Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатна дебата“ за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со неа било во текот на четири дена за време на средбата.
Италијанските медиуми претходно соопштија дека Мелони на Бали допатувала со својата ќерка и дадилката.
„Дали мислите дека е ваша работа како ќе ја воспитувам ќерка ми?“, реторички ги праша Мелони во својот пост „иницијаторите“ на дискусијата, додавајќи дека одговорот е „не“.
Лидерката на радикалната десничарска партија „Браќа од Италија“ истакнува дека има право да даде сè од себе за својата држава, без да ја лиши својата ќерка од мајка си.