Министер од либанската влада го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „води регионална војна“ во Либан за „да си го спаси вратот“.Министерот за животна средина Насер Јасин во изјава за „Sky News“ вели дека Либан нема да го „трпи“ истото ниво на агресија со кое се соочува Газа.Говорејќи во Бејрут во петокот, Јасин додаде дека неговата земја ја засилува својата подготвеност за повеќе напади од Израел.
Либанската милитантна група Хезболах употреби десетици беспилотни летала за да го нападне Израел во последните месеци.Додека Израел изгради системи за противвоздушна одбрана, вклучувајќи ги Железната купола и Давидовата прашка за заштита од ракетниот арсенал на Хезболах, помалку се фокусираше на заканата од дронови.