14.8 C
Скопје
22/05/2025 00:42
МАКТЕЛ

     

Кос: Србија има историска можност да се приклучи кон Европската Унија

      

Европската комисија останува цврсто посветена на поддршката на Србија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, но пристапувањето е повеќе од технички процес, бидејќи тоа е одлука да се прифати иднина која е вкоренета во демократијата, достоинството и споделената одговорност, што може да се направи само преку процес што го опфаќа целото општество, порача вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во дебатата во Европскиот парламент за извештајот на ЕП за Србија за 2023 и 2024 година.

– За време на мојата посета на Србија минатата недела се сретнав со политички лидери, организации од граѓанското општество, студенти, академици и жени кои го обликуваат јавниот живот. На сите тие состаноци ја пренесував истата порака дека моментумот за проширување е реален и дека Србија има историска можност да се приклучи на Европската Унија, истакна Кос. Таа посочи дека преговорите за пристапување бараат решителност и лидерство во спроведувањето на реформи за доброто на граѓаните на Србија, што во последните пет месеци го бараат и граѓаните протестирајќи на улиците.

   

– Затоа, Србија треба да ги засили напорите и да испорача конкретни резултати во борбата против корупцијата и да го зајакне владеењето на правото. Независноста на судството мора да биде заштитено. Медиумите мора да можат слободно да работат. Изборните реформи треба да обезбедат секој граѓанин да може да гласа со доверба во системот. Овие реформи не се само клучни за да се справат со проблемите на европскиот пат на Србија, туку се и императив за излез од сегашните политички влијанија и поделби во српското општество, додаде Кос. Според неа, граѓанското општество во Србија мора да има простор за дејствување и да се изгради отпорност кон дезинформациите и манипулациите кои го ослабуваат општественото ткиво и ја еродираат демократската доверба.

– Заплашувањата и притисокот врз граѓанското општество не се начинот на кој работиме во Унијата и тие не смеат да се толерираат, потенцира Кос. Таа потенцира дека пристапувањето кон ЕУ не значи само користење на придобивките, туку и обврска за почитување на заедничките вредности, вклучително и на заедничка надворешна политика, па затоа во време на војна на нашиот континент, соработката со Русија не може да продолжи како ништо да не се случува.

– Заедно со Србија сакаме да се фокусираме на заедничка иднина во обединета, посилна и побезбедна Европа. Напредокот, исто така, значи продолжување со нормализацијата на односите со Косово. Ова е од суштинско значење за регионалната стабилност и за патот на Србија кон членство во ЕУ. Конструктивното лидерство ја зајакнува довербата во регионот и отвора врати за соработка. Сакаме вистински демократска и економски просперитетна Србија во рамките на ЕУ. Тоа беше и визијата на Зоран Ѓинѓиќ, кој сонуваше за Србија вклучена во семејство на демократските модерни и развиени земји. Сметајте на нашата континуирана поддршка за тоа да стане реалност, нагласи Кос. Според изведувачот на ЕП за Србија и автор на извештајот, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, политичка реалност во Србија е исклучително сложена веќе подолго време, а особено во последните шест месеци, по падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, што стана „трагичен симбол за системската корупција, непотизмот и несоодветните контролни механизми што треба да ги штитат граѓаните“,

– Денеска дискутираме за состојбата во држава во која изборното законодавство има сериозни недостатоци, медиумите генерално не се слободни или достапни за сите, регулаторното тело за медиуми не функционира, судството селективно ја дели правдата, а против оние што укажуваат на проблемите се користат јавно неидентификувани нелегални средства. Граѓаните на Европската Унија се притвораат и протеруваат од земјата поради статуси на социјалните мрежи, а државите членки на ЕУ и нивните функционери се обвинуваат дека стојат зад т.н. обоена револуција, додаде Пицула. Според него, Србија постојано одбива да се усогласи со геополитичките определба на ЕУ и да воведе санкции кон Русија и се соочува со големи пречки во напредокот на европскиот пат поврзани со недостигот на внатрешен политички дијалог, со владеењето на правото и борбата против корупцијата, со постигнување на сеопфатен договор за нормализација на односите со Косово и со целосно усогласување со надворешната политика на Европската Унија.

Тој посочи дека ЕУ досега инвестирала милијарди евра во Србија, но дека јавната перцепција и изјавите на српските лидерите генерално не го одразуваат ова, како и дека економскиот раст се базира и на нетранспарентни договори, кои покрај економско имаат и директно политичко влијание.

– За оваа ситуација своја одговорност сигурно мора да преземе и Европската Унија, поради политичките пораки за напредок во владеењето на правото, билатералните трговски договори и екстремно ниската стапка на инвестирање на европски пари во делот што носи најголема трансформативна придобивка – зајакнувањето на судството и борбата против корупцијата, додаде Пицула. Според него, изјавите на „српскиот лидер“ за формална посветеност на европската интеграција звучат навистина неубедливо, додека во исто време планира патување во Москва и нови енергетски договори со Русија. Пицула нагласи дека при изработката на извештајот се соочил со недипломатски практики, неосновани обвинувања и лични напади, но, и покрај ова, професионално и со најдобри намери пристапил на неговата подготовка, цврсто верувајќи во отвореноста на заедничкиот европски проект, трансформирајќи го потенцијалот за приклучување кон Европската Унија и придобивките што тоа им ги носи на граѓаните на земјите членки на ЕУ, но и на државата кандидат.

– Европскиот парламент како институција која на крајот од процесот гласа за договорот за пристапување, ќе остане најгласниот поддржувач на проширувањето, но сакаме тој процес да се базира на заслуги, на вистински реформи и јасното усогласување со европските вредности и геополитичките позиции на Европската Унија, додаде Пицула. Во извештајот се оценува дека Србија бележи позитивни резултати во макроекономската стабилност и фискалната дисциплина, но нема напредок во владеењето на правото и слободата на медиумите, а загриженост предизвикуваат и блиските односи со Русија. Со документот се повикува Србија „сериозно да ја покаже“ својата стратешка ориентација кон ЕУ, а од Унијата се бара да го преиспита обемот на финансиската помош за земјата, доколку таа продолжи да ги поддржува антидемократските идеологии и не се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика.

– Српските власти треба да покажат силна политичка волја и доследност во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ и недвосмислено да комуницираат со граѓаните за Унијата и за европскиот пат на Србија, се наведува во Извештајот, по кој европратениците ќе се изјаснат утре. Инаку, дебата по извештајот на ЕП за Србија ја следеа и група студенти вклучени во студентските протести што изминативе неколку месеци се одржуваат ширум земјата.

   

Најново

(ВИДЕО) ВАКОВ СРАМ САД НЕМААТ ДОЖИВЕАНО НИКОГАШ: Претседателот на Јужна Африка се пошегува со Трамп – НЕМОЖАМ ДА ТИ ПОДАРАМ АВИОН?!

Sase Ivanovski

Македонија за првпат добива претставник во Ревизорскиот одбор на НАТО

Sase Ivanovski

Германија формира тенковска бригада на источното крило на НАТО

Sase Ivanovski

Гренланд даде дозвола за копање на анортозит – еколошка алтернатива на алуминиум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Комити направија одлична атмосфера во Куп финалето меѓу Вардар и Струга

Sase Ivanovski

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Sase Ivanovski

Уште една пресуда во случајот „Рибникар“: Кецмановиќ ќе мораат да ѝ платат отштета на тешко повредената наставничка по историја

Sase Ivanovski

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје

Sase Ivanovski

Во Србија властите планираат зголемувње на пензиите годинава и просечна плата од најмалку 1.174 евра до крајот на 2026

Sase Ivanovski

САД размислуваат дали повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Sase Ivanovski

Билетите се распродадоа: АЕК го чека пекол, Алкалоид ќе игра пред полни трибини

Sase Ivanovski

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Sase Ivanovski

Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

Sase Ivanovski

Владата ги запре финансиските средства за Дневниот центар кој згрижува деца од улица – Пет месеци функционираат со донации

Sase Ivanovski

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист

Sase Ivanovski

Нема чисти чаршафи за креветите на Клинички центар

Sase Ivanovski

Нова: Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот одговара за Скај њуз за мигрантите пред средбата со Стамер во Тирана

Sase Ivanovski

Рамафоса повика на обновување на односите со САД, Трамп презентираше запис за наводен геноцид

Sase Ivanovski

САД прифатија луксузен Боинг 747 од Катар како подарок

Sase Ivanovski

Д-р Самади за „Њузмакс“: Ракот на простата Бајден го имал најмалку пет години, ова што го објавија нема никаква смисла

Sase Ivanovski

Петтата рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи в петок во Рим

Sase Ivanovski

Актерката Весна Петрушевска – лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Sase Ivanovski

Западни држави обвинија руски хакери за кампања на кибер напади

Sase Ivanovski

ФОТО + ДОКУМЕНТИ: Македонија една од можните дестинации за мигранти, Обединети Нации дале зелено светло, објавува британски Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изјава на Николоски по средбата со УКЕФ во Лондон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот за ЗОВИЌ и СКОЧИВИРСКАТА КЛИСУРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Ги вратив сите долгови кои ги направиле моите претходници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Пола Скопјани не плаќаат данок на имот а бараат врвни услуги од градот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: На нашите инспектори за животна средина редовно им вадат пиштоли и палки, често завршуват во Болница со повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Toп Тема – Управен го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска

Sase Ivanovski

И синот на премиерот ќе студира на Машински

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПНЕ: Денот во 60 секунди – Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе биде транспарентно, во Македонија се инвестира во здравствените капацитети за подобра здравствена заштита

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Sase Ivanovski

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Sase Ivanovski

Трамп ја претстави американската „Златна купола“, ракетен систем инспириран од израелската „Железна купола“

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не значи предност, туку еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Политико: Нема прекин на огнот во Украина. Никогаш

Sase Ivanovski

Додека хуманитарната помош сè уште не е стигната во Газа, Израел е „многу блиску“ до извршување воени злосторства

Sase Ivanovski

Компанијата „Релиф“ произведува биоразградлива хартија од листовите на дрвата без токсични хемикалии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Sase Ivanovski

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Sase Ivanovski

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Sase Ivanovski

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Sase Ivanovski

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

Sase Ivanovski

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Sase Ivanovski

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Sase Ivanovski

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Sase Ivanovski

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Sase Ivanovski

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква, работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети

Sase Ivanovski

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Sase Ivanovski

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Sase Ivanovski

Проф. д-р Татијана А. Балоска е избрана за декан на Факултетот за детективи и безбедност на АУЕ – ФОН!

Sase Ivanovski

Ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република С. Македонија – ИСОС, м-р Весна Прентоска, потпишаа Меморандум за соработка

Sase Ivanovski

Второ место за Дино Табаковски од АУЕ-ФОН на Универзитетско првенство во шах

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН: 21 Мај – Светски ден за културна разноликост за дијалог и развој „Различни култури. Заедничка иднина. Еден универзитет.“

Sase Ivanovski

Студентите од четврта година на Факултетот за дизајн и мултимедија, при АУЕ – ФОН остварија посета на печатницата „Пропоинт“

Sase Ivanovski

Помогни им на животните – биди Херој!

Sase Ivanovski

Наставен кадар од АУЕ- ФОН на ЕРАЗМУС+ мобилност во Бугарија: Интерактивни предавања за дигитална комуникација и заштита на лични податоци

Sase Ivanovski

Развој на Cloud-базирани сервиси со AWS и AI алатки

Sase Ivanovski

Студентите на Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН зедоа учество на практична работилницита која ја организира (ЦУП) во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација

Sase Ivanovski

Одбележување на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН со промоција на новата генерација дипломци и Саем за кариера

Sase Ivanovski

Откриена тајната на добрите партии на Роџерс Мато од Вардар…

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА ,,ПРОЛЕТ” ВО КАРПОШ НАПОЛНИ 60 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

ЈАВЕН ОГЛАС за прибирање понуди од здруженија за организирање и реализирање на културната манифестација во Општина Карпош, Карпошово културно лето 2025 година

Sase Ivanovski

НАГРАДЕНИ ЕКО –ДВОРОВИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОД КАРПОШ ОДБЕЛЕЖА 80 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ РАЗГОВАРАШЕ СО ОСНОВЦИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ ДЕЛ ОД ПРВИОТ НАУЧЕН КАРАВАН

Sase Ivanovski

Општина Карпош започна акција за испитување на нисконапонската електрична инсталација во сите основни училишта и детски градинки на своја територија

Sase Ivanovski

МЕЃУНАРОДНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ – СПОРТИСТИ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ДРЖАВНО СРЕБРО ЗА ОДБОЈКАРКИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ ЗА КОЈ БЕВ ОСУДЕН ЈА ВОДЕЛ АДВОКАТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ЗБОРУВА (БОБАН СТЕФКОВСКИ)

Sase Ivanovski

Стефковски: Изградивме градинки, спортски сали, асфалтиравме улици во општина Гази Баба, тоа е доказ дека покажавме како се работи

Sase Ivanovski

Средба на Градоначалникот на Гази Баба со младите таленти од ООУ „Дане Крапчев“

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Македонскиот полициски синдикат!

Sase Ivanovski
Вчитувам....