24.8 C
Скопје
25/06/2024 20:04
МАКТЕЛ

  

     

 

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

      


Со вкупно 26.256 барања Општина Куманово е на врвот на листата во државата со најмногу поднесени барања за легализација на бесправно изградени објекти со што се отвораат и големи можности за злоупотреби и изигрување на законските решенија според кои дивоградбите добиваат правен статус и се вклопуваат во урбанистичките планови. Сомнежите за влијанија и притисоци, како и узурпирање на правниот систем и доброто владеење, се повеќе од оправдани ако се тргне од фактот дека предмет на легализација во оваа општина се голем број на габаритни станбени згради со завиден размер, додека барања за помошните објекти и доградби има во многу помал број. Дури и самите граѓани што изградиле бесправни згради посочуваат дека Законот за легализација се злоупотребува од лица кои имале пари и изградиле велелепни дивоградби за да не ги платат потребните давачки кон државата и да ги искористат поволностите, што, според нив, првенствено би требало да се однесуваат на социјално посиромашното население и онаму каде се појавиле објективни пречки за планско градење.

   

Продолжувањето на законот и роковите, пак, само уште повеќе ги охрабрува граѓаните да градат неплански и да чекаат да бидат вклопени во планската документација, со што се напластуваат проблемите во планирањето на развојот на градот и се создава се поголем урбанистички хаос.
„Со само продолжување на рокот за поднесување на барања, луѓето се охрабрија и си продолжија да градат дивоградби и по предвидениот рок. Потоа уште еднаш се продолжи рокот, па луѓето уште повеќе се охрабрија и така се излезе од контрола. Законот не ја исполни својата цел, туку отвори простор за нови злоупотреби и целосно се наруши процесот на урбанизација “, вели Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Секторот за урбанизам во Општина Куманово.

 

Во изминатиот над 10 години од донесувањето на првиот Закон за третман на бесправно изградени објекти во 2011 година, во Општина Куманово досега е завршена постапката за 20.898 барања од кои 8.788 се со решение за одбивање, а останатите се позитивно решени. На годишно ниво просечно се одлучува за околу 1.000 барања, а остануваат уште 5.358 барања, односно најспорните и најтешките предмети за решавање, што значи дека е неизвесно завршување на сите постапки до крајниот рок – 2026 година. Меѓу нив се и 1.200 барања за објекти изградени после законскиот рок по кои општината во моментов не постапува. Нема информација за опфатот на вкупниот простор кој е предмет на легализација, но со оглед на бројните барања кои се однесуваат на бесправни објекти од голем размер, може да се претпостави дека се работи за огромна површина.

   

     

„Ако имаме куќи од 300 квадрати што се легализирани, а имаме над 26.000 барања, можете да замислите за колкава површина станува збор. Има и барања за помошни простории од 5-10 квадрати, но тие се многу помалку, додека куќи од 300 квадрати има во населбата „Перо Чичо“, кај Стадионот, секаде…“, посочува Сларидис Јаневска.

За да го испита мислењето и ставовите на кумановци за дивоградбите, Кумановоњуз спроведе и онлајн анкетата, која, за жал, наиде на мал одзив, што може да се протолкува дека за оваа тема граѓаните се уште не се охрабруваат да зборуваат јавно, особено за притисоците, обидите за корупција и вмешаноста на политички и бизнис елити. Сепак, повеќе учесници во анкетата посочуваат дека им било побарано мито за легализација на дивограбите, и тоа во висина од 200- 1.500 евра. Дел од нив одбиле да дадат пари за добивање позитивно решение, дел дале, а оние што пријавиле кај надлежните служби велат дека од нивна страна не било преземено ништо.

Испитаниците наведуваат и дека знаат функционери и политичари кои ги легализирале своите бесправно изградени објекти, но не посочуваат конкретен пример или немаат потврдени информации. Истовремено, сметаат дека во Куманово премолчано се дозволува изградба на дивоградби од страна на надлежните органи и тоа најмногу од политички причини, потоа заради немањето капацитет на надлежните да се справат со неконтролираната градба, како и од популистички и од економски причини.

Некои граѓани успеале постапката за легализација да ја завршат за краток период од 3 месеци, но повеќето се жалат дека чекаат по неколку години, дури и по 10 и повеќе години и се уште нивните предмети се незавршени и во процедура.
„За куќата имав пријатели, ми помогнаа и брзо ја завршив работата, ја легализирав истата година кога ја купив. Но за доградбата од 38 квадрати чекам цели 7 години. Ги поднесовме сите потребни документи во законскиот рок, но каде заглавил предметот не ми е познато“, вели Т.С. од Куманово.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово потврдуваат дека од 2020  до 2023 година на подрачјето  на општината биле евидентирани 96 пријави за бесправна градба, а од нив 69 биле процесирани. Но, не се регистрирани пријави од граѓани за корупција и злоупотреба на службена положба на вработени во службите задолжени за легализација на бесправно изградени објекти. И во Општина Куманово немаат такви сознанија, кои најмногу се шират на социјалните мрежи каде граѓани посочуваат дека службениците се корумпирани и бараат мито за да им се заврши некој предмет.
„Јас немам такви сознанија. Но, ги охрабрувам граѓаните доколку има нешто такво, не само да пишуваат на социјалните мрежи, туку да пријават таму каде што треба“, посочува раководителката на Секторот за урбанизам, Сларидис Јаневска.

Откако е таа на оваа раководна позиција од 2019 година, вели и дека немало притисоци од граѓани, градежните фирми, сопственици на индустриски комплекси и функционери при легализација на дивоградби, ниту обиди за коруптивни дејствија при легализација на бесправни објекти.
„Такви обиди нема. Има притисок што секој сака да си ја заврши работата побрзо што може, меѓутоа ние сме токлу колку што сме и гледаме да излеземе во пресрет на секого. Јас колку што се сеќавам не знам дека имало легализација на дивоградба на некој функционер. Откако јас ги потпишувам решенијата не сум сретнала такво нешто. Можеби имало, но не е на името на функционерот, може да е на некој родител, па не можеме да поврземе”, вели Сларидис Јаневска.

Таа не сакаше да ги коментира ниту неодамнешните обвинувања од сопственик на градежна фирма за постоење урбана мафија во локалната самоуправа, која прстот го посочи директно кон градоначалникот Максим Димитриевски и кон неа.
„Такви обвинувања да се кажат се многу тешки и за тоа постојат надлежни институции кои треба да го испитаат случајот. Градоначалникот веќе покрена постапка“, одговори Сларидис Јаневска.

Урбанистички хаос, нападнати сообраќајници, зелени површини, комунална инфраструктура

Според мислењето на учесниците во анкетата на Кумановоњуз, Законот за легализација е донесен за да им се помогне на граѓаните, пред се, на социјално загрозените лица, но и да се задоволат интересите на градежните фирми, инвеститорите и функционерите. Некои од нив, пак, се децидни дека овој закон првенствено им служи на интересите на инвеститорите и властите. Затоа, посочуваат на потребата од строга селекција при легализирањето на дивоградбите, кој како процес создава сериозен урбанистички хаос и ја зголемува опасноста од згоглемен број небезбедни објекти при земјотреси и други природни непогоди.

И урбанистите го делат ставот дека со легализацијата на дивоградбите е нарушен планскиот развој и функционалноста на градот, како и дека се загрозуваат постојаните планови за изградба на значајна јавна инфраструктура. Поточно, законот создава обврска да се вклопи во планската документација дури и тоа што не може. Легализирани се дел од зградата над Палас и зелената зграда на „Моша Пијаде, во постапка е легализацијата на стадионот Башкими со што е доведена во прашање изградбата на обиколницата, бесправно се изградени и поголем дел од објектите во населбата Средорек, како и новите куќи покрај автопатот на т.н. Говедарски пат предвидени за зелени површини, заштитни крабрежни подрачја, локации за мало стопанство и друго.

„Целиот процес на легализација е надвор од матрицата на она што се вика урбанизам и урбанистичко планирање на еден град и една општина. Морам да кажам дека законот беше донесен набрзина, без консултација на надлежните институции коишто ќе го спроведуваат. Должни сме да легализираме објекти и да ги вклопиме во новата урбанистичка документација бидејќи законот така предвидел, иако се изградени надовор од сите стандарди за урбанистичко планирање. На пример, имаме објекти што се изградени на планирани сообраќајници. Ако таму поминува улица, според ДУП и ГУП, логично е дека низ неа треба да помине и подземна инфраструктура. Но,со легализацијата на бесправно изградените објекти тоа е невозможно, а експропријацијата ќе е многу поскапа, отколку на објект кој нема утврден правен статус. Ако треба да платите експропријација на 100 легализирани куќи, поефтино ќе ви биде да ја тргнете сообраќајницата, но ако нема каде да се помести што да се прави тогаш? Треба ли да се наштети на некој што градел легално и сега таму да помине сообраќајницата. Овој закон според мене, доаѓа над уставот, на штета на оние што го почитувале“, категорична е Сларидис Јаневска.

Во ситуација кога општината е нападната од дивоградби, а во секоја населба има по стотици бесправни објекти, надлежните се на „тешки маки“ и што да прават со барањата за кои не е обезбедена потребната документација. Најголеми проблеми создаваат нерешените наследни права и непренесена сопственост на имотот.

„Имаме 2.130 предмети кои чекаат изјави од сопствениците на земјиштето за да се решат, некои уште од 2011 година. Има случаи во кои бесправниот обејкт е изграден на земјиште кое припаѓа на 10 луѓе. Сега тие сопственици треба да дадат изјави заверени кај нотар дека се согласни бесправниот објект да се легализира на името на сопственикот на бесправно изградениот објект. Меѓутоа дел од нив или се починати или не е решено нивното наследство, некои се отселени од државата и таквите изјави многу тешко се обезбедуваат. Тие предмети стојат и немаме начин да ги решиме. Затоа, неколку пати преку ЗЕЛС, како надлежна институција која може да даде предлог за измена на законот, предложивме овие изјави да бидат тргнати и објектот да се легализира само со изјава на подносителот, бидејќи таквата одредба беше дел од законот кој важеше до декември 2022 година, но после ја укинаа“, појаснува Сларидис Јаневска.

Најверојатно охрабрени од повеќекратното продолжување на рокот за легализација на дивоградбите, во Куманово се забележува и зголемен тренд на изградба на станбени згради кои видно ги надминуваат границите на дозволената градба. Така, наместо 4 или 8 станбени единици според одобрението за градба, никнуваат по 16 или 20 единици за кои граѓаните не можат да добијат документи за сопственост.
„Пред 2011 година речиси и да немаше такви објекти. Сега, од луѓето кои доаѓаат и не прашуваат како да добијат имотен лист, купиле стан, гледаме дека има доста. Таквите објекти не можат да бидат запишани во Агенцијата за катастар за недвижности. Некои водат и судска постапка и го тужат инвеститорот, но никаде нема евиденција за тоа колку такви станови има“, вели Сларидис Јаневска.

Нехармонизираност постои и помеѓу законот за легализација според кој се носат одлуките на Советот на Општината, што често резултира со пренамена на планираните површини со што процесот на урбанизација е ставен во втор план. Особено изразен проблем е и се уште недонесениот Генерален урбанистички план (ГУП) за Куманово на чија изработка се работи моментално. До крајот на годината општината планира да ги обезбеди сите потребни документи и да ги достави до Агенцијата за планирање на простор, која има рок за изработка од 3 години.

Новиот ГУП предвидува проширување на градот, скоро за дупло од она што е сега. Тоа значи дека сите приградски населби, кои во моментот немаат статус ниту на село, ниту на град, ќе влезат во оваа планска документација за да може таму да се предвиди еден нов нормален и плански урбан развој. Дотогаш, жителите на легално изградените објекти во т.н.„сателитските“ населби, имаат право за надградба, согласно законот за градење, додека нов градби не се дозволени.

Со Законот за легализација на бесправно изградени објекти од 2011 година првпат беше овозможено дивоградбите да добијат правен статус, а според евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности досега се впишани 301.688 објекти кои се легализирани. Низ годините законот и роковите за поднесување барања за легализација повеќепати беа менувани и продолжувани, а во 2021 година се направи последната измена со што се овозможи примена на овој закон за уште пет години, со „изговор“ за решавање на заостанатите околу 140.000
предмети.

Покрај Куманово како водечка општина со најмногу барања за легализација на дивоградби, следуваат Општина Гази Баба со 18.505 барања за легализација, Битола со вкупно поднесени 17.543 барања, во Охрид има 15.939, во Струмица 12.500 барања итн. Проблем со бесправните објекти имаат и земјите од нашето опкружување. По еден милион диворадби има во Грција и Србија, а во Турција 10 милиони во урбаните средини живеат во бесправно изградени објекти во т.н. населби кои се градат преку ноќ.

Новиот закон за легализација на бесправно изградени објекти, кој е во собраниска процедура,пак, предвидува и сите објекти после 2011 година, поточно изградени до јануари 2021 година да бидат легализирани, но сопствениците да плаќаат повисоки комуналии за два и пол пати. Според првичните проценки, тоа би значело легализација на уште над 50.000 барања. Надлежните сметаат дека тоа ќе предизвика уште поголем урбанистички хаос кој практично ќе го оневозможи планскиот развој на општините, а истовремено ќе ги охрабри граѓаните и инвеститорите да го узурпираат просторот со нови дивоградби. Општините ќе претрпуваат огромни загуби од урбанистички и финансиски аспект и ќе се соочат со нарушување на функционалноста на просторот и намалување на квалитетот на живот на сите граѓани. Нивните потреби остануваат во втор план, зад интересите на политичките и економски центри на моќ, некогаш од популистички побуди, некогаш од личен интерес. Со тоа вратите за злоупотреби, тргување со влијанија и коруптивни дејствија остануваат подотворени.

Оваа новинарска сторија е изготвена во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на сторијата е единствена одговорност на новинарот и медиумот.

    

Најново

МИЦКОВСКИ: ВО АНАЛИЗАТА ШТО ЈА СПРЕМАМЕ, НА ГРЦИЈА И ВОДИМЕ 100 СПРЕМА 0 ВО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕСЕН МОМЕНТ ОД СКОПЈЕ ПРАЈД: НАЈДОБРАТА ЖЕНСКА НОГА ВО СКОПЈЕ ЈА ИМА МАЖ

Sase Ivanovski

ЛОШИ ИСКУСТВА СО ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦАТА АНАНАС: ПО ЦЕЛИ 11 ДЕНА НАРАЧКАТА СТИГНА СО ПОГРЕШНИ И ОШТЕТЕНИ ДЕЛОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ЕВЕ ПРАВАМ РЕФОРМИ, НЕЛИ ВИДОВТЕ ВЧЕРА ФРЛИВ ЛОПАТА, ЗНАЧИ СО КОНКРЕТНИ ДЕЛА, НЕ ПО КАНЦЕЛАРИИ ДА ФИЛОЗОФИРАМЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШТО ИЗЈАВУВА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, И ОНАКА НЕМА ВО ЕУ ДА ВЛЕЗЕМЕ УТРЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАФ НА ДУШИЦА МРЃА: Среде интервју додека премиерот поентираше, таа фати да шерува емисија на фејсбук за да имало повеќе гледаност?!

Sase Ivanovski

Бугарско МНР: Идеите на Мицкоски за повторно преговарање на рамката само ќе го оддалечат Скопје од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јован Деспотовски имал операција на слепо црево, ги откажал теренските активности

Sase Ivanovski

Европска комисија: Скопје мора да ги направи ветените уставни измени за да продолжи на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО СРБИЈА ДУРИ И СПОРТСКИТЕ КОМЕНТАТОРИ НЕ ЈА КРИЈАТ ОМРАЗАТА КОН АЛБАНИЈА И АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ: НА ЛЕНТИТЕ НА ВЕНЦИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ПОЛОЖУВАМ ЌЕ ИМА МЕСТО ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ЈА ПРАША ДУШИЦА МРЃА ДАЛИ И ЛИЧИ НА КРИМИНАЛЕЦ, ОНА МУ ВИКА НЕ ЗНАМ, ЌЕ ВИДИМЕ

Sase Ivanovski

Фијала: Првата испорака на муниција по иницијатива на Чешка пристигна во Украина

Sase Ivanovski

Борел за утрешната средба Вучиќ – Курти: Дијалогот мора да доведе до оперативно решение

Sase Ivanovski

Австралискиот премиер за Асанж: Случајот трае предолго, сакаме тој да се врати дома

Sase Ivanovski

Разрешена Бесија Иљази, која на работа на Токсикологија одеше со преведувач

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД ПАЃАЊЕТО НА УКРАИНСКАТА РАКЕТА ВРЗ ПЛАЖА ВО СЕВАСТОПОЛ ОТКАКО БЕШЕ СОБОРЕНА ОД РУСКА ПРОТИВ ВОЗДУШНА ОДБРАНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВАА ДЕВОЈКА Е ХИТ ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ЗА СЕКСИ СОВЕТОТ ДО ДРУГИТЕ ДЕВОЈКИ

Sase Ivanovski

На пет компании им биле побарани преку 100 000 евра – Пари, процент од тендери, вработувања и донации барала централната власт од бизнисот, покажа анкетата на Стопанска комора

Sase Ivanovski

СРЕЌА У НЕСРЕЌА: СО КОЛА ИЗЛЕТАЛ ОД БУЛЕВАР И ВЛЕТАЛ ВО КЛИНИЧКИ НА ВОДЊАНСКА

Sase Ivanovski

ВЕЛАТ ОВА БИЛО СТАНОТ НА ГРУЈО ВО БУДИМПЕШТА, НЕ Е ПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДУШИЦА МРЃА ЌЕ БИДЕ НОЌНА МОРА ЗА ВЛАДАТА, ВО ПРВОТО ИНТЕРВЈУ МУ ГИ ИЗВАДИ ЏИГЕРИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ: АЈ ПРИЗНАЈ ДЕКА ГО ИЗЛАЖА НАРОДОТ, МУ ВЕТУВАШЕ СЕ И СЕШТО ЗА ДА СТАНЕШ ПРЕМИЕР

Sase Ivanovski

Самка Ибраимовски: Не сум му се заканил на никого, зошто Уставен суд своја одлука со иста иницијатива повторно да ја преиспитува

Sase Ivanovski

Ветропаркот на „Алкараз Енерџи“ ќе снабдува со струја 100.000 домаќинства

Sase Ivanovski

Мицкоски: Најголемиот парк на ветерници во регионот ќе донесе нови 630 вработувања

Sase Ivanovski

До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час

Sase Ivanovski

АГЕЛЕР ЛИЧНО ЈА ПОЗДРАВИ ИНВЕСТИЦИЈАТА, МИЦКОСКИ КОРИСТЕШЕ САМО МАКЕДОНИЈА ВО ОБРАЌАЊЕТО: Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот и ќе преставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава

Sase Ivanovski

„И 150 ПАТИ ЌЕ МЕ ГЛЕДАТЕ СО ЛОПАТА“: Мицкоски вели дека често ќе го гледаме со неа

Sase Ivanovski

Во Драчево прегазен е 61-годишен велосипедист

Sase Ivanovski

Малолетник со автомобил прегази мотоциклист во Велес

Sase Ivanovski

Петровска: Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ

Sase Ivanovski

ФОКУС: Разрешени економските директори на Токсикологија, Неврологија, Ревматологија, Стоматолошка клиника, Психијатриска клиника…

Sase Ivanovski

ВЛАДИКАТА ЈОВАН: Охридска архиепископија е прифатливо име за МПЦ, но најголем проблем е признавањето на украинската православна црква

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НОРВЕЖАНИТЕ ГО РЕКЛАМИРААТ ОСЛО СО УБИСТВЕН ХУМОР НА СМЕТКА НА ЦЕЛ СВЕТ

Sase Ivanovski

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден во сообраќајка додека го обезбедувале Виктор Орбан

Sase Ivanovski

Северна Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје

Sase Ivanovski

Аврамовска Мадиќ: Дел од нашето членство се одлеа во новоформирана партија, имаме членови кои се разочарани

Sase Ivanovski

Министерот Муцунски во Брисел на средби со Столтенберг и со претставници на ЕУ

Sase Ivanovski

Ципрас: ЕУ и меѓународната заедница јасно да ги кажат последиците од непочитувањето на Договорот од Преспа

Sase Ivanovski

КОСТОВСКИ: Верувам дека конечно Македонија ќе тргне по вистинскиот пат

Sase Ivanovski

Бислимоски за цената на струјата од 1 јули: Мислам дека еден отсто зголемување не е проблем за домаќинствата

Sase Ivanovski

Макрон: Победата на крајната левица или десницата може да предизвика граѓанска војна во Франција

Sase Ivanovski

АЈДЕ МИЦКОВСКИ, ПОКАЖИ ШТО ЗНАЕШ, СЕГА ДОЈДЕ ТВОЕТО ВРЕМЕ, КОЛКУ ШТО СЕ БОРЕШЕ ЗА ВМРО, СЕГА БОРИ СЕ ЗА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВИДЕОТО ОД ПУШТАЊЕТО НА АСАНЖ НА СЛОБОДА Е ДЕНЕСКА ХИТ ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОДИТЕЛОТ И КОМИЧАР ЏОН ОЛИВЕР ВОДЕШЕ ЕМИСИЈА ПОД ЧЕШМА ЗА ДА ИМ ДАДЕ ПОДРШКА НА ЛЕВИЧАРИТЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО БРИТАНИЈА

Sase Ivanovski

Шестмина од обвинетите во „Синџир“за даночно затајување признаа вина и се спогодија со Обвинителство. Mилион евра вратени во буџетот

Sase Ivanovski

Претпладне сончево и топло, попладне со локална нестабилност

Sase Ivanovski

НОВИНАРСТВОТО ПАК ПОЧНА ДА СЕ ПРЕТЕРУВА: ПОРТАЛОТ ГЛАМУР ЈА СПОРЕДИ СИЉАНОВСКА СО ЏЕКИ КЕНЕДИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ПОБАРА ОД ЛУКА МОДРИЌ ДА НЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА НИКОГАШ, ЗАТОА ШТО БИЛ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Sase Ivanovski

САД РЕШИЈА ДА ГО ПУШТАТ НА СЛОБОДА ОТКАКО ЌЕ ПРИЗНАЕ ВИНА: По 1.901 ден во британски затвор, Асанж ќе мора да се изјасни виновен пред американски суд пред да може да си оди дома

Sase Ivanovski

Ова жешко лето туѓиот успех ќе се одработи како свое големо достигнување. Тоа што вчера беше предавство, утре ќе биде голема победа. Пишува Ерол Ризаов

Sase Ivanovski

Хрватскиот селектор: Се беше во наши раце!

Sase Ivanovski

Нови пратеници во македонското Собрание, на местата на премиерот и министрите

Sase Ivanovski

Од денес во сите маркети на „Стокомак“, нашите најнови книги „Скандалозни страсти“ од вашата омилена писателка Елизабет Хојт и „Патеката на слоновите“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Следува инвестиција од над 400 милиони евра, за поголема енергетска независност, како и над 150 проекти за локален економски развој

Sase Ivanovski

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис

Sase Ivanovski

Италијански новинар: Лука би сакал да те замолам никогаш да не се пензионираш од играњето фудбал

Sase Ivanovski

Весна Јаневска – поранешна в.д. претседателка на ВМРО-НП и несудена ректорка на УКИМ, која ќе министерува со ресорот образование!

Sase Ivanovski

ЦУК: Локализиран е пожарот на планината Огражден кај „Хаџиица“

Sase Ivanovski

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Sase Ivanovski

Млад беровец прегазил полицаец и побегнал

Sase Ivanovski

ЦУК го соопшти начинот за обесштетување на граѓаните кои претрпеле штети од природни непогоди

Sase Ivanovski

Хоспитализирани уште седуммина со голема кашлица, вкупно 786 случаи во државава

Sase Ivanovski

Ниту поројните врнежи и олуи не ја внесоа водата во нашите шахти

Sase Ivanovski

Борел со предлог како да се избегне некоја земја да го блокира користењето на замрзнатите руски пари

Sase Ivanovski

Редовно да се чистат клима уредите и базените, може да бидат причина за опасна бактерија, алармира Апостолов

Sase Ivanovski

Повторно немири на Нова Каледонија

Sase Ivanovski

На американската амбасадорка во Москва и беше врачен демарш поради нападот на Украина врз Севастопол

Sase Ivanovski

Шестмина туристи починаа од топлотен бран во Грција, се трага по исчезнати лица

Sase Ivanovski

Александар Шапиќ пак е избран за градоначалник на Белград

Sase Ivanovski

Литванскиот виртуоз на виолина Џулијан Рахлин ќе го отвори Охридско лето

Sase Ivanovski

Предупредување од Букинг: Измамите скокнаа за 900 проценти поради вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

(ФОТО) Избрани најубавите езера за одмор во Европа: Четири се наоѓаат во земји од поранешна Југославија

Sase Ivanovski

Кандидат за иден шеф на Интерпол е обвинет за вмешаност во киднапирање, приведување и обид за изнуда

Sase Ivanovski

(ФОТО) Арбен Таравари по втор пат седна на министерската фотелја во здравство

Sase Ivanovski

Ајкула го уби актерот од „Пиратите од Карибите“ додека сурфал на Хаваи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДНА БИЛКА МОЖЕ ДА ГИ ИЗБРКА КОМАРЦИТЕ Доаѓа летната војна со инсектите

Sase Ivanovski

ДОБИ СТАТУЕТКА СО СРЕБРЕН ПАЛЕЦ ПОРАДИ ЧЕСНОСТА Што направил еден бездомник откако нашол паричник со 2.000 евра?

Sase Ivanovski

НЕ ПОАЃАЈТЕ НА ОДМОР БЕЗ ДА ГИ ПРОВЕРИТЕ ОВИЕ НЕШТА Што треба да знаете за вашиот автомобил пред пат?

Sase Ivanovski

КУФЕРИТЕ, ПА ПРАВО ВО ХРВАТСКА ИЛИ ВО СЛОВЕНИЈА Кои езера во Европа се најубави за одмор?

Sase Ivanovski
Вчитувам....