МАКТЕЛ

     

Контраспин: Стотиците милиони евра прво треба да стигнат, па да се бројат

      

Сè уште станува збор само за намера/најава за инвестирање со пари кои инвестицискиот фонд треба да ги собере до крајот на 2025 година, па оттука, има елементи за спин во информацијата на Владата во делот на странските инвестиции -Во набројувањето на успесите од првите 100 дена Влада, избројани се 600 милиони евра инвестиции од 4 компании, од кои само онаа од „Алказар енерџи“ вреди 500 милиони долари.

Сепак, сè уште станува збор само за намера/најава за инвестирање со пари кои инвестицискиот фонд треба да ги собере до крајот на 2025 година, па оттука, има елементи за спин во информацијата на Владата во делот на странските инвестиции, пишува Вистиномер. Текстот го објавуваме интегрално:

   

По прес-конференцијата за првите 100 дена и постигнатите резултати, Владата издаде и соопштение со прецизно набројани постигнувања, при што во делот на странските инвестиции има елементи на спин: Спин: За 100 дена 4 СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ во износ од 600 МИЛИОНИ ЕВРА за нови над 1.500 вработувања! 

Странска инвестиција за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија… 

Контраспин: Убаво е влада да се пофали со успесите од сопствената работа во првите 100 дена од владеењето, како што тоа го стори Владата на Христијан Мицкоски, но притоа треба да се прави разлика од искажаните намери и од степенот на реализацијата, како што тоа е сторено во соопштението на Владата во делот за странски инвестиции.

Конкретно, од Владата велат дека за 100 дена обезбедиле 4 странски инвестиции во износ од 600 милиони евра и нови над 1.500 вработувања. Потоа, како инвестиција се набројани „Алказар енерџи“, со изградба на ветерници од кои ќе се произведува респективно количество електрична енергија од инсталираните 400 MW во вредност од 500 милиони долари, a потоа се наредени другите три:

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ инвестира во развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 ВРАБОТУВАЊА. НОВА ИНВЕСТИЦИЈА за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања! ИНВЕСТИЦИЈА на германската компанија „BMZ Group“ за производство на литиум јонски батерии во вредност од 65 милиони евра и отворање нови 700 вработувања!

Како што може да се види во структурата од нови 600 милиони евра за првите 100 дена од Владата, најголемиот колач го зазема „Алказар енерџи“ со 500 милиони долари. Настрана од другите три, кои се многу поконкретни и во можеби понапредна фаза, како онаа на „Вабетек“, оваа инвестиција од 500 милиони евра засега е само најава/намера. Убава намера за македонската држава и за граѓаните, убава намера од Владата која има стратешка определба да ја направи државата независна од увоз на електрична енергија и трансформација во што поголемо користење на зелена енергија….но сепак, е само НАМЕРА.

Тоа го покажуваат фактите што може да се најдат во јавноста. Најпрво, новата планирана инвестиција беше најавена од самиот премиер уште во кампањата без да ја именува компанијата, а потоа уште во првиот месец од составот на новата Влада во Скопје беше организирана промоција на најавата за инвестицијата. Притоа имаше детално соопштение од Владата, а имаше и детални извештаи низ медиумите, вклучително и реакциите од претставници на претходната влада, како што е онаа реакција на поранешниот вицепремиер и денешен пратеник Фатмир Битиќи:

Вистината е дека ниту се почнати ниту се завршени преговорите, ова е најава на инвестиција, која сè уште институционално ќе треба да се води, да се одговори на сите отворени прашања, рече тогаш Битиќи. Фактите околу оваа намера за инвестиција може да се потврдат и од соопштението на „Алказар енерџи“ издадено на денот на промоцијата во Скопје.

Имајќи предвид дека првичните размислувања за оваа инвестиција потекнувале уште од 2008 година (види ја изјавата на Д. Калдерон), имајќи предвид дека компанијата има инвестиција и во Црна Гора, развивањето на големи сомнежи дали инвестицијата ќе се реализира, не е опција.

Но, имајќи предвид дека е сè уште само најава/намера и имајќи предвид дека станува збор за инвестициски фонд од Луксембург кој допрва ќе собира средства за инвестицијата, најавата е до крајот на 2025 година и имајќи предвид дека во јавниот простор не успеавме да најдеме вест за документ (договор, меморандум за разбирање, писмо на намери, итн.), потпишан помеѓу Владата на РСМ и „Алказар енерџи“, сепак треба да се остави простор за сомнеж дали инвестицијата ќе се реализира.

Барем во најавениот рок и во најавениот обем во пари и во моќност на инсталираните капацитети. Без оглед што Мицкоски на вчерашната прес-конференција најави дека на 25.06.2025 очекува да биде означен камен темелникот на инвестицијата и да отпочне физичката изградба. За разлика од тоа на пример, инвестицијата во нов погон за производство на батерии на БМЗ груп веќе е физички започната.

Оттука, бидејќи тоа е само најава/намера за инвестиција, која треба да се реализира од крајот на 2025 г. и во годините потоа од 2026 година, броењето на еврата и доларите (500 милиони), во вкупно реализираните успеси од 4 нови инвестиции со вкупна вредност од 600 милиони, содржи елементи на извртување на вистината, т.е. спин. Нема сомневање дека Владата имала сериозни разговори и состаноци со новите инвеститори, вклучително и со „Алказар енерџи’, но стотиците милиони евра прво треба да пристигнат, па да се бројат како успех.

Пишува: Теофил Блажевски, МЕТА.МК

   

Најново

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski
Вчитувам....