На нашата Струмица, како прва Општина со целосно електричен јавен превоз, и прилегаат средени и функционални сообраќајници. На крак од една од пофреквентните сообраќајници во градот – булеварот „Ленинова“ се става нов асфалтен слој. Оваа општинска инвестиција е во вредност од 4.127.420,00 денари. Со овој зафат заокружуваме 90 проценти на реализација на рамката за асфалтирање на улици со втор слој асфалт. Ова е важно затоа што уште сме месец септември, а ние имаме ваква реализација на капитална програма за која советниците дале поддршка.
Десетте проценти коишто ни остануваат ќе ги реализираме следните денови на дел од улицата „Васил Сурчев“ со втор слој асфалт и прв слој асфалт и пробивање улици кои се во тек во урбан блок 41. Со ова уште еднаш потврдуваме дека приоритетите на граѓаните ги ставаме на прво место, затоа што само со добра и корегирана инфраструктура Струмица станува се поубаво место за живеење.
Струмица се сака од срце и со дела!