7.8 C
Скопје
15/09/2024 08:39
МАКТЕЛ

     

Контраспин: Mигрантите нема да стапнат во Албанија, а камоли во С. Македонија

     


Двата центра за процесирање на мигранти во Шенѓин и Гајдер, Албанија, ќе бидат само тоа – центри за процесирање. Мигрантите спасени на море ќе бидат испратени во центрите каде што нивните барања за азил ќе бидат обработени во рок од 28 дена. Прифатените апликанти ќе бидат пренесени во Италија, додека одбиените ќе останат во притвор пред да бидат репатрирани. Штом Албанија нема да прима и сместува мигранти, нема ни да има такви што ќе се упатат кон С. Македонија. Овие центри не се услов од Италија за пристап на Албанија кон ЕУ, ниту, пак, се доказ дека и ние ќе добиеме ист ваков. Наспроти тврдењето во објавата, некои од бастионите на строгата „антимигрантска“ политика, сепак, примаат азиланти, пишува Вистиномер. 

 

Анализата ја пренесуваме интегрално:
Петар Богојески, претседателот на партијата Македонски Концепт, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук сее страв и манипулира со фактите, за вест што е стара веќе неколку месеци: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ВРЕМЕ!
Од денес Албанија и официјално ќе стане примарен центар за африкански мигранти. Албанските власти ќе започнат да примаат мигранти кои пристигнуваат на бреговите на Италија, со план да сместат 10.000 мигранти годишно.

  

МАКЕДОНИЈА Е ВО ОПАСНОСТ!
Итно строга контрола на границата со Албанија!
Тие решиле да бидат измеќари и да станат африканска депонија! Албанија за 5 години нема да биде ваква, каква што ја знаеме денес!
Не мораме и ние!!! Можеме и мораме да се заштитиме како Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Романија, Бугарија и сл. на нив!
Ако направиме уште сега грешка, ништо нема да остане од нас!
Ова е инвазија и имаме легитимно право да се браниме!
Очекувам поддршка од сите македонски граѓани по ова прашање! Ако изостане граѓанска поддршка, да знаете дека нема да успееме да се одбраниме! 

За неколку денови, низ Македонија ќе започне кампањата од неолибералните гниди, од измеќарите и арапски платеници, од левичарски енвер оџи, паЉестински и хамас поддржувачи и други отпадоци, за тоа колку е добро да станеме африканска земја, дека африканскиот и блискоисточен ислам не е проблем, бурките се одлични, силување на деца од 12 години е супер, па и тие на 8 години, убивање на христијани е оправдано, само затоа што се христијани и се лоши што не сакаат да се друго, и т.н. и т.н.  Во моментов Британија е доведена во очај токму од таквите неолиберални гниди. Франција исто! Германија се обидува да се спротистави, тешко им оди! Но тоа се земји со огромни ресурси и државен имунитет! Македонија не е! Ќе не скршат засекогаш! 

Сега е време да се дејствува!
Приказната дека “нема да останат тука, никој не сака сиромаштија, ќе заминат во ЕУ” е МИНАТО! Токму обратно, земјите од ЕУ ќе го испраќаат олошот од кај себе и ќе го депонираат тука, за сега во Албанија.
Можете да претпоставите која ќе биде следна земја!?! И кој ќе биде следен “услов за ЕУ”?!?
Македонија мора да се постави како Полска, Чешка и Словачка! Да не чекаме!

Контраспин: Во објавата на Богојески се препознава спин околу италијанските центри за процесирање на мигранти во Албанија. Во целата објава се сее страв како божем во С. Македонија божем ќе има инвазија од мигранти, се шират небулози околу условите за влез во ЕУ, како и многу јасна ксенофобична и исламофобична реторика.

Основните факти се следните. По децениски долга антимигрантска реторика и предизборно ветување дека ќе се позиционира строго кон нерегулираната миграција, минатата година италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочуваше со бранови на мигранти од Африка. Еден од начините да се справи со овој проблем надвор од бреговите на Италија беше преку Договорот со Албанија склучен во ноември минатата година. Според Договорот, ќе се отворат два центра за процесирање на мигрантите во Шенѓин и Гајдер, а истиот се ратификува во албанскиот парламент уште во февруари оваа година.

Пред неколку месеци, во јуни, Мелони ги посети овие центри, коишто беше најавено дека ќе имаат капацитет од 3 илјади луѓе. А, минатата недела, на покана на италијанското Министерство за внатрешни работи, Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) ќе учествува во мониторирње на работата во двата центра во Албанија и состојбата на луѓето што ќе бидат сместени таму. Последно, оваа недела, како што пренесуваат албанските медиуми, пристигна првиот контингент на италијански полициски сили во вторник (20.08.2024), кои ќе ја гарантираат безбедност во овие центри.

Да го разгледаме овој дел од објавата на Богојески на Фејсбук:
Албанските власти ќе започнат да примаат мигранти кои пристигнуваат на бреговите на Италија, со план да сместат 10.000 мигранти годишно. Според Ројтерс, мигратите што ќе пристигнат во центрите „нема да стапнат“ во Албанија, дури ни бремените жени, малолетниците и други ранливи групи. Мигрантите што ќе бидат собрани на море ќе бидат испратени во овие центри, каде барањата за азил треба да се обработат во рок од 28 дена. Лицата чии барања ќе бидат прифатени, ќе бидат испратени во Италија. Одбиените мигранти ќе бидат приведени пред да бидат репатрирани. Ова значи дека Албанија нема да „стане депонија“, бидејќи воопшто нема да ги прима и сместува мигрантите. Следствено, штом нема да има воопшто мигранти во Албанија, значи дека нема ни да има мигранти кои хипотетички би извршиле „инвазија“ на С. Македонија.

Понтаму Богојески во објавата вели: Можеме и мораме да се заштитиме како Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Романија, Бугарија и сл. на нив!
Бидејќи се наведуваат неколку земји како пример за заштита и строга антимигрантска политика, да ги разгледаме статистиките на некои од нив. Според датабазата за информации околу азиланти при Европскиот совет за бегалци, само за 2023 година ги наоѓаме следните бројки на барања за азил и стапката на прифатен статус на азил или статус на дополнителна заштита: Полска – 9,513 (48,69%), Австрија – 59,232 (8,98%), Романија – 10,346 (39,69%) и соседна Бугарија – 22,518 (25.7%). Интересно да се забележи е тоа што, според Европската комисија и Националниот институт за статистика, Бугарија во изминатите години има поголема стапка на имиграција отколку емиграција.

За другите држави нема податоци на овој сајт, освен Унгарија за која има податоци од 2022 и има само 44 апликации – вистински пример за отсуство на примање мигранти/азиланти. Од ова може да увиди дека со исклучок на Унгарија, другите држави што наводно имаат строга антимигрантска политика, па според објавта, немале наплив на мигранти, сепак во поголема или помала пропорционална мерка примаат азиланти и мигранти од Африка и Блискиот Исток. Што значи дека овие примери не се нешто издржани и покрај тоа што во самите држави има (владејачки) партии што гласно промовираат антиимигрантска реторика. Ова е убаво објаснето во Пактот за миграција и азил на Европската комисија.

Во објавата, исто така, се тврди дека: Во моментов Британија е доведена во очај токму од таквите неолиберални гниди. Ама, битно е да се потенцира дека околу „очајот во Британија“ виновен а Англичанец, не мигрант. По тргичното убиството на три девојчиња Саутпорт, започнаа масовни немири низ цела држава откога погрешно беше идентификуван напаѓачот како муслимански мигрант. Односно, како што пишуваа повеќе светски медиуми:
Лажните тврдења за потеклото на осомничениот се проширија како огнена стихија, а некои лажно го именуваа како „Али ал Шакати“, без официјален извор за името. Имаше и тврдења дека осомничениот пристигнал во Велика Британија со мал брод во 2023 година, што исто така беше лажно, пишува во Ал Џезира. Креирање на ваков антимигрантски, ксенофибичен и исламофобичен сентимент не е без последици. Во деновите по трагичниот настан во Саутпорт, заради напливот на дезинформации околу идентитетот на осомничениот напаѓач, крајно десничарските агитатори и демонстранти нападнаа локална џамија, извикувајќи „Нека се е**т муслиманите“ (F**K Muslims).
На крајот од објавата Богојески прашува: „И кој ќе биде следен “услов за ЕУ’?!“, алудирајќи на тоа дека ќе ни биде наметнато да примиме огромен број мигранти.

Овие центри за процесирање на мигранти немаат никаква врска со процесот на пристапување на Албанија кон ЕУ. Нема ниту какви било докази дека конкретно Италија им го поставила ова како услов на Албанија, ниту пак, досега некој од меѓународните авторитети кажал дека  ние ќе добиеме нов услов за нашиот евроинтеграциски процес. Напротив, како што пишува во Ројтерс, отворањето на овие центри е начин да се заблагодарат [Албанците] на Италија, која прими илјадници Албанци кои бегаа од сиромаштијата по падот на комунизмот во 1991 година. Заклучно, треба повторно да се акцентира дека целата објава е базирана на неточна премиса.  Мигрантите нема да бидат пуштени во Албанија, ниту истите да доаѓаат кај нас. Користење зборови како „инвазија“ и повикот „да се браниме“ и да има „строга контрола на границата“, е јасно сеење страв затоа што се претставува ситуацијата како ургентна закана, пред границата има конвој со илјадници мигранти. Дополнително, дел од овие реторики ни се познати, бидејќи истите се користат против нашите албански сограѓани со години. Валидно е да се има грижи за прашањата околу (и)миграцијата, но прикажување на сите мигранти како криминалци и силувачи или дека го мразат христијанството, не само што погрешно, туку и опасно. Ваквите наративи неосновано ги ставаат сите мигранти во еден калап и ги претставуваат како надворешна закана по националниот идентитет, безбедност и култура.

 

Најново

Како Македонија може да фати чекор со дигиталната револуција

Sase Ivanovski

Трчај бе: Како една трка стана полигон за креативци и визија за новите генерации дизајнери

Sase Ivanovski

СДСМ: Дипломатски дебакл на Сиљановска во Софија

Sase Ivanovski

Сиљановска ќе бара објаснување од Радев за знамето: Ваков чин не беше предвиден

Sase Ivanovski

Решенијата со Бугарија не се на дофат на раката

Sase Ivanovski

Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак

Sase Ivanovski

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“

Sase Ivanovski

Левица: Сиљановска е пиун во бугарската игра со македонскиот идентитет

Sase Ivanovski

Случај Крмзов: Обвинувања за шверц, долгови кон УЈП и блокирани банкарски сметки!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поплави во Европа: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани се стотина граѓани

Sase Ivanovski

По инцидентот на небото над Скопје, се огласи ЗКЛМ: Не станало збор за заташкување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дурмиши: ССМ да не брза, покачување на минималната плата ќе има, но мора да се слушне и бизнис секторот

Sase Ivanovski

Коцевски оцени дека акцијата за даночна измама и перење пари била успешна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трендафилов: Во Европа 60-70% оди за плати, кај нас 10% од профитот е за работниците, 90% за луксузирање на газдите

Sase Ivanovski

Со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски се отвора литературниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Sase Ivanovski

Црквата во Лерин не била срушена затоа што имала македонски натписи

Sase Ivanovski

Папата Франциск смета дека американските гласачи треба да изберат помеѓу „помалото од двете зла“

Sase Ivanovski

УКИМ ги усогласува давачките: Повисоки трошоци за дел од студентите со дигитализацијата

Sase Ivanovski

Оваа година, Браќа Манаки ќе прикаже врвни филмски проекции и ретроспективи, и ќе понуди и можност за посветени дискусии и работилници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: НЕ ЗНАМ ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП, БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ БЕЗБЕДНИ

Sase Ivanovski

Погледнете колкава редица за новиот IPHONE16

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Часови по готвење за данските ученици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кејт Мидлтон го заврши третманот со хемотерапија: „Не можам да ви кажам какво олеснување е тоа“

Sase Ivanovski

Во израелско бомбардирање на Газа загинаа 14 лица

Sase Ivanovski

Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина

Sase Ivanovski

Ким Џонг Ун и Сергеј Шојгу најавија поголема соработка за одбрана на „заедничките безбедносни интереси“

Sase Ivanovski

СВР Битола поднесе пет кривични пријави за пожари

Sase Ivanovski

Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица

Sase Ivanovski

Русите со дронови ја нападнаа одеса, под закана се и други украински градови на брегот на Црното Море

Sase Ivanovski

Формирано ново одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје

Sase Ivanovski

САД и Британија не и дозволија на Украина да користи ракети со долг дострел

Sase Ivanovski

Како Милчо Манчевски за филмот “Сенки” ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

Sase Ivanovski

Со донации од македонските граѓани во Газа дистрибуирана питка вода

Sase Ivanovski

Генерал-мајор Сашко Лафчиски во текот на денешниот ден учествуваше на редовната конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО, која се одржува во Прага

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Во врска со таблата на граничниот премин Блаце со Косово, чија фотографија беше објавена од дел од медиумите, го соопштуваме следното…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица поради изнуда

Sase Ivanovski

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ да се охрабрат и да го поддржат Законот за бранители

Sase Ivanovski

Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени устранови набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО 

Sase Ivanovski

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Санкции за превоз на патници без лиценци

Sase Ivanovski

Проверен факт: Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски нелегално ги трошел народните пари за субвенции за фирми блиски до СДС

Sase Ivanovski

Рељиќ на 7-та позиција на Олимписката ранг листа

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Прилеп

Sase Ivanovski

Тошковски: Секој што правел криминал ќе одговара, без разлика кој и колку високо бил

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Радовиш

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на македонската национална опера и балет во Софија

Sase Ivanovski

СВР Битола поднесе пет кривични пријави за предизвикување на пожари во Битола и битолско

Sase Ivanovski

ДУИ: Неспособноста на ВЛЕН ги уништува националните достигнувања на Албанците

Sase Ivanovski

Меџити: ДУИ е деструктивна, а СДСМ забега во национализам

Sase Ivanovski

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Sase Ivanovski

Кабинет на претседателката Сиљановска – Давкова: Ќе побараме објаснување за фотографијата пред бугарското знаме, ваков чин и потег не беше предвиден

Sase Ivanovski

Блиска фирма на пратеник од Европскиот фронт добила тендери од Груби, обвини Абази

Sase Ivanovski

Филипче: Дипломатска катастрофа и понижување на македонската држава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Давкова

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Трајанов: Власта има капацитет да спречи меѓуетнички конфликт!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ситници со кои домот ќе изгледа полуксузно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кога тренерите потврдуваат зошто се тренери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додиќ во небрано: Деца го нарекоа лопов…

Sase Ivanovski

(ФОТО) Првиот црнец примен на Универзитетот во Оклахома во 1948 година бил принуден да седи во агол подалеку од колегите-бели студенти

Sase Ivanovski

Од 13 до 15 септември: “Skopje Beer Weekend“ на стадионот на АРМ во Градски парк-Скопје

Sase Ivanovski

Тошковски: Има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари

Sase Ivanovski

Ако сакате круши, кајсии, јаболка… од македонско производство, ова е земјоделецот кого го барате: Запознајте го Бајро Ашкериќ од Виничани кој го послушал министерот и прв посадил 4000 дрвца круши

Sase Ivanovski

ПОСЕТАТА НА СИЉАНОВСКА И МУЦУНСКИ НА СОФИЈА Е ГОЛЕМ ДРЖАВНИЧКИ ПОТЕГ КОЈ ЗАСЛУЖУВА ЦЕЛОСНА ПОФАЛБА!

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа

Sase Ivanovski

КУЗЕСКА: Срамно понижување на државата и дипломатски дебакл на Давкова и Мицкоски во Бугарија

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Не сум монарх за да го менувам Уставот

Sase Ivanovski

КОСТОВСКИ: Ги прашувам институциите на прогонот и правда, кој е тој што има потреба да објавува лажни текстови во име на оштетените штедачи на ЕУростандард банка кои се целосно исплатени?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еве како да наместите некој пријател со одличен трик

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со Претседателот на МАНУ, Академик Живко Попов

Sase Ivanovski

Јефимчик, најмасивниот бодибилдер на светот, почина – неговата неверојатна диета и шокантен крај!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во најголемата заплена на синтетички апчиња во шпанската историја, полицијата открила и запленила дрога вредна 25 милиони евра

Sase Ivanovski

Ослободен заплеткан кит од рибарски мрежи по четиридневно спасување во Канада

Sase Ivanovski

Белата куќа: Предупредувањето на Путин го сфативме сериозно

Sase Ivanovski

Делегација на ММФ ќе ја посети Москва

Sase Ivanovski

Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово

Sase Ivanovski

Курти: Вучиќ во координација со Русија подготвува нови закани кон Косово, но не нè плаши

Sase Ivanovski

Низа реакции од ЕУ и САД околу одземањето на пратеничкиот мандат на Олта Џачка

Sase Ivanovski
Вчитувам....