Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека мерките што кон Косово ги најави српскиот претседател Александaр Вучиќ во неговото обраќање на јавноста, „се направени во негов очај и воопшто не се мирољубиви“. Курти во изјава за РТВ21 рече дека условите што тој ги поставил за продолжување на дијалогот со Белград, за разлика од најавените мерки на Вучиќ, кои ги нарече „агресивни“, биле „мирољубиви и рационални“.
„Прво, треба да зборувате за трите услови што ги поставив, а тоа се мирољубиви, но и рационални услови, односно предавањето на косовските власти (на водачот на групата што го изврши нападот во Бањска во септември 2023 година) Милан Радоичиќ, потпишувањето на договорот (од Брисел) и повлекувањето на писмото на поранешната премиерка Брнабиќ, која рече дека не ја прифаќа ниту независноста на Косово, ниту местата во ООН за Косово, ниту пак го почитува територијалниот интегритет. Значи, овие три услови се мирољубиви и рационални, а во меѓувреме оние негови барања, мерки кои се направени од очај и претставуваат ирационалност, воопшто не се мирољубиви, туку напротив, се дел од агресивната кампања за нови конфликти на кои несомнено не им е местото ниту во Косово ниту во регионот“, вели Курти.