МАКТЕЛ

    

Кочани – од град на насмевките до град на смртта

      

Како Кочани, некогашниот индустриски и културен мастодонт на Истокот, се претвори во подрачје на шверц, рекет, теретани, фирми за обезбедувања, барови и дискотеки на диво. Kочани некогаш беше познат како запад на истокот. Да ја објаснам оваа збунувачка метафора. Ако семејствата од периферниот Исток сакаа да отидат на шопинг со познати брендови, да ги прошетаат своите деца и да ги подучат како треба да се движат и однесуваат во голем град, одеа во Кочани. Градот на оризот, на индустријата, градот на богатите одгледувачи на ориз, нивните убави куќи, богатите дуќани за пазарење, болницата во која работеа стручни лекари и за најсложени хируршки интервенции. Кочани низ историјата бил познат и многу подалеку. Некои записи велат дека кочанскиот ориз бил омилен на султанот кој побарал и добил пратка од 23 тони ориз за да се снабдат кујните кои го опслужувале него, но и населението во околните градови.

Според монографијата за кочанскиот ориз, во 70-тите и 80-тите години на 20 век кочанскиот ориз покривал околу 60 проценти од тогашниот југословенски пазар, а општината Кочани го имала ексклузивното право на увоз за преостанатите 40 отсто за задоволување на вкупните потреби од ориз преку фирмата трговско претпријатие „Оризокомерц“ Кочани. Таму се достапни и податоците дека во 1898 година во Кочани била изградена првата модерна фабрика за лупење ориз. За набавка на машини од Хамбург биле инвестирани 51 илјада франци. Во дваесеттите години од минатиот век била изградена првата модерна фабрика за лупење на ориз. Располагала и со првиот агрегат за производство на електрична енергија со кој се осветлувал и градот Кочани и дел од домовите на кочанчани. Во 1931 година кочанчанецот Јордан Ковачев конструирал современа фабрика за ориз во селото Оризари. Потоа, во 1932 година, скопјаните Настев и Костов во кругот на денешниот „Жито Ориз“ ја изградиле и нивната фабрика за ориз. Фабрики за ориз имало и во околните села Зрновци, Чешиново, Облешево, Горни Подлог и Тркање. Кочани ја имаше и својата друга гордост, фабриката „Руен“. Работеа и имаа извоз за Застава, ФАП, ТАМ, ТАС,, Мерцедес, а работеа и за ФАС-САНОС…

   

Сето тоа создаде услови населението од Кочани и кочанско да живее богато, а Кочани да биде главен трговски и индустриски центар на истокот. Богатството значеше и развој на културата низ кина и театар, настапи на локални и на гостувачки уметници. Падот на Кочани. Падот на Кочани започнува 1993-1994 година, како впрочем и во целата држава. Разочараните кочанчани од трагедијата со пожарот кој однесе 59 животи, а над 150 се повредени, велат дека ако транзицијата скрши и изобличи некој град, тоа е Кочани. Градот и општината доживеале комплетно руинирање на индустријата, транспортот и економијата. Од културен мастодонт кочанскиот регион се претворил во подрачје на шверц, рекет, теретани, фирми за обезбедувања, барови и дискотеки на диво. Спрегата на институциите со криминалот и таму станала секојдневие, како и впрочем  низ државата.

Kocani - Kulturstadt in Mazedonien für 2012
Центарот на Кочани, 2011 година. фото:архиваФотографија: Gemeinde Kocani

Како и секаде во државата и во Кочани никнаа други бизниси, па низ годините се објавуваа биланси за милионски приходи во евра, главно од 6-7 компании, но тоа не го запре културното и духовното пропаѓање на градот и општината. „Градот го нагазија пробисветови и шљамови“, разочарано пишува на Фејсбук жител на Кочани. Вели и дека за цело време за политички функционери биле избирани богаташи, на кои на прво место им бил нивниот бизнис наместо да се грижат за градот и инфраструктурата. Впрочем, трагедијата што се случи на 16 март ги потврди сите тие сомневања. Само во такви околности можела да никне и да опстои 12 години дискотека која стана позната во целиот свет како дискотека на смртта. А Кочани од некогашен блескав град и град на насмевки да стане град на смртта. Во градот навистина цутело беззаконие, корупција, немарност, негрижа за јавниот интерес и негрижа за најранливите – младите. Културата и забавата станале илегален бизнис, а тоа што требало да биде илегален бизнис – фалсификувани лиценци, незаинтересираноста на органите за редот во градот, станало легално. Ако не беше така, настапот на ДНК немаше да биде со толку трагичен епилог.

Вина има и централната власт Централната власт во Скопје вели дека нема кривична одговорност за градоначалникот и за министерот за внатрешни работи. Ајде да видиме дали е така. На веб-страницата на општината, има наводи кои ја побиваат нивната „одбрана“ која дојде директно од премиерот. Општина Кочани, како што е објавено на веб-страницата, имала формирано посебен Локален совет за превенција со кој претседавал градоначалникот Папазов. Советот имал за цел да поттикне заеднички пристап во третирањето на проблемите и подобрување на локалната безбедност. Дали тоа го правел? Не. Овој Совет имал напишана задача да ги координира локалните институции, токму тие институции кои најмногу потфрлија, и да анализира можни ризици за безбедноста. Советот имал задача и да се грижи за безбедноста и квалитет на живот во заедницата. Дали тоа го направи? Не. Освен градоначалникот, во Советот членуваат и началникот на Одделението за внатрешни работи на Кочани, основниот јавен обвинител од Кочани, претседателот на Основниот суд од Кочани, како и пратениците во парламентот од ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Миле Лефков и Марија Ангелова. Локалниот Совет за превенција имал и втора работна група, во која членувале командирот на полициската станица во Кочани, командирот на територијалната противпожарна единица и повеќе раководители на подрачни единици на владините служби меѓу кои и на трудовата и пазарната инспекција. Ако тоа не им било само хоби, или извор за дополнителни хонорари, значи имаат и одговорност. Бидејќи, ако некој не си ја врши задачата што му е доделена, подлежи на одговорност, а ако последиците од тоа невршење на задачата се смртни последици, одговорноста е за загрозување на безбедност кое има за последица смрт. А тоа е кривична одговорност и за локалните извршители и за нивните претпоставени во централната власт во Скопје кои ја организираат и одговараат за нивната работа.

  

Најново

Бугарија чека одговор од Македонија за тунелот од Коридорот 8

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Ја посетивме „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби

Sase Ivanovski

Улично куче изгриза дете на плоштадот во Битола, има повреди на челото

Sase Ivanovski

Бугарија ќе ја зајакне армијата со првите 33 возила „Страјкер“ што ќе пристигнат годинава

Sase Ivanovski

Трамп: Путин, Бајден и Зеленски се виновни за војната во Украина

Sase Ivanovski

Јавно промовирани кандидатите за програмскиот совет на МРТВ

Sase Ivanovski

Минибус со патници падна во Дунав по судир со друг автомобил во Романија, во тек е спасувачка операција

Sase Ivanovski

Судот го прифати супервештачењето за случајот Веапоска, ќе се презентира извештајот на 16 мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИНИБУС СО ПАТНИЦИ ПАДНА ВО ДУНАВ Први снимки од страшната несреќа во Романија

Sase Ivanovski

УНГАРСКО „НЕ“ ЗА ОБУКА НА ВОЈНИЦИ НА ЕУ ВО УКРАИНА Будимпешта спрема нова сопка за Брисел

Sase Ivanovski

ТРАМП ДА ДОЈДЕ ДА ВИДИ ШТО ПРАВИ ПУТИН Зеленски сака посета пред да падне договор меѓу Русија и САД

Sase Ivanovski

ПРОТЕРУВАЊЕТО НА ХРВАТИТЕ ОД СРБИЈА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ Пленковиќ го обвини Белград за организирам систем, не за случајност

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ГО ПОКАНИ ШЕИКОТ МУХАМЕД БИН ЗАЈЕД АЛ-НАХЈАН ВО МАКЕДОНИЈА Силна дипломатска офанзива за блиски односи со ОАЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Возач јури со автомобил на велосипедска патека на мостот „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Шабан Салиу заврши во притвор – за другите звучни имиња од истрагата во Кочани куќен притвор или мерки за претпазливост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Русија: Мајка уби три деца со секира, најмладата жртва имала само седум месеци

Sase Ivanovski

Комисија за стручен надзор ќе го разгледува случајот со смртта на пациентот Ангелковски на Кардиохирургија

Sase Ivanovski

„Размисли двапати, нацисту“ – Медведев со остра порака до германскиот канцелар Мерц

Sase Ivanovski

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: „Срцето е дома“ само ако домот е на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Цената на златото паѓа од рекордно високото ниво, но останува над 3.200 долари за унца

Sase Ivanovski

Предлог измени на Закон за медиуми, двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

Sase Ivanovski

Тетовец нападнал две лица кои му укажувале лекарска помош во болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Струшкиот градоначалник Мерко го прослави 68-от роденден

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави

Sase Ivanovski

Угина јагуарот од скопската Зоолошка градина по тешка борба со метастазиран канцер и тумори на повеќе органи

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп се обидува да прикаже самодоверба и смиреност по неговите царински потези кои ги вознемирија пазарите

Sase Ivanovski

По законските измени, во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк

Sase Ivanovski

Анализа: „Колку и од каде купуваат Македонците онлајн од странство, а од каде најмногу купуваат од домашните е-трговци?“

Sase Ivanovski

Академската година изминува, ваучерите за електронски уреди за студентите уште се најавуваат

Sase Ivanovski

Почина перуанскиот новелист и нобеловец Марио Варгас Љоса

Sase Ivanovski

„Здрава Котлина“ го тужи градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов

Sase Ivanovski

Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“ утре на Улица Македонија

Sase Ivanovski

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово

Sase Ivanovski

Ќе се избира нов судија за Судот во Стразбур, наследник на „баџанакот“ Јован Илиевски

Sase Ivanovski

Таравари: Утре ќе се донесе одлука, или продолжуваме со ВЛЕН или одиме сами на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштво од „Пулс“: Лежев затрупан под тела, успеав да ја извадам раката за да ме извлечат

Sase Ivanovski

Експерти од Англија и наши доктори подготвуваат протокол за проценка на клиничката слика на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Советот на Кочани го избра Венко Крстевски за в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

СДСМ: Една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ добила тендер за изградба на пазарот во Неготино со петпати повисоки цени од реалните

Sase Ivanovski

ФАКТИ, СОМНЕЖИ И НЕВИСТИНИ

Sase Ivanovski

„Каде најмногу купуваат онлајн Македонците во странство, а од каде најмногу се купува од домашните е-трговци?“

Sase Ivanovski

Влада на РСМ: Продолжуваме со интензивна поддршка на земјоделскиот сектор-грантови од 10.000 евра за младите земјоделци

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски на работна посета во Обединетите Арапски Емирати

Sase Ivanovski

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали

Sase Ivanovski

Најдобрите млади иноватори го освоија Машинскиот факултет со своите идеи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти, во еден мандат зголемување ќе има од 46% до 60 % со цел модерно и квалитетно образование

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за нов Клинички центар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вечерва во 360°: Ние сме опозиција на владата на ВМРО-ДПМНЕ, не на државата – интервју со потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова

Sase Ivanovski

Апостолоски: Се вложува во унапредување на содржините кои ги нуди СЦ Борис Трајковски, младите имаат квалитетен спортски центар

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЗАМИНАЛ ЗА ТУРЦИЈА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ ГО УБИЛА ТУРСКА ВОЈСКА, ТУКУ ВРХОВИСТИ Заминал на пат за да се одмори од состаноци

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ БРАНИ ЛИ СО ДЕМИР КАПИЈА, МЕСТЕНКИ И СО СЛАБИ ДОКАЗИ? Палевски ќе дава исказ пред Судот

Sase Ivanovski

ЌЕ НЀ ПОСИПАТ ДОЖД, ПУСТИНСКА ПРАШИНА И ПЕСОК Следува недела на многу променливо време

Sase Ivanovski

Објавена „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска – прва книга за македонскиот роман во 21. век

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за случајот Кочани

Sase Ivanovski

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЌЕ ГИ ЗАТВОРИ АЕРОДРОМИТЕ ПОРАДИ ДОЛГ? Кризата може да го загрози меѓународниот авиосообраќај

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ КОИ НЕ ГИ ИСПОЛНИЛЕ ОБВРСКИТЕ КОН ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА ЗА РЕДОВНО ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 2024 ГОДИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАЈГОЛЕМИОТ ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ ЌЕ ИМА И КРУЖНИ ТЕКОВИ Норвежаните знаат како да ги исечат карпестите фјордови

Sase Ivanovski

Продолжува неизвесноста за рудниците во Струмичко: Ќе се отворат или ќе платиме стотици милиони долари отштета?!

Sase Ivanovski

Во српското Собрание пристигна предлогот за состав на новата Влада

Sase Ivanovski

Азески: Образованието почна да зборува со јазикот на бизнисот, одливот на мозоци мора да престане, а извозот да загосподари

Sase Ivanovski

ПРИСТИГНА ПРВИОТ AI-ТУТОР ОД МАКЕДОНИЈА Умниверзум ќе им помага на учениците со математичките потешкотии

Sase Ivanovski

На делницата Требеништа-Струга-Ќафасан не се работи ништо, а треба да се изгради до 2027 година

Sase Ivanovski

КОЈ Е МАНДАТАР НА НОВАТА СРПСКА ВЛАДА? Мацут досега имал само еден јавен настап

Sase Ivanovski

Мојсоска: Судскиот совет со блага казна за судијата кој му овозможил бегство на припадник на УЧК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НАУЧНИЦИТЕ „ОЖИВЕАЈА“ ВОЛК ОД ЛЕДЕНОТО ДОБА Со новата научна метода еден ден може да бидат вратени и мамутите

Sase Ivanovski

ПОЈАДУВА АВОКАДО И ЏВАКА ЛИСТОВИ КОКА Има 125 години и секое утро го бара истото

Sase Ivanovski

ГО УДРИ МАРКЕС СО ТУПАНИЦА И САКАШЕ ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПЕРУ Кој беше контроверзниот и брилијантен Марио Варгас Љоса?

Sase Ivanovski

МБАПЕ МУ СЕ ИЗВИНИ НА ИГРАЧОТ ОД АЛАВЕС За малку ќе му ја скршеше ногата на Бланко

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА СО ЦАРИНИТЕ НА САД МОЖЕ ДА БИДЕ ШАНСА ЗА МАКЕДОНИЈА Димитриеска Кочовска очекува директно да извезуваме во САД

Sase Ivanovski

Ралев: Од урбанистички и од хуман аспект во Скопје се живее со стрес

Sase Ivanovski

Амбасадорот осомничен по пожарот во „Пулс“ се врати во Македонија – се бараат мерки на претпазливост

Sase Ivanovski

Вкупно 57 од 193 пациенти се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца во критична состојба

Sase Ivanovski

Пронајден е починат планинарот кој исчезна кај Велес

Sase Ivanovski

Палевски: Не се чувствувам ниту како монструм, ниту како убиец

Sase Ivanovski

„Ако утре ме нема“ треба да биде химна на животот!

Sase Ivanovski

По завршување на натпревар нападнат 25-годишен фудбалер од општина Дебрца

Sase Ivanovski

Пукање среде ноќ од автомобил во Петровец

Sase Ivanovski

Левица поднесе интерпелација за министерот Тошковски

Sase Ivanovski
Вчитувам....