МВР информира дека вчера околу 17.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот Н.А. од Штип, со живеалиште во Радовиш.Тој се сомничи дека околу 13.45 часот во парк на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар одзел паричник од малолетничка од Гостивар.По целосно документирање на случајот на Н.А. ќе му биде изготвен поднесок.