Во однос на прашањето како се снаоѓал на проектот „Фчерашни новисти“ со оглед дека досега немал слично искуство, Лешоски одговори дека научил многу работи.

   

„Многу работи научив, многу пријателства стекнав. И она што го знаев уште пред да почне целата таа приказна ми се потврди само, тоа е дека многу полесно можеш човек да го насолзиш, да го натера да почувствува нешто, ама од срце да го насмееш е многу тешко. Од тој аспект го научив оној цитат на Фицџералд, „дај ми човек и ќе ти напишам трагедија“ посочи Лешоски.Тој смета дека да насмееш 90% од популација, по примерот на К-15, е многу тешко. „Сите имаме некакви проблеми, маки и предизвици, и многу е потешко со  насмевка и позитивно да поминуваш низ нив отколку да плачеш“, заклучи Лешоски.