22.8 C
Скопје
20/06/2025 10:30
МАКТЕЛ

   

Кој ќе падне на административниот испит, ќе лета од работа!

      

Административните службеници, како и раководните лица, освен државниот испит, ќе мора да поминат задолжителна обука од 120 часа, конципирана според меѓународните стандарди и тоа од 10 области. Ова е една од новините на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, кој завчера помина во Владата, соопшти Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација, на брифинг во Владата. Со законот за првпат во историјата на нашата администрација ќе се формира и Центар за стручно образование, чиј основач ќе биде Владата, која ќе го именува и разрешува неговиот директор и заменик.

– По обуката, службениците ќе полагаат писмен дел и доколку не освојат 60 од можните 100 бода, ќе добијат уште една шанса во рок од три месеци, а доколку и вториот обид не е успешен, Центарот ќе го извести органот каде е вработен, кој пак во согласност со законот е должен да констатира престанок на работниот однос на службеникот – поентираше Алиу.

   

По успешно положениот испит, службеникот ќе добие доживотно уверение, со кое ќе му се потврдат работните компетенции. Законот е подготвен врз основа на структурата на елитните школи за јавна администрација, меѓу кои германската и француската, додаде Алиу.Освен за овој закон, Владата дала зелено светло и за уште 4 други закони – за вработените во јавниот сектор, за административните службеници, за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, како и за електронското управување и електронски услуги, информира Алиу.

– Она што секако ќе ги интересира службениците е фактот дека се забранува вработување преку Агенции за привремени вработувања и вработување раководни лица на определено време. Освен тоа, во Законот за вработените во јавниот сектор стои и дека во постапките при вработување, ќе се избира најдобро рангираниот кандидат, а се прецизира и дека може да се систематизираат најмногу до 50 отсто повеќе извршители, а систематизациите се ограничуваат на двапати годишно. Не помалку важен е и делот дека планирањето на вработувањата се ограничуваат на не повеќе од 5 отсто од вкупниот број вработени во институцијата, а согласност ќе дава Министерството за финансии и тоа до 15 декември – додаде министерот.

Од МИОА брифираат дека петте закони што поминаа низ владиниот филтер, сè уште не се доставени до Собранието и тоа ќе се случи или в понеделник или во вторник. Министерот Алиу, соопшти дека тие ќе одат со европско знаменце и мора да се донесат во овој парламентарен состав, некаде до средината на јануари.

– Ова се бенчмарк закони за скринингот со ЕУ, опозицијата е консултирана за сите нив, но не можам да прејудицирам дека ќе ги поддржат. Тие учествуваа и во работните групи и се свесни за нивната важност. Дел од законите ќе почнат да се применуваат од 2025 година, а дел од 2024 година – конкретизира Алиу.

Работните групи не може да најдат заедничка точка: Законот за висока раководна служба одложенПоради различните гледишта на работните групи што го подготвуваа Законот за висока раководна служба, неговото донесување е одложено и тој не се наоѓа во овој пакет, брифираше министерот Алиу.

– Не постои друг ваков закон во светот, затоа и оставивме простор за работните групи да најдат заеднички јазик околу моментот што ќе ги предлага и кому ќе одговараат раководителите во институциите. Во подготовката многу ни помага СИГМА и се надевам дека наскоро ќе го изработиме и овој многу важен закон – истакна Алиу.

Стопроцентно елиминирање на партиските вработувања е илузија!Ако некој претендира дека во иднина нема да има злоупотреби со партиските вработувања, тогаш тој е наивен, оцени министерот за информатичко општество и администрација. Според него, државата креира рамка, а дали ќе има злоупотреби со цел да се постават партиски кадри, најмногу зависи од политичарите, прецизираше Алиу, одговарајќи на новинарско прашање дали со новите закони ќе се спречат партиските влијание при вработувањето во администрацијата.

– Ние сме толку креативни, што и да донесеме сто закони, во сто и првиот ќе најдеме дупка. Така што одговорно тврдам дека стопроцентното елиминирање на партиските вработувања е илузија. И во светот нема стопроцентна заштита од ваквите влијанија – одговори Алиу.

За „Една точка за сите услуги“ ќе се користат филијалите на Македонска поштаПредлог-законот за електронско управување и електронски услуги, предвидува да се користи инфраструктурата и кадровските капацитети на АД Македонска пошта, односно „Една точка за сите услуги“ ќе може да се обезбеди во сите 333 поштенски филијали во државата.

– На овој начин граѓаните ќе може да добијат електронски услуги на еден од поштенските шалтери, кој ќе биде посебно обележан. Во моментов овие услуги функционираат само на пет локации, во Скопје, Куманово, Битола, Охрид и во Тетово. Нема да има дополнителни трошоци за вработување, а дел од поштенските службеници ќе може во име на граѓаните да аплицираат за некоја од електронските услуги, како што е, на пример, издавање на извод од матична книга на родените – објасни Алиу.

   

Најново

Мерко денеска ќе добие пресуда за незаконското назначување на директори на три струшки училишта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кранист дреме во кран додека неговите колеги се сликаат со Трамп

Sase Ivanovski

Зошто е толку важен Ормутскиот теснец?

Sase Ivanovski

Израел гори, САД реагираат: ТХААДT, стрела-3 и противракетна одбрана за спас на животи

Sase Ivanovski

Потпишан меморандум за изградба на нов далековод меѓу Тетово и Призрен

Sase Ivanovski

Детали за несреќата: Дивац веднаш бил опериран, вграден му е вештачки колк

Sase Ivanovski

Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на Васев и Нухи

Sase Ivanovski

До септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја, најави Томовски

Sase Ivanovski

Евроамбасадорот Рокас денеска во посета на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

На Богородица се чека половина час на македонска страна

Sase Ivanovski

Без струја делови на Аеродром и Карпош

Sase Ivanovski

Нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Зеленски: Фактот дека Русија го брани Иран покажува потреба од построги санкции

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski
Вчитувам....