Имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација треба да напредува така што двете страни чекор по чекор, паралелно водејќи се од принципот дека двете страни мора да направат нешто за да добијат за возврат нешто, напиша Лајчак на Фејсбук, сумирајќи ја работна недела.Тој изјави дека во четвртокот во Брисел со главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, на одвоени средби разговарале за статутот на Заедницата на српските општини, енергетиката и изборите.
„Разговаравме за повеќе теми – Статутот, Планот за имплементација, енергетиката, регистарските таблички, изборите и исчезнатите лица. Состаноците помогнаа да се постигне напредок за голем број прашања од агендата на нашиот дијалог и се радувам на брзо продолжување. Затоа планирам да ги продолжам разговорите во наредните денови и недели“, рече Лајчак.