Останатите може да немаат поради тоа што се затворени објекти или викендици, согласно проценките на терен. На сетирањето на броилата на евтина тарифа се работи секојдневно, а на секое броило сетирано од овластените стручни екипи ќе појавува опцијата Т1 за висока тарифа и Т2 за евтина тарифа. Така, секој потрошувач ќе може точно да види на која тарифа е моменталната потрошувачка. Овие ознаки се јавуваат само кај броилата кои веќе се сетирани.
Постапното воведување на евтината тарифа е техничка работа, а на ист начин се реализираше и укинувањето на евтината тарифа. Имено, и тогаш овластените екипи постепено ги сетираа броилата, бидејќи овој процес и тогаш се вршеше рачно.Бислимовски потенцираше дека екипите на ЕВН не можат одеднаш да ги сетираат сите броила и додаде дека ниту еден граѓанин нема да биде оштетен, алудирајќи на сметките.