Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој во својата мутирана форма, е „клучен во репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират“, соопштија од организацијата.
„Нашата табелтка за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпании, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите кои ги превезуваат клетките на ракот.Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморот во клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.
Таблетката се покажала како ефикасна во третманот на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.Студијата е објавена во списанието „Cell Chemical Biology“