6.8 C
Скопје
02/02/2023 11:37
МАКТЕЛ

   

Лаф-муабет со Дарко Панчев: Јасно и гласно кажувам, од дома поубаво нема, државата само да е средена како што треба

     

Почетокот на дваесет и второто издание на Светското првенство во фудбал во Катар, што ќе трае до 18 декември, ќе го одбележиме на еден поинаков начин, својствен за нас. Изборот на соговорникот, учесникот во денешниот, понеделнички разговор или поточно лаф-муабет не е случаен, ни малку. Без оглед на тоа што темата не е врзана со мундијалот (него ќе им го препуштиме на спортските новинари), Дарко Панчев секогаш побудува интерес кај читателите, а најавената авторизирана биографија, чие излегување од печат е предвидено за скоро, беше дополнителна причина да се разговориме и за неа, меѓу другото. Книгата инаку е насловена „Кобрата и ‘бубамарата’ – најверно пријателство“, каде што фановите на врвниот фудбалер – голгетер пар екселанс (потврда за тоа е фактот дека во Првата југословенска лига беше прогласен за прв стрелец дури четири пати, еднаш во дресот на Вардар и три пати во дресот на Црвена ѕвезда, вклучително и „златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа и…) ќе бидат поштедени од „глупости“, како на пример афери, скандали…, карактеристични за повеќето (авто)биографии. Фокусот е исклучиво на неговата кариера, и во горенаведените и во клубовите од Сион, Милано, Лајпциг, Дизелдорф – постигнувањата, подемот и секако, на неговата личност. Муабетејќи на разноразни теми, нѐ убеди во луцидната мисла, концизниот исказ…, но и во скромноста, приземноста…, којзнае по кој пат.

  

Во исчекување на промоцијата на Вашата прва авторизирана биографија, во соработка со новинарот Зоран Михајлов, на самиот почеток на разговорот ќе ни кажете ли кој беше главиот иницијатор за да се напише истата? Ме интересира всушност, на кој принцип работевте и колку време беше потребно за да ја финиширате? Патем и насловот е занимлив: „Кобрата и ‘бубамарата’ – најверно пријателство“. Панчев: Идејата за да се реализира еден ваков проект се споменува веќе неколку години, но овој пат издавачката куќа „Арс Ламина“ реши да го реализира истиот. На него работиме нешто повеќе од една година и главни актери во реализацијата на текстовите се Зоран Михајлов, Бисера Бендевска со една нејзина колешка и нормално, потпомогнати од моите раскажувања и сеќевања на детството и кариерата.

 

  

Според Вас, кој дел од книгата Ве стави на мисла – дали да го кажете или не, имаше ли автоцензура или не, т.е. не постоеја никакви бариери? Сепак, фудбалот е своевиден шоу-бизнис, мислам и на спортскиот свет генерално, а обичните луѓе се интересираат за него, во смисла на скандали, невообичаени постапки… Или пак биографијата е врзана исклучиво со Вашиот курикулум Панчев: Ова ќе биде една сериозна, поучна и убава автобиографска книга за животот на еден успешен спортист. Секако дека во една ваква книга нема место за такви видови на глупости. Визави насловот, претпоставувам дека ‘бубамарата’ е топката (фудбалот), а прекарот „Кобра“ – како се здобивте со него, во кој период на Вашата кариера поточно, кој Ви го даде? Кобрата е всушност амблем на силата, која е во состојба и да го одземе, но и да го зачува животот. Интересна компарација и секако, вистинита. Панчев: Бубамарата е симпатичен, популарен назив на фудбалската топка од 1980-тите, кој се употребува и ден-денес, а прекарот „Кобра“ ми го даде кондициониот тренер на Црвена ѕвезда – Пеѓа Станојевиќ, кој ми остана до денеска. Дали „најверното пријателство“ одвреме-навреме го обновувате или пак никогаш не беше прекинато? Кога последен пат игравте фудбал, чисто рекреативно, за разонода? Во каква форма сте, кондициски? А, професионално – Ве инволвираат во работата на фудбалските клубови, на пример за консултации, совети.., вклучително и македонската репрезентација?  Панчев: Тоа не е само пријателство, тоа е љубов пред сѐ, која не може ништо да ја прекине. Секако дека играме и по нашите кариери, се дружиме, се забавуваме, но кога почна пандемијата, прекинавме бидејќи собирањето беше забрането и направивме голема пауза. Се надевам дека повторно ќе почнеме.

    

Драган Томовски, долгогодишниот фудбалски работник во една прилика рече: „Македонија има фантастичен потенцијал и со поставување на систем, организација и инвестирање би можела многу почесто да создава фудбалери како што се Дарко Панчев, Горан Пандев и Елиф Елмас, па и други“. Се согласувате со него? Во 1980-тите на пример, во рамките на Југославија беше полесно, поедноставно отсега? На какви бариери наидуваат денес младите надарени фудбалери кога е нивниот развоен пат во прашање, тука во Македонија? Дали некогаш сте размислувале за некого да земете под свое, што би се рекло? Панчев: Македонија отсекогаш имала и секогаш ќе има фудбалски таленти, но во какви услови и како ќе се развиваат понатаму – тоа е друго прашање. Јас имав среќа да се развивам и фудбалски да растам во една држава и лига која се викаше Југославија каде што критериумите беа строги, а условите за работа беа дури и полоши од денеска. Сигурно дека треба да се променат и подобрат доста работи, но не е сѐ само во условите, тука пред сѐ се работи и за фудбалското знаење на тие што работат со младите категории, а сигурно дека и финансиската поддршка на клубовите мора да биде подобра – со тоа и нашата лига би била појака и би произведувала подобри играчи.

И покрај тоа што Вашата кариера е една од причините за разговорот, за која може да се говори со денови, на читачката публика ќе ѝ оставиме простор за книгата, да не ја прераскажуваме, но моментално – со што се занимавате, што Ви е преокупација? Угостителството сѐ уште е дел од неа Панчев: Јас целиот мој живот се занимавам само со фудбал, без разлика во која форма сум бил активен – погрешно е мислењето кое преовладува кај некои дека се бавам со угостителство. Точно е дека имам свои локали, но јас никогаш не сум се бавел со него – тоа го работеле други луѓе. Мојата улога во угостителството била да уживам со пријателите пиејќи кафе. Познат сте и по скромноста, меѓу другото. Не се фингирате, за разлика од мнозинството. Се чини дека лажното претставување е своевидна тенденција, вклучително и претераната ароганција. Што мислите, дали успесите и во работата и во животот генерално треба самите по себе да говорат за личноста, без потенцирање на истите, вообразеност..? Ме интересира, скромноста Ве чини скапо во услови на изместени морални вредности? Панчев: Сум имал среќа да живеам во периоди од мојот живот кога имало критериуми, и тоа сериозни, во која било сфера од нашето живеење и да живеам сега, во еден период, каде што критериумите повеќе како да ги нема. Од таа причина многу добро знам да проценам што е добро, а што не. Што се однесува до мене, пак, не би сакал да зборувам за себе. Има доста луѓе кои ме познаваат и ми се блиски, а и многу добро знаат каков сум и кој сум. За измислени приказни – „рекла-казала“ – секогаш ќе се најдат луѓе, тоа не можете да го избегнете.

Освен во Белград, живеевте и во Дизелдорф, Лајпциг, Милано, Сион каде што игравте за некои од тамошните клубови. Ќе ни кажете ли каде Ви беше најубаво, кој град, која земја е најблиску до Вашиот карактер, нарав, темперамент, Вашата природа – Германија, Италија, Швајцарија? Милано на пример е центар на случувањата од секаков тип, но таму бевте и мета на папараците. Панчев: Според нашиот менталитет и карактер, би живеел само во два града, тоа се Скопје и Белград. Можев да останам да живеам и во Милано и во Дизелдорф, кои патем се прекрасни градови, но во едно сум сигурен и тоа го знам – каде и да живееш, секогаш си странец. Затоа, јасно и гласно кажувам, од дома поубаво нема, државата само да е средена како што треба. Со фудбалерите секогаш се врзува и т.н. хај-лајф, а следствено и луксузот. Говоревме за Вашата скромност, оттука и прашањето – за Вас што значи тој? Има и преносно, метафорично значење. На пример животот, здравјето, семејството или..?  Панчев: Во последните 20 години премногу се форсираат тие работи, околу случувањата во животите на популарните играчи. Мислам дека дури и се претерува со тоа. Веројатно тоа доаѓа оттаму што во денешно време се вртат огромни суми пари во фудбалот. Во наше време да бидеш фудбалер значеше пред сѐ да бидеш воспитан, културен, среден, избричен затоа што си јавна личност и мораш да бидеш пример во средината. Во денешно време гледаме на што личат фудбалерите – со индијански фризури, истетовирани од глава до петици, повеќе ги има во медиумите заради нивните скандали, изгледи отколку за нивните игри. Живеевме во два различни света.

А хедонизмот? Кога се работи за кулинарството, имате омилена кујна? Чии специјалитети, деликатеси фаворизирате во исхраната? Дали сѐ уште се придржувате кон дисциплината, својствена за спортистите, по навика или веќе не?  Панчев: Кога ќе почнете да заработувате од своите 15 години, а своето богатство ќе го стекнувате постепено и полека, многу добро ќе научите што вреди, а што не. Ќе научите да ги цените работите како што треба и ќе дојдете до тој степен каде што нема да се заморувате дали возите „ферари“ или пак „фиќо“ затоа што и да се паркирате во центарот на градот и да излезете од „фиќото“, луѓето повторно ќе ве препознаат. Значи, тие нема да ве препознаат заради колата или заради оделото на „Армани“ што ќе го носите. Тоа го сфатив одамна и затоа не се заморувам со такви снобовски работи. А инаку точно, во нашите животи како спортисти секогаш постои таа војничка дисциплина бидејќи и животот на еден спортист е војнички. На крајот на 1980-тите ги одбивте понудите на Динамо, Партизан и Хајдук, но не и на Црвена ѕвезда. Драган Џајиќ со што Ве убеди, како? И дали одвреме-навреме комуницирате со него, па и со соиграчите, не само меѓу „црвено-белите“? Панчев: По ФК Вардар, омилен клуб во Југославија ми беше Црвена ѕвезда и тоа беше главната причина зошто го избрав него. Секако дека се слушаме и денеска, и со Џајиќ и со многу други колеги, и разговараме со задоволство.

Додека игравте за Црвена ѕвезда, „делиите“ ги водеше Аркан. Во една прилика рековте дека беше инаков, различен од сите водачи на навивачите. Во која смисла? Панчев: Тој беше водач на навивачите на Црвена ѕвезда во тоа време и нормално дека се среќававме со него и беше во наша близина, но никогаш не оставаше впечаток дека може да биде тоа што многумина мислат. Ние го немавме тоа чувство, немавме таква претстава за него. Од сегашна, оваа дистанца би смениле нешто во кариерата, поради некоја несмислена постапка? Или пребрза одлука. Панчев: Па многу работи во својата кариера не би променил бидејќи сум презадоволен од неа. Единствено што би сменил, од причина што имав можност и бев доста баран играч од многу добри клубови во тоа време – не би отишол во Интер од Милано туку во Реал, Барса, Манчестер итн. Друга работа која би ја сменил, но не во кариерата, туку во животот, би сакал Маја да ја запознаам 10 години порано откога ја запознав.

 

Најново

РУСИЈА ГО ПРЕДУПРЕДИ ИЗРАЕЛ ДА НЕ ПРОДАВА ОРУЖЈЕ НА УКРАИНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: КОГА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ СДСМ ВО 2002-РА, МЕ СМЕНИЈА ОД ЗАМЕНИК КОМАНДАНТ НА ТИГРИТЕ И КАКО ПОЛИЦИСКИ ГЕНЕРАЛ МЕ СТАВИЈА ДА ГО ЧУВАМ АВТОБУСОТ НА ЈСП, БРОЈ ОСМИЦА, ОД ЉУБОТЕН ДО ВЛАЕ

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Компаниите кои оствариле вишок профит за време на енергетската криза ќе плаќаат данок на солидарност

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД: Ви го претставуваме едно од најстарите пакувања на добропознатиот „Кафетин“, произведено во 1957 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ДОБРО Е ШТО НАТО ГИ ИЗНЕСЕ ВОЈНИЦИТЕ НА УЧК ОД АРАЧИНОВО, ИНАКУ ЌЕ ГИ ПОТЕПАВМЕ И ПОТОА ВОЈНАТА ЌЕ ТРАЕШЕ СО ГОДИНИ И ЌЕ ИМАШЕ 100 000 ЖРТВИ КАКО ВО БОСНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: БЕВ ФРАПИРАН КОГА ДОЗНАВ ДЕКА ВО АРАЧИНОВО СО ГРАНАТА СМЕ УБИЛЕ 10 ДЕЦА И ЖЕНИ КОИ СЕ КРИЕЛЕ ВО ПОДРУМ, ИМ ОДНЕСОВ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОВИТЕ ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ

Sase Ivanovski

Африм Гаши: Компромис е можен, но прво да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ТРЕБА ДА РАЗБЕРЕМЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО НА МАКЕДОНЦИТЕ ТУКУ И НА СИТЕ ВО НЕА ДРУГИ ЕТНОСИ

Sase Ivanovski

Лихтештајн одлучи – забраната на казината не ја решава зависноста од игрите на среќа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ТРЕБА ДА ГИ ЧАСТАМ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ МЕ СПРЕЧИЈА ДА ГО ИСТЕПАМ САРМА ПРЕД СОБРАНИЕ НА 24-ТИ ДЕКЕМВРИ 2012-ТА, ЌЕ ЗАВРШЕВ ВО ЗАТВОР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НА 24-ТИ ДЕКЕМВРИ 2012-ТА НА СУДИРИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ ДОНЕСОВМЕ 30 РАЧКИ ОД ЛОПАТА ВО СЛУЧАЈ ДА ТРЕБАШЕ ДА СЕ СООЧИМЕ СО ПОЛИЦИЈАТА

Sase Ivanovski

Стојановиќ: Нови тројца вработени се суспендирани за бегството на Мемети од Идризово

Sase Ivanovski

Зајкова го критикува Тупанчески: Реформите не се на завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме

Sase Ivanovski

Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот, да го пикнат во куќичките на Страцин, па со авион Бугарија да го земе назад

Sase Ivanovski

Гир: Со вклучувањето на Бугарите во Уставот, не се менува неговата суштина

Sase Ivanovski

За зајакнување на вашиот имунитет дозволете оваа зима да се погрижи MULTI ESSENCE ИМУНО од Алкалоид

Sase Ivanovski

ЗОШТО СЕ БРУКАШ ГЕНЕРАЛЕ, ТВОИТЕ ТЕЗИ ЗА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ СЕ ТРАГИ-КОМИЧНИ, ЗОШТО РЕШИ ДА СЕ ВАЛКАШ И ДА ЧИСТИШ НЕЧИЈ ТУЃ ИЗМЕТ?!

Sase Ivanovski

Гир: Ова беа неколку тешки недели и за Северна Македонија и за Бугарија

Sase Ivanovski

Можеме и да отстапиме некои од министерските места на Алијанса, вели Гаши

Sase Ivanovski

АХМЕТИ: Имаме морална и национална обврска да ја запреме миграцијата, да ја обезбедиме иднината и да ги помириме луѓето

Sase Ivanovski

ГРУБИ: Денеска имаме Албанци насекаде, на државни функции кои некогаш беа само сон за Албанците, ниту една одлука не била против Албанците, ниту антиалбанска

Sase Ivanovski

Мицкоски на средба со шефот на ОБСЕ Вал: Владата не е реформска и не решава проблеми

Sase Ivanovski

Мицкоски: Повикувам на мирно, чесно и достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев, за секое нарушување на безбедносната состојба одговорни ќе бидат власта и Спасовски

Sase Ivanovski

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ КАКО ТИТО: ГО ПРЕЧЕКУВААТ МЛАДИ ВМРОВКИ ПО ОПШТИНИТЕ, ФАЛИ ПОГАЧА И СОЛ

Sase Ivanovski

Стоилковски: СДСМ и удоволува на Бугарија, стражите на гробот на Делчев се резултат на револт на граѓаните кон владините политики и газење на црвените линии на Македонија

Sase Ivanovski

Како си БРАТ како е во Немачка? Топ сум брат сам сум!

Sase Ivanovski

Али Ахмети: Излеговме со проевропски фронт, затоа што сега е вистинскиот момент

Sase Ivanovski

Стоилковски: Влегувањето на Алијанса на Албанците во владата на СДСМ и ДУИ е за ухлебување на партиското членство и личните интереси на Таравари

Sase Ivanovski

Од 122-та владина седница: Утврдени се законски измени за бришење на одредбата за 30-процентно зголемување на платите во Министерството за финансии; прифатен е текстот на Програмата на економски реформи 2023 – 2025

Sase Ivanovski

Од 122-та владина седница: Утврден е Предлогот на закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата; утврден е Предлог на закон за данок на солидарност; утврдени се предлог законски измени да се опфати оризот меѓу стоковните резерви

Sase Ivanovski

Од 122-та владина седница: Разгледана е информацијата за обезбедување дополнителни финансиски средства за терапија за лицата со цистична фиброза; одлука за здравствени услуги од областа на онкологијата и радиотерапијата во Градската болница 8 Септември

Sase Ivanovski

Бараме ресори здравство и правда- Алијанса потврдува, „за трето министерско место ќе зборуваме со другите кадри“

Tamara Ivanovska

Како се случи Драгослав Бокан, за кого Македонија е вештачки конструкт што ќе се распадне, да беседи пред Ковачевски и Мицкоски

Tamara Ivanovska

КРВАВА КАВГА ЗА ДЕВОЈКА Петнаесетгодишник избодел младо момче

Tamara Ivanovska

„ДОТОГАШ РУСИЈА НЕМА ДА ПОСТОИ!“ Руски новинар на веста дека е осуден во отсуство на осум години затвор

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) НОВ СКАНДАЛ ГИ ТРЕСЕ БРИТАНСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ Елитната нуклеарна подморница ја „крпеле“ со секундарен лепак!

Tamara Ivanovska

Маричиќ објави: Нови 53 милиони евра за Северна Македонија од ЕУ за инвестиции во енергетиката и животна средина

Tamara Ivanovska

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО АМБАСАДОРОТ ГИР

Tamara Ivanovska

Тренчевска: Целта е да креираме законско решение кое ќе содржи точни и прецизни одредби и нема да остави простор за исти прашања да има различни толкувања

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Градоначалникот на Карбинци, Паунов за две години ќе ја реализира целата програма, ВМРО-ДПМНЕ е пример како треба да се градат општините, а и Македонија по предвремените парламентарни избори

Tamara Ivanovska

Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници

Tamara Ivanovska

Приведено лице од Скопје по распишана централна потерница

Tamara Ivanovska

Средба Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија е клучен сегмент за стабилноста во балканскиот регион

Tamara Ivanovska

ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија

Tamara Ivanovska

143 санкционирани возачи во Скопје: 14 за брзо возење

Tamara Ivanovska

Произведени 19.626 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања се целосно задоволени со електрична енергија од капацитетите на ЕСМ

Tamara Ivanovska

Битиќи: Развојната банка ја трансформиравме во најдобриот партнер за поддршка на економскиот развој

Tamara Ivanovska

Приведен дилер, кај него пронајдени различни видови дрога

Tamara Ivanovska

Тупанчески: Со новиот Кривичен законик во целост ќе се ревидира казнената политика

Tamara Ivanovska

Костадинов: Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен Стационар за бездомни кучиња

Tamara Ivanovska

Мицкоски: Додека Ковачевски трча да и одоброволи на Бугарија, болен човек од Алцхајмер не може да стигне до своите 4000 денари

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Бугарски медиуми го обвинија Џамбаски дека е фашист

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУ СО БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ: Левица спроведува руско сценарио во Македонија

Tamara Ivanovska

Алтернатива вечерва ќе се позиционира за влезот на Алијанса во Влада, но и дали ќе понуди нов министер за здравство

Tamara Ivanovska

За првпат во 56 години – штрајк во Секретаријатот и стручните служби во МАНУ

Tamara Ivanovska

ВМРО-Народна: Дали има докази дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашизмот?

Tamara Ivanovska

Вархеји денеска во Брисел ќе се сретне со претставници на македонските Бугари

Tamara Ivanovska

МВР: Благодарност до организационите единици при МВР за професионалниот придонес во организацијата и одржување на безбедноста на дводневната Конференција

Tamara Ivanovska

Бездомни кучиња: Системот си ја каса опашката

Tamara Ivanovska

Тепачот во бегство е со бугарски пасош – и тој и тепаниот Пендиков се со бугарски национални чувства

Tamara Ivanovska

Заменик народниот правобранител објави шокантни фотографии од Цементарница Усје: Ова ли е причината поради која се гушеше Скопје?!

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Грев е ова што ѝ го прават на Јанкуловска, испадна најголем маж од сите и треба да биде на слобода

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Ангелов ексклузивно за Инфомакс: На следните парламентарни избори ќе настапуваме самостојно од СДСМ

Tamara Ivanovska

БОРЕЛ ПРЕПОЗНА НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПОЛИТИЧАРИ Инцидентот во Охрид на маса во Брисел

Tamara Ivanovska

РУСИТЕ ГУБАТ ВО БАХМУТ, ПА ГО ГРАНАТИРААТ ДОЊЕЦК Нова тактика по шест месеци, оска Вуледар-Павливка?

Tamara Ivanovska

Нов повик од Стојанов: Вели дека биле во контакт со полицијата во Скопје и дека немало да има провокации

Tamara Ivanovska

Ивановска: Османи пред партиски штаб со службено возило известувал за државнички работи

Tamara Ivanovska

Петровска: Гоце Делчев е великан кој треба достоинствено да се чествува

Tamara Ivanovska

Лукашенко: Ако им треба помош на нашите руски браќа, подготвени сме

Tamara Ivanovska

„БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ЛОРЕР ИМ УДРИ СИЛНА ШЛАКАНИЦА НА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“: Револт во политичките кругови во Бугарија

Tamara Ivanovska

ТРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА: Што ако Русија доживее пораз во Украина?

Tamara Ivanovska

Турција отвори истраги за палењето на Куранот во Европа

Tamara Ivanovska

МАЛАТА АЛИС ПОЧИНА НА ЛИЦЕ МЕСТО ПО КРВОЛОЧЕН НАПАД ОД КУЧЕ: Соседите стaваат играчки и цвеќиња во дворот

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Ристевски за „Студио 10“: Годинава за работниците може да биде уште потешка од минатите

Tamara Ivanovska

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АМЕРИКА МУ ОДДАДОА ПОЧИТ НА ВОЈВОДАТА СМИЛЕ ВОЈДАНОВ

Sase Ivanovski

Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги”

Tamara Ivanovska

Владиниот агент Џонова: Одлуката на Стразбур за аболицијата ќе биде објавена на 16 февруари

Tamara Ivanovska

Пендаровски, Ковачевски, Груби и Спасовски во сабота ќе се поклонат пред гробот на Гоце Делчев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЦЕВСКИ УЛОВЕН КАКО ЈА ПЕЕ СРПСКАТА ХИМНА ВО МНТ

Sase Ivanovski

Leave a Comment