Ова решение, како што оценуваат, дополнително ќе ја зголеми експлоатацијата на работниците, која ќе биде насочена во насока на триплирање на профитите на домашните, а пред сè, на странските сопственици на капитал во земјава.
Ставањето под иста капа на овие две спротивставени класи, од една страна – трудот и од друга страна – капиталот, карактеристична за десничарските партии, Левица ја поима, единствено, како оддолжување на ДПМНЕ кон капитал – сопствениците, кои ја спонзорираа нивната партија на грбот на работниците“, се истакнува во соопштениетот од оваа партија.Со овој потег, потенцираат од Левица, коалицијата на Мицкоски социјалниот дијалог, исклучително, го насочува во корист на капитал – сопствениците.