7.8 C
Скопје
24/04/2024 08:40
МАКТЕЛ

  

     

 

Крај за медените години на корупцијата

      

Веста за присуство на тим за санкции од Вашингтон во Скопје, наиде на голема поддршка во македонската јавност, поради гладта на граѓаните за правна држава и расчистување со криминалот, пишува Катерина Блажевска. Вклучување на нови лица на листата на санкции на САД (т.н. црна листа), исклучиво стручна помош за нашите институции во борбата против корупцијата и криминалот, или сѐ заедно? Ова се дилемите во македонската јавност по најавата на амбасадорката на САД во РСМ, Анџела Агелер дека „тим за санкции од Вашингтон е тука, заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори”.

„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша Агелер на Твитер. Што ќе значи ова во практика? Според аналитичарот Алберт Муслиу, САД се стратегиски партнер на РСМ и станува збор за истражен тим специјализиран за антикорупција. „Тие сигурно нема да апсат и казнуваат. Ќе им помагаат на нашите истражни и на органите на прогон, за да дојдат до издржани докази во однос на спроведувањето на законите. Ќе бидат вклучени и во мониторирање, бидејќи нашите судови треба да ги водат и завршат тие процеси, да бидат повнимателни и да не ги заобиколуваат законските обврски. И самото присуство на тој тим многу ќе помага, бидејќи секој што планирал нешто да злоупотреби, два пати ќе размисли“, вели Муслиу.

   

Потенцира дека САД имаат и други механизми, како што е листата на санкции, а не треба да се заборави и на можноста од заеднички операции. Тој смета дека се згрешило кога во 2017 година отпаднала идејата за ветинг во правосудството, поради резерви во ЕУ заради долгиот идентичен процес во Албанија. „Ако кај нас се спроведеше ветинг, сигурен сум дека процесот ќе одеше многу побрзо отколку во Албанија“, уверен е Муслиу.

 

Смета дека во битката против корупцијата не треба да се знамерат и условите во судството и обвинителството – од нивната слаба техничка и кадровска опременост па сѐ до платите, бидејќи инвестицијата во тоа е најисплатлива: носи поголема одговорност и превенција од девијации. „Платите во оваа сфера кај нас се најниски во регионот. Нема да споредувам со поразвиени земји, туку со соседството. На пример, судија во Косово почнува со плата од 2.000 евра, а кај нас со 50.000 денари“, посочува Муслиу.

   

     

„Декади на инвестиции“ Но, според изјавата на амбасадорката Агелер, само инвестицијата на САД во македонското правосудство се мери во „милиони и милиони долари“. „Ние говориме за декади од инвестиции. Говориме за милиони и милиони долари, платени од даночните обврзници на САД, за да се инвестира во судството на оваа земја. Во овој момент фер е да се каже дека сме обучиле, во една или друга форма, многу над мнозинството во правосудниот систем во оваа земја. И затоа верувам дека ние, но уште поважно граѓаните на оваа земја, заслужуваат да видат поврат на таа инвестиција. Заслужуваат да видат судство што работи за нив, кое им покажува дека тие можат да добијат правда. Дека правдата им е достапна. И тоа би било оддолжувањето кое ние како САД го очекуваме“, рече амбасадорката Агелер во вчерашното гостување на ТВ Сител.

Во јавноста сега се множат прогнози дали синтагмата „тим за санкции од Вашингтон“ може да значи, пред сѐ, активности за докомлетирање на докази за лица од правосудството кои не и служеле на правдата, и се компромитирани до степен што повеќе не може ни да и служат, односно би можеле да завршат на листата на санкции на САД. Таков беше примерот со главната обвинителка на БиХ, Гордана Тадиќ, која во април годинава се најде на црната листа на САД заради кредибилни информации дека манипулирала со судски предмети за да заштитува политички патрони од покренување на обвиненија, и не назначувала предмети на обвинители преку автоматскиот систем за дистрибуција на предмети, кој има за цел да спречи назначување на обвинители врз основа на лични и политички причини.

Во истата „тура“ на таа листа беа ставени поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнување (УБК) Сашо Мијалков, заради кредибилни информации дека ја злоупотребиле службената должност, барале и примале мито во замена за владини договори, се мешале во изборните процеси за своја лична и партиска придобивка. Нивното вклучување на листата на санкции (и на членовите на нивните потесни семејства) е спроведено според Поглавјето 7031 (c) од Законот за апропријации за програми на Стејт Департментот, странски операции и сродни програми од 2022 година, како и економски санкции според Извршната наредба 14033 на Одделот за контрола на странски капитал при Американското Министерство за финансии (OFAC).

Справување со старата болест – Вклучувањето на радарот на Вашингтон за лицата кои во македонското општество биле или се „над законот“, според јавните реакции наиде на голема поддршка во јавноста, а не е ни изненадувачко, со оглед дека беше најавено. „Американската амбасадорка уште во нејзините завршни активности пред заминувањето за Македонија, како приоритет во нејзината работа пред сѐ ја нагласи борбата против корупцијата”, потсетува амбасадорот Љупчо Арсовски.

„Доаѓањето на специјален тим од САД, секако за некои е енигма со многу непознати елементи, но јас ја поврзувам со дел од нејзините изјави по предавањето на акредитивните писма, дека сака да и помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери. Во овие неколку, за мене значајни точки, се наоѓа основата за настап на американскиот специјален тим на македонско тло“, вели Арсовски.

Во неговата дипломатска работа во изминатите децении, увидел дека во некои земји на Источна Европа и Западен Балкан американските амбасадори доаѓале со слична агенда „Борбата против корупцијата е значајна, бидејќи токму таа ‘стара болест’ го успорува економскиот, социјалниот, обрaзовниот процес во секоја земја. Со ова се поврзани и други проблеми во секојдневниот живот на секој граѓанин“, вели амбасадорот.

Тој посочува дека САД сериозно ја поддржуваат нашата држава на европскиот пат, со голема заинтересираност за стабилност на земјата во нејзиното опкружување и пошироко. Во тој контекст се и најавите на многу високо ниво дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот и да се тргнат од одговорните позиции, со што е потенцирано дека се работи за важна и ефективна алатка.

Ветингот пак на маса – „Конечно дојде ‘камшикарот’”, се дел од реакциите на социјалните мрежи по веста дека тим за санкции од Вашингтон е во РСМ. Реакциите алудираат на досегашниот неуспех на надлежните институции да се справат со криминалот, корупцијата и неодговорноста, и честото повикување дека ни е потребен „камшикар“, тривијален термин кој го употреби поранешниот премиер Зоран Заев. „Реформите ќе ги направиме, но ни треба камшикар. Ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да не потсреди сите – од мене на чело, па надолу сите“, повикуваше Заев во време на неговиот мандат, во септември 2018 година.

Иако во меѓувреме беше најавувана една „метла“, па втора, тоа не заврши со поголеми промени кон одговорноста на функционерите, па во април 2019 година, повторно беше спомнат „камшикарот”. „Секој мора да носи одговорност во државата, бил тоа премиер, бил судија, бил обвинител, бил граѓански активист, кој и да е граѓанин, сите мора да да си носат одговорност, или бенефит од своите успеси. Еден дел од земјите го решиле тоа со поглавјата. Поглавјата ќе ни помогнат. Јас затоа велам – ќе дојде камшикарот. Ќе не потсредат сите заедно, ама најмногу можеме ние дома да се потсредиме”, рече Заев.

„Потсредувањето” не се случи. Актуелниот премиер Димитар Ковачевски вчера од самитот Западен Балкан-ЕУ во Тирана, најави подготовка на закон за ветинг. „Разговаравме за владеењето на правото и за борбата против корупцијата. На агендата на нашата Влада многу високо е владеењето на правото и борбата против корупцијата и овие денови тоа е главна тема што ги окупира нашите медиуми и нашите институции. Веќе разговаравме и на ниво на коалициски партнери, за донесување на закон за ветинг. За тоа разговарав и овде со највисоките претставници на ЕУ. Многу скоро ќе се најде законско решение пред пратениците, за спроведување на постапка за оценување на постојните и на идните носители на функции во однос на нивниот интегритет, во насока да се намали можноста за било каква нефункционалност на оние кои што ќе бидат поставени на позиции. Тука пред сѐ мислам на намалување на корупцијата, криминалот и подобрување на управувањето со институциите“, најави Ковачевски.

    

Најново

Над 2 милијарди евра би не чинеле арбитражните постапки поради заглавените рударски инвестиции

Sase Ivanovski

ЦУК препорачува: Имајте полн резервоар и зимска опрема ако возите низ планински предели

Sase Ivanovski

И во првиот квартал од годинава Макстил со минимални емисии на цврсти честички

Sase Ivanovski

МКД.MK: Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Sase Ivanovski

Маричиќ: Срцето на Македонија е црвено и социјалдемократски борбено, со таа европска душа одиме на победа

Sase Ivanovski

Ковачевски: ДПМНЕ нуди етнички тензии и изолација, СДСМ нуди пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Реформа на образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот, повисоки плати за сите, вклучително и за младите

Sase Ivanovski

ПРИЛЕПЧАНИ РУЛС ВО СВЕТОТ: ВО ИТАЛИЈА ИМА ЦИГАРИ МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНИ ОД ПРИЛЕПСКИ ТУТУН

Sase Ivanovski

СИНОВИТЕ НА ЗИДАН КОЈ ОД КОЈ ПОУБАВ

Sase Ivanovski

Град Скопје и СУ на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во МКЦ реализираа завршната изложба на средношколските годишни проекти

Sase Ivanovski

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Sase Ivanovski

Митрески за ТВ 24: Целосен ветинг на судиите, јавните обвинители но и на политичарите ќе биде прва мерка на новата Влада

Sase Ivanovski

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот, таа ќе го врати владеењето на правото, подобрување на економијата, здравството, образованието

Sase Ivanovski

Маричиќ: ЕВЕ ЈА РАЗЛИКАТА МЕЃУ ОНИЕ КОИ НЕМААТ ПЛАН И НИЕ КОИ ИМАМЕ ПЛАН!

Sase Ivanovski

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Sase Ivanovski

Аваја на средба со граѓаните на Виница

Sase Ivanovski

ТРЕБА ЛИ ДА ИМА ПАНИКА ВО ЈАВНОСТА: СПОРЕД АНАЛИЗИТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ВОДАТА РОСА НЕ Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ?!

Sase Ivanovski

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

Sase Ivanovski

Наградени најдобрите студентски идеи на Хакатонот за зелено инженерство

Sase Ivanovski

Даниел Стојчевски носител на листата во ИЕ2: Имаме експертиза за изградба на општество во кое се вреднува и почитува различноста на секој граѓанин

Sase Ivanovski

Ковачевски: Нема откажување од земјоделство по европски стандарди – планираме грантови за мали земјоделци до 20.000 евра

Sase Ivanovski

Секој граѓанин акционер – исправање на неправда

Sase Ivanovski

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Sase Ivanovski

МВР,  ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори

Sase Ivanovski

Битиќи со сметководителите: Со примената на меѓународните стандарди водењето бизнис во Македонија со исти услови како и во целиот свет!

Sase Ivanovski

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Sase Ivanovski

Битиќи од Куманово: Европски стандарди во владеењето на правото за да не дозволиме враќање на режимот

Sase Ivanovski

Николоски: Филипче злоупотребувајќи ја секојдневно неговата докторска професија го руши здравствениот систем, затоа масовно на 8 мај да ставиме крај на овие злоупотреби и да имаме систем во кој сите ќе веруваме

Sase Ivanovski

Николовски: Со влезот во ЕУ земјоделеците добиваат 1 милијарда и 100 милиони евра неповратни средства за модернизација на македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ветуваа правда, а донесоа артаноиден режим – се гледа кој е вистинската власт, а кој измеќар

Sase Ivanovski

Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена за да докажат дека водата е добра за Олимписките игри

Sase Ivanovski

Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

Sase Ivanovski

Трамп повторно со провокација до Украина

Sase Ivanovski

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Sase Ivanovski

Северна Кореја изврши симулирано нуклеарно лансирање

Sase Ivanovski

ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“ : На луѓето им треба поттик да облечат чевли и да излезат да гласаат

Sase Ivanovski

Два хеликоптери на јапонската морнарица се урнаа во Пацификот

Sase Ivanovski

Следниот пакет за Украина ќе биде поголем од нормалниот, вклучува и оклопни возила

Sase Ivanovski

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

Sase Ivanovski

МАЈК ТАЈСОН ПРОДАВА ОБРОК ОД КАНАБИС ВО ФОРМА НА ГРИЗНАТО УВО Црна бобинка, кисело јаболко или лубеница – вие бирате!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ПРЕЖИВЕАЛ ДВЕ ВОЈНИ, ПАДНА ВО ТРЕТАТА Украинците го погодија најстариот воен брод во светот

Sase Ivanovski

ВИДЕО: СО ЕДЕН УДАР ПАДНА КУЛА ОД 240 МЕТРИ Руска ракета ја урна телевизиската кула во Харков

Sase Ivanovski

ВИДЕО: ГИ ПОЛНЕЛЕ СТОМАЦИТЕ СО ШЕМАТА „ЈАДИ И БЕГАЈ“ Ова се мажот и жената кои јаделе во скапи ресторани, а потоа не ја плаќале сметката

Sase Ivanovski

СРБИЈА ВОВЕДУВА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК Се бара најдобриот модел за воена служба

Sase Ivanovski

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов – ќе бараме зголемување на минималната плата

Sase Ivanovski

Сопственичката на ‘Еурофарм’ ја презеде градежната компанија ‘Пелистер’

Sase Ivanovski

Инаугурацијата на Путин ќе биде на 7 мај

Sase Ivanovski

Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела, велат од ССК

Sase Ivanovski

ЕУ одобри визна либерализација за Србите од Косово

Sase Ivanovski

Независни медиуми: „Кадиров е тешко болен, Кремљ подготвува негов наследник“

Sase Ivanovski

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција. Минатата година тој го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

Сослушани 14 сведоци – таткото на осомничениот за убиството на Данка бара нов адвокат

Sase Ivanovski

Филипче: Николоски не знае што е злоупотреба на професија бидејќи нема професија

Sase Ivanovski

Даштевски: Целосно сме подготвени за утрешните претседателски избори

Sase Ivanovski

Ковачевски: Најавуваме конечно спроведување на ветингот за судии и проверка на потeкло на имот за сите функционери

Sase Ivanovski

ДСЗИ утврди незаконско работење на Токсикологија: давале здравствени услуги без договор за работа и несоодветно образование

Sase Ivanovski

Вучиќ во Њујорк ги повика членките на ОН да не гласаат за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Скопјани направиле сообраќајка, па се истепале меѓу себе

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Sase Ivanovski

ДЕВОЈКА СЕ КАЧИЛА НА АЈКУЛА, ПА ЗАЖАЛИЛА Кога се вратила на плажата почнала да крвари од незгодно место

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈАТА И БОЛКАТА ВО ЕДЕН КАДАР Ова е најдобрата новинарска фотографија во 2024 година

Sase Ivanovski

УКРАИНСКАТА АРМИЈА СЕ ПОФАЛИ СО МАКЕДОНСКИТЕ СУХОИ Леталата се обновени и модернизирани

Sase Ivanovski

Зиаде: Спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина никогаш не било поитно прашање

Sase Ivanovski

Борел: ЕУ ги прошири санкциите за иранските производители на дронови и проектили

Sase Ivanovski

Ердоган во Багдад: Потпишаните договори се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Sase Ivanovski

Ерменија бара повлекување на хашкото обвинение за етничко чистење во Нагорно Карабах

Sase Ivanovski

Шеф на украинско воено разузнавање: Ќе се соочиме со тешка, но не и катастрофална ситуација

Sase Ivanovski

Колозова: Дел од геостратешкиот концепт на ЕУ е економија базирана на технолошка наука и иновации, натаму треба да се насочиме и ние

Sase Ivanovski

Хорор во Бразил: Три питбула ѝ откинале рака и уво на позната писателка

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Хакерските напади врз АРМ се голема шлаканица за сајбер безбедноста на земјава

Sase Ivanovski

Запрен новиот закон кој му дозволуваше на Тексас да апси мигранти

Sase Ivanovski

ФОТО | Глобален феномен: Историјата на ирските пабови и зошто ги има во секој град низ светот

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени на протест во Њујорк, бараа прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Проблемите на руските дезертери

Sase Ivanovski

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Sase Ivanovski

СПРЕМААТ ВОЈНА СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Лавров ги стави САД, Јапонија и Јужна Кореја на тапет

Sase Ivanovski

ИСИС се заканува дека ќе ги „масакрира“ Путин и Русите

Sase Ivanovski

Им фактурирале комунална сметка за сите гаражи на соседите, хаос во Тетово, се наплаќаат комуналии за подруми и штали

Sase Ivanovski

Пакистанец ја задавил сестра си со голи раце, а татко им го гледал тоа – тврделе дека починала од колера

Sase Ivanovski

Анализа на Политико: Лондонград засекогаш? – Зошто Велика Британија можеби никогаш нема да ги заплени руските средства?

Sase Ivanovski
Вчитувам....