Непознат број туристи денеска останале заробени под снегот кога ги затрупала лавина во близина на највисокиот врв во Полска, јавија локалните медиуми. Повеќето од луѓето кои се нашле на местото успеале да побегнат неповредени кога снегот затрупал падина на Татрите.
Меѓутоа, едно лице со хеликоптер е пренесено во болница откако спасувачите го извлекле од под снегот, а состојбата на туристот не е позната. Спасувачката операција се уште е во тек, бидејќи не се знае колку луѓе се затрупани. Спасувачите со сонди го пребаруваат затрупаниот простор, проверувајќи дали под снегот има повеќе луѓе.