Првично бил осуден на 1.075 години затвор, но апелациониот суд нареди повторно судење, а во новото судење биле обвинети уште 215 лица.
На десет им биле изречени идентични казни од 8.658 години затвор, а на повеќето други им беа изречени помали казни.Октар и стотици негови следбеници билњ уапсени во 2018 година под голем број обвиненија, вклучително и водење криминална организација, даночни прекршувања, сексуална злоупотреба и тероризам. Во моментот на апсењето, тој им кажа на новинарите дека обвинувањата против него се „лажни“ и „игра што ја води британската длабока држава“, тема за која често зборувал.
Во јануари минатата година тој беше осуден по 10 обвиненија, меѓу кои и водење на криминална група, ангажирање во политичка и воена шпионажа, сексуална злоупотреба на малолетници, силување, уцена и тортура. Во тоа време, тој бил обвинет и за наводни врски со Фетула Ѓулен, кого турската влада го обвинува за организирање на неуспешниот воен удар во 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а повеќе од 2.000 беа повредени. Апелациониот суд ја укина таа пресуда и на повторното судење Октар доби осум пати поголема казна.