИА. Исто така, никаде не се споменува православието, православната црква или уништувањето на нивното наследство.

Дополнително, Ангеловски изостава клучни делови од пасусот. Пример, во оригиналот пишува со здебелни букви: „во случај на таков режим, кој исповеда непријателство кон комунистите и пријателство кон нас, несомнено треба да сакаме да се грижиме, односно да ги наметнеме овие услови на начин што не би бил навредлив или понижувачки“ како и „Но, ќе треба да се погрижиме тие на еден или друг начин да бидат наметнати, доколку се заштитат нашите интереси и интересите на светскиот мир.“ Изоставените делови се битни дека и покрај тоа што се кажани во контекст по завршувањето на Втората светска војна и почетокот на Студената војна меѓу САД и СССР, сепак, според документот се напишни така што имаат за цел (барем номинално) обезбедување на светски мир и одбивност кон понижување на непријателот.

Во еден од последните параграфи од колумната, Ангеловски повторно се навраќа на прашањето за православието и оценува дека Украинската црква била укината со методи непознати дури и за нацизмот, нешто што погоре во текстот е разјаснето како шпекулација а не факт, за да заклучи според негово мислење се спремало „конечно решение за Балканот“ кое опфаќало решение за православните цркви, преку што ќе се уништат „чуварите на традиционалните вредности“ и „во кое решение Македонија повторно би била „колатералната штета“.

Да резимираме, голем дел од тврдењата на Ангеловски се адаптирана и локализирана верзија на долгорочните наративи на Кремљ — буцкање за божемски нацизам и нацистички дејствувања, наводно уништување на традиционалните (односно православните) вредности и православието, изгубен суверенитет, бидејќи исклучиво големите сили ги придвижуваат работите во регионот, а овој пат највиновни се САД и Бајден. На страна од тоа, слабоста на скоро сите тврдењата е тоа што не се поткрепени со никакви докази. А, онаму каде што има, или се погрешно интерпретирани, извртени или се дел од позната теорија на заговор.

Според тоа, може да се заклучи дека ставот на Ангеловски изразен во цитираната колумна, во најголем дел се базира врз извртување на вистината, односно спинови.

 

Најново

Герасимовски: Ја охрабрувам Владата и градот да го разгледаат Законот за комунална полиција, тој е решение за проблемите во општините

Sase Ivanovski

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ја охрабрувам Владата и градот да го разгледаат Законот за комунална хигиена, тој е решение за проблемите во општините

Sase Ivanovski

Герасимовски: Најавената поддршка за општините има многу нејаснотии

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим денеска во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Концерт на рап-бендот КЕМ и гости во четврток во „Public Room“

Sase Ivanovski

Забрана за пиење на водата од гостиварскиот водовод заради присуство на манган

Sase Ivanovski

Цените на автобуските билети за меѓуградските линии и натаму „солени“, компаниите нема да ги намалат

Sase Ivanovski

Лажниот приказ за Холандија во дезинформациите што кружат во С. Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора

Sase Ivanovski

Лавина дезинформации за ураганот „Хелена“ во Северна Каролина

Sase Ivanovski

На годишнината на нападите на 7 октомври, Израел, Хезболах и Хамас лансираат напади

Sase Ivanovski

Нобеловата награда за медицина доделена за откривањето на микроРНК

Sase Ivanovski

Бензините и дизелот поскапуваат за денар

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана Мисајловски се сретна со новиот евроамбасадор Рокас

Sase Ivanovski

Анкета на ЕПИ: Граѓаните веруваат дека надворешната политика влијае врз нивниот живот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најавена е сосема нова „Avatar the Last Airbender“ игра

Sase Ivanovski

Стојаноски: Одлучивме на криминалот да му удриме во чело, одговорност ќе има, нема повеќе криминал и бандити да царуваат по улиците како во време на Спасовски

Sase Ivanovski

Стојаноски: Инфраструктурни проекти на Коридорот 10, клучни за подобрување на поврзаноста и создавање економски можности во Македонија

Sase Ivanovski

Трипуновски: Со отворање на подрачни единици и канцеларии, Министерството го приближуваме до земјоделците

Sase Ivanovski

Потпишан договор за европски грант, 50тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ИНАУГУРАТИВНА СЕДНИЦА НА ИППГ ЗА ПОДДРШКА НА КРИМСКАТА ПЛАТФОРМА

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Денес сакаме јавно да поставиме прашање дали ДУИ е спремна да се соочи со одговорноста за тоа што работеше единствено за личен интерес на поединци од својот врв

Sase Ivanovski

Повеќе од 4600 лица добија можност за вработување

Sase Ivanovski

Средба на министерот Муртезани со шпанскиот амбасадор Сориано Ортиз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вучевиќ: Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион и даваме целосна поддршка на Северна Македонија на нејзиниот европски пат

Sase Ivanovski

Средба Филков-Хаџиу во Приштина

Sase Ivanovski

Маж паднал од дрво и починал, невенчаната сопруга го однела во болница и побегнала

Sase Ivanovski

Стоилковиќ – Вучевиќ: продлабочување на соработката на двете земји и положбата на српскиот народ во земјава, како и на македонскиот народ во Србија

Sase Ivanovski

Борел: Блискиот исток е на работ на тотален пожар

Sase Ivanovski

Нова ,,пирамида” во Македонија, организаторот дава нула гаранции за добивка, била за играчи кои имаат срце!

Sase Ivanovski

„Европскиот фронт“ бара одговорност од Таравари за смртта на 14-месечното дете

Sase Ivanovski

Фактор: Како да не беше 20 години во бегство: Даравелски стана шеф и на акционерско друштво

Sase Ivanovski

Мицкоски:Иднината на пругата кон Бугарија ќе се решава во Брисел,така ме информираше министерот Николовски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Атанас Костовски: Од детство во војна до пензија во независна држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спремете се за вечер исполнета со музика и емоции! На 11ти Oктомври, Владо Јаневски ќе го загрее Club Pure со своите најголеми хитови

Sase Ivanovski

БГНЕС: Целото семејство на македонската министерка Божиновска се бугарски државјани

Sase Ivanovski

Тројца повредени при судир на “шкода” и “мерцедес” во Куманово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Србија ќе работат на изградба на гасен интерконектор, нафтовод и брза пруга

Sase Ivanovski

Перински: Воспоставување на нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало), меѓу Бугарија и Македонија“, проект од ИПА 3 Програмата вреден 11 милиони евра

Sase Ivanovski

Постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година, најави министерката Јаневска

Sase Ivanovski

На Македонија и требаат 6,4 милијарди долари за да ги избегне штетите од климатските промени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николоски: Немам чувство дека Курти седи во македонската влада

Sase Ivanovski

Николоски: Целта е со 200 км на час да се патува помеѓу Скопје и Солун и од таму за Атина и Скопје-Белград и од таму за Будимпешта и Виена

Sase Ivanovski

Набавката за хортикултурно уредување ја распишало и спровело претходното раководство, велат од МЕПСО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари: На детската клиника имало стручен кадар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кршење чинии чаши и саксии, предбрачна традиција во Германија наречена Полтерабент

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Навивачката фудбалска група Комити ја нападнаа управата на Вардар

Sase Ivanovski

Во образованието вишок се три илјади наставници, но за сите ќе има работа и повисоки плати, вети Јаневска

Sase Ivanovski

Mаксим Димитриевски: Во тек е реконструкција на постоечкото спортско игралиште во стариот градски парк во Куманово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Австралиските државјани кои бегаа од конфликтот во Либан, безбедно слетаа на Кипар

Sase Ivanovski

Во руски ракетен напад погоден брод на украинско пристаниште што превезувал жито

Sase Ivanovski

Жена од градот Штип пронашла делови од тело во шума, се сомнева дека е нејзината исчезната мајка

Sase Ivanovski

Четири автомобили изгореле на паркинг во општина Аеродром во градот Скопје

Sase Ivanovski

Професорот Трајко Славески за измамата Конти: „На лакомите и будалите ниту Бог не може да им помогне, ум за друг пат Понзи шеми имало и ќе има се додека има овци за стрижење кои веруваат дека ќе се збогатат со ставање лајкови”

Sase Ivanovski

Закупот на српските локомотиви ќе чини 575.610 евра колку што чини поправка на домашна локомотива

Sase Ivanovski

Приведен жител на неготинско од како го натепал малолетниот внук

Sase Ivanovski

Со Брисел ќе се решава иднината на пругата кон Бугарија, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Становите повторно поскапеа: Најавеното стабилизирање на пазарот е мала утеха за граѓаните

Sase Ivanovski

Јорданскиот министер Ајман Сафади: Израел ризикува регионална војна

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Средба на министерот Владо Мисајловски со новиот евроамбасадор Н.Е. Михалис Рокас

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Крива Паланка добива пет нови мостови

Sase Ivanovski

Паднал и починал маж од гостиварско додека собирал костени од дрво, неговата жена се обидела да ја напушти државата

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер

Sase Ivanovski

Маж се обидел да силува триесет годишна жена во градот Штип

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Sase Ivanovski

Во Топ тема вечерва: Општините чекаат одлуки за проектот „ сто милиони за инфраструктурни проекти“, но никој не кажува зошто во буџетот има само седумдесет и пет милиони

Sase Ivanovski

(ФОТО) Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија

Sase Ivanovski

Средба на министерот Орхан Муртезани со д-р Афродита Шаља

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Младо лице снимено како со едната рака вози мотор, со другата лизга куфер на улица “Партизанска” во општина Центар во градот Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) МЕЏИТИ: НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ПРИОРИТЕТ НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице при извршување тешка кражба во викендица во прилепско

Sase Ivanovski

Дурмиши: Работиме на нови иницијативи со кои ќе ја подобруваме и зголемуваме вработеноста и ќе овозможиме социјална инклузија на пазарот на трудот

Sase Ivanovski

Жена сакала да и отстранат црна магија, била измамена и останала без петнаесет илјади евра

Sase Ivanovski

Секој месец „Среќна 13-ка“ во Спорт Лајф

Sase Ivanovski

Лавров го предупреди Западот: Не си играјте со оган

Sase Ivanovski

Кузеска: За само сто денови ДПМНЕ ја загрози безбедноста на граѓаните и создаде несигурност по улиците

Sase Ivanovski

Гази Баба ќе дава стипендии за талентирани, спортисти и ученици со посебни потреби

Sase Ivanovski

Јакимовски: ОТВОРЕНА ПРВАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „На кавга со Иван“ гостин Мирјана Најчевска вечерва во живо во 9:30 часот

Sase Ivanovski
Вчитувам....