„Орка холдинг“ плати 343 евра на квадратен метар земјиште (парцелата е над 3.500 квадратни метри) на кое уреди паркинг простор со кој во целост ги задоволи потребите на бројните клиенти на најголемата приватна клиничка болница „Аџибадем Систина“. Овој деловен потег е пример дека клиентите секогаш се на прво место и мора да бидат задоволни. Заради тој пристап „Орка холдинг“ за 34 години постоење од фирма со шеесетина вработени сега е холдинг кој обединува дваесетина компании со над 1.800 вработени.
Ако бизнисот бара, а тоа е во интерес на клиентите и пациентите тогаш е целосно оправдано во паркинг простор да се инвестираат 1,22 милиони евра. Ова е деловна одлука на големата македонска компанија „Орка Холдинг“ која во купување на земјиште неопходно за паркинг за потребите на клиничката болница „Аџибадем Систина“ вложила 1,22 милиони евра лани. Оваа информација е официјална и јавно достапна во Годишниот извештај за финансиското работење на „Орка холдинг“. Квалитетот на услугите што ги нуди „Аџибадем Систина“, долгогодишното градење доверба кај пациентите и нејзината популарност наметнале потреба од уредување на паркинг простор на земјите од 3.558 квадратни метри кое ќе се ги опслужува пациентите на болницата. Решавањето на проблемот со паркирање е нужен за непречено одвивање на дејноста, но воедно е и предуслов за подобрување на услугите што ги дава најголемата приватна болница во Македонија, чиј акционер меѓу другите и е „Орка холдинг“.
Во својот годишен финансиски извештај „Орка холдинг“ објави дека минатата година ја завршила со добивка од 3,27 милиони евра. Во 2023 годна компанијата остварила приходи во вкупна вредност од 5,65 милиони евра. Тоа што ја издвојува оваа компанија од многу други е тоа што најголем дел од нејзините приходи се од учество во добивка на сите фирми – ќерки односно компании во кои поседува акции или удели. Така по тој основ „Орка холдинг“ лани остварила приходи во вредност од 4,05 милиони ева. Од камати остварила приход од 950.000 евра, а од услуги и продажба остварила безмалку 0,55 милиони евра. Значајно е дека лани компанијата на своите два акционери „Камчев Консалтинг“ и „Орка Фајнанс“ им исплатила дивиденда во вкупна вредност од 1,56 милиони евра.
„Орка холдинг“ е компанија која на македонскиот пазар успешно работи и опстојува 34 години. Основана е во 1990 година од бизнисменот Илија Камчев чие име го носи и семејната фондација за поддршка на млади и талентирани ученици и студенти. Своето работење го започнала со шесетина вработени, за сега по 34 години постоење да биде групација која обединува 20 компании и има повеќе од 1.800 вработени.
Р.Ф foto freepik.com