„Можам да ја разберам фрустрацијата на луѓето, но трпението ќе победи на долг рок. Колку повеќе земји имаме во ЕУ, толку подобро, толку сме посилни, а сега ни е потребна силна Европа“ потенцираше Левен.Тој ја изрази неговата поддршка и порача да продолжиме да работиме на патот кон ЕУ.
„Македонците не се сами во ова. Заедно сме во ова и ќе се погрижиме еден ден Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Не знам дали ќе има повеќе пречки кон патот на ЕУ, јасно е дека и Комисијата сакаше да ги започне преговорите и преговорите почнаа. Со новите инструменти и со финансиска поддршка, техничка поддршка, ќе постигнеме договор“ заклучи Левен.