Таа додаде дека, наспроти она што го тврдеше Арсовска на почетокот на годината, проектот е безбеден и потврден од сите релевантни институции.-Градоначалничката сега треба да ни прати фактичка состојба и потврда дека парите се на сметката на Град Скопје. Овој проект треба да ги надмине сите лични и политички проблеми, бидејќи е од витално значење, рече Костадиновска Стојчевска.